логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ


“Учителе, го доведов при Тебе син ми кој многу страда и има големи болки...“ (Марко 9:17-31)
Денешното четиво од Светото Евангелие, дарги браќа и сестри, ни зборува за еден родител кој барајќи помош за своето чедо го донесе кај Господа Исуса Христа. Имено, веднаш после преображението Господ Исус Христос со учениците се најде на едно место каде што имаше многу народ. Пристапи кон Христа еден човек и Му рече: “Учителе, го доведов кај Тебе син ми кој многу страда и има големи болки, ако можеш помогни му...“ (Марко 9:17-18).

Ние денес ќе се задржиме на овие зборови: “го донесов син ми кај Тебе“. Овие зборови се однесуваат за децата но и за родителите истовремено. Затоа ќе речеме дека денешното свето Евангелие ни зборува како за децата така и за родителите. Темата е современа оти и денес децата се изложени на разни опасности и искушенија. Наша обврска како родители е да се грижиме за нив да ги заштитиме и да им помогнеме.

Дали Црквата се грижи за децата? Или, дали Црквата има право да зборува за децата? Секако дека има. Што е Црквата? Најпрво ќе речеме дека таа е најголемата Мајка за христијаните која ни овозможува духовно преродување, духовно не храни и ги упатува верните кон вечното спасение. Св. Василие Велики вели: “Црквата е Мајка на сите, Мајка над сите Мајки. Таа е најдобрата негователка на христијанската душа“. Како го прави сето тоа Црквата? Утробата на Црквата е како света крстилница каде ние се препородуваме, се обновуваме и се подмладуваме и преку неа доаѓаме во светот на вистинскиот живот. Црквата е негователка за христијаните која ги храни со Светата Причест. Телото и Крвта Христова – Светата Причест што ја добиваме во Црквата е спасителна храна за христијаните денес исто како што тоа некогаш беше маната за еврејскиот народ во пустињата. Светата Причест е божествена храна која останува вечно. Божјиот збор што го слушаме во Црквата е “жива вода“ ( Јов. 4:14) која доаѓа од Светиот Дух која ги наводнува душите на луѓето. Таа е нежна, љубезна и чувствителна мајка која ги облекува, стоплува и сака, болните, необлеченит?µ и залутаните по погрешен пат.

Но пред да дојде детето во Црквата тоа најпрво оди кај родителите. Децата се дар Божји. Затоа и одговорноста на родителите е уште поголема. Ако нешто им е дадено или доверено од Бога на родителите тие треба многу да внимаваат како ќе се однесуваат кој тој дар Божји. Кога некој ќе ни подари нешто ние не само што се радуваме, туку и со внимание го чуваме и пазиме. Ако така се однесуваме кон обичните предмети тогаш уште повеќе треба да посветуваме внимание на Божјиот дар – децата. Децата не се како животните. Животните за неколку часови или денови од раѓањето веќе се способни да опстојуваат и да се борат сами во животот. Тие облечени и оспособени за живот доаѓаат во светот. Додека, пак, детето кога ќе се роди неопходна му е посебна нега. Најпрво неопходна е негата на мајката, потоа на таткото и на двајцата додека тоа се оспособи и осамостои и самото да опстојува во животот. Животните не мислат за иднината и затоа не ја сваќаат смислата на смртта. Додека, пак, човекот има разум (душа) и мисли. Човекот го знае минатото и врз основа на тоа ја гради иднината. Човекот гледа многу подалеку во небесата – во вечниот живот.

Секој родител е среќен кога децата му се здрави и телесно јаки затоа што родителите се изворот на нивното здравје и нивниот напредок и прогрес. Светои Григориј Ниски вели: “Од семејното огниште човекот зема и го носи огинот на светоста, и домот е фабрика (или продавница) на добродетелите“. Свети апостол Павле обраќајќи им са на христијаните во Коринт вели: “Вие сте Божја нива, Божјо здание“ (1 Кор. 3:9). Ако христијаните се Божјата зграда тогаш младите, децата, се основата и темелите на зградата. Никој од архитектите или инжињерите не гради зграда на шуплива основа затоа што таа за скоро време ќе падне “а паѓањето ќе и биде страшно“ (Мат. 7:24 – 27). Основата и темелот на христијанската зграда треба да биде Господ Христос и тогаш никави ветришта неможат да ја срушат.

Родителите се најдобриот пример за воспитување на децата. Оти, секојдневниот живот ни кажува – она што го прават родителите, тоа ќе го прават и децата. Малите деца не можат многу да разберат од тоа што им се зборува, туку тие го примаат она што го гледаат. Затоа ќе речеме дека верата во Бога е најважната работа на што треба да ги учиме децата. И не е доволно само да ги учиме со зборови туку и со личен пример. Најпрво родителите треба да доаѓаат во црква и да се молат па заедно со нив да ги донесуваат и децата. Ако родителите не доаѓаат в црква тогаш како ќе дојдат децата!? Или ако родителите за време на службата наместо да престојуваат во храмот и активно да учествуваат во светата богослужба седат и се “надмудруваат“ во црковната сала, тогаш каков пример ќе им дадат на децата? Затоа не треба да ги учиме децата само на тоа како да бидат материјално богати, туку да имаат и добри особини и да се одликуваат со христијански добродетели и Богоугоден живот. А тоа ќе го научат преку Словото Божјо во Црквата.

После животот во семејството децата доаѓаат во Црквата. Можеби ќе приметите во периодот на животот и развојот на децата прескокнавме еден период - школото. Не сакам да ме разберете дека критикувам но факт е дека, како овде така и во нашата Татковина, децата денес во школите освен интелектуалната надградба не добиваат ништо од верското воспитанието или духовното образование. Учителите и старешините нивни немаат никаков “авторитет“ пред нив и тие можат да прават што сакаат и никој ништо не им може затоа што законот тоа им го дозволува. За разлика во наше време ние не само што имавме страв од учителот туку имавме и респект и почит. Се сеќавам кога дојдов овде, во првите години, во школите наставата започнуваше и завршуваше со молитва. Сега и тоа најосновно духовно знаење им е ускратено. Од таа причина улогата и одговорноста на родителите и Црквата околу веското образование и духовното воспитување на децата е поголема.

Што направи родителот од денешното Евангелие? – го донесе детето пред Господа Исуса Христа. И денешните родители треба да го прават истото – да ги доведуваат децата кај Бога во Црквата. Црквата е бесплатната воспитувачка и вистинска клиника и санаториум. Тоа ќе се случи кога децата ќе доаѓаат во Црквата ќе ја доживеат верата на свој начин и духовно ќе се изменат и ќе живеат живот кој ќе ги однесе во прегратките на Севишниот Бог. Црквата е извор на Божјата благодат која се добива преку светите тајни. Затоа оние родители кои ги донесуваат децата во Црквата се благословени затоа што децата од мали се учат да го разликуваат доброто од лошото, Богоугодното од злото. И наместо да ги носиме децата по разни забави или други активности, како: хокеј, фудбал, бејз-бол и слично, донесувајте ги во Црквата. Ние имаме услови преку неделното училиште за веронаука да се научат на основните вистини на Православната вера. Дојдете и придружете ни се. Ве очекуваме. Амин

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3131
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/11/2024 - понеделник

Преподобните маченици Галактион и Епистима; Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог; Свети Јона, архиепископ Новгородски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная