логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ЧудCrkva.ptici1b.jpgно е што човековата мисла, а особено теолошката мисла, никогаш не се задржала на психологијата на Бога. Веројатно размислувањето за тоа се сметало за недоволно побожно. Во традиционалните теолошки конструкции најнејасна останува психологијата на Бога. Теологијата секогаш била градена од аспект на психологијата на човекот. Теологијата, во суштина, секогаш била многу повеќе антропоцентрична, одошто теоцентрична, а таква била најмногу во монархистичката концепција за Бог. Може ли да се каже дека на Бога не Му е својствен никаков душевен живот, дена не Му се својствени никакви афективни или емоционални состојби? Статичкото поимање на Бога, како чист акт Кој во Себе нема потенција, Кој е самодоволен и на Кого ништо не Му треба, е философско, аристотеловско поимање на Бога, а не библиско поимање. Богот на Библијата, Богот на откровението, воопшто не е чист акт; во Него се разоткрива афективен и емоционален живот, драматика на секој живот, внатрешно движење, н тоа се открива егзотерички. Речиси е неверојатна ограниченоста на човековото гледиште за Бога. Постои страв на Бога да Му се припише внатрешен трагизам, кошто му е својствен на секој живот, динамика, тага по свои други, тага  поради човековото раѓање, но не постои ни најмал страв кога Му се припишува гнев, љубомора, одмазда и други афективни состојби коишто кај човекот се сметаат за непожелни. Постои длабок јаз меѓу сфаќањето на човековото совршенство и на Божественото совршенство. Вообразеност, самодоволност, скаменето-неподвижна  гордост, барање за постојана потчинетост на другите – сè се тоа својства коишто христијанската вера ги смета за грешни и порочни, но совршено спокојно Му ги припишува на Бога. Се покажува дека не е можно да се следи Евангелскиот завет „бидете совршени како што е совршен вашиот небесен Отец“, и дека на човекот не му е дозволено да се споредува со Бога. Тоа што кај Бог се смета за знак на совршенство, кај човекот се смета за знак на несовршенство, за грев. Според принципот на апофатичката теологија, Бог, се разбира, не е добро, туку над-добро, не е совршенство, туку над-совршенство, не е битие, туку над-битие, не е нешто, туку ништо, и на Бога не можат да се однесуваат никакви наши поими. Ние за Бога можеме да размислуваме само символички и митолошки. И можна е символичка психологија на Бога. Таа не е неможна во однос на Божественото Ништо на апофатичката теологија, но е можна во однос на Бог-Творец на катафатичката теологија. И ете, на Бога-Творецот никако не може да Му се припишат вообразеност, самодоволност, деспотизам, како својства на Неговиот езотеричен живот. Подостојно е на Бога да Му се припише тага по саканиот, потреба за жртвено давање на Себе. Постои страв на Бога да Му се припише движење, зашто движењето укажува на недостаток, на потеба од она што го нема, на дополнување. Но, може исто така да се каже дека и неподвижноста е недостаток, отсуство на квалитетот на динамиката на едно битие, драматика на животот. Трагизмот во животот на Божеството не е показател на несовршенство, туку на совршенство на Божествениот живот, на Божествената мистерија. Христијанското откровение го претставува Бога во аспект на жртвена љубов, но жртвената љубов никако не зборува за самодоволност на Божествениот живот, таа зборува за потребата да се излезе во друг. Истовремено, невозможно е да се отфрли фактот дека христијанскиот Бог е, пред сè, Бог на жртвена љубов. Зашто, жртвата секогаш сведочи за трагедија. Драматичното движење и трагизмот се плод на полнота и на изобилство, а не на недостаток. Одрекувањето на трагиката на Божествениот живот е можно само ако се отстапи од Христос, од распнувањето и од крстот, од жртвата на Синот Божји. Таква е теологијата којашто не сака да знае за Божествената трагедија, теологија на апстрактен монотеизам. Апстрактен монархиски монотеизам, кој не сака да знае за внатрешната драматика на Божествениот живот, е очигледно мешање на апофатичката и катафатичката теологија. Невозможно е од Апсолутот, на Кого му припаѓаат совршена полнота и самдоволност, да се изведе создавање на светот. Создавањето на светот е движење во Бога, драмски настан во Божествениот живот. Во Апсолутниот, во Божественото Ништо, не може да се замисли движење кое за Апсолутното би го градело надворешниот поредок на битието, не може да се замисли ништо позитивно, туку само негативно. При поистоветувањето на Апсолутното од апофатичката теологија и Творецот од катафатичката теологија, се испоставува дека созданието, материјата е случајна, ништовна, непотребна, дека нема никаква врска со внатрешниот живот на Божеството, поради што, на крајот од краиштата, е бесмислена. Созданието има вредност и смисла само ако создавањето на светот се сфати како внатрешен момент на реалзација на Божествената Троичност во Апсолутното, како мистерија на љубовта и на слободата. За егзотеричната теологија внатрешниот живот на Божеството е затворен. Езотеричната, пак, теологија мора да ја признае трагедијата во Бога. Тоа е она што Ј. Беме го нареква теогониски процес. Тој се случува во вечноста и не означува раѓање на Бог Кој порано не постоел, туку Божествена мистерија, вечен езотеричен живот на Божеството, вечно Божјо раѓање од Ungrund.  

 

Подготви: д- р Драган Михајловиќ

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная