логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



ЗА ЛИЧНОСТА НА ЖЕНАТА ОД ПРАВОСЛАВЕН СВЕТОГЛЕД
 Да се биде жена не е мала задача уште од времето кога Бог ѝ рекол на Ева „со болки ќе раѓаш деца“ (Бит.3,16). Сè до минатиот век оваа улога на жената била доста јасна. Секое девојче растејќи точно знаело што од неа се бара во животот и морала да прифати сè што од неа се очекува иако тоа можеби и не ѝ се допаѓало.
 Во дваесеттиот век сè се изменило. Да се биде жена не било ни малку лесно, наспроти современите кујнски апарати и прилично сомнителниот престиж кој се нарекува „да се поседува сето тоа“. Светот ни дава многу можности кои се движат од една крајно конзервативна слика на преплашена жена која наликува на глушец кој живее во покорност на својот надмоќен сопруг, до жена која сака да ги достигне височините во својата професија или бизнис и не сака да биде спречувана во тоа со нешто како што се деца на пример. Како врв на сето ова ги слушаме и радикалните феминистички повици секоја жена да стане манифестација на „божица“ на земјата.
 Уште од дамнешните времиња постоело убедување дека жената по својата природа е немоќна и помалку вредна од мажот и поради тоа таа мора да му биде покорна на мажот. Таа потчинетост на жената која всушност е поврзана со нејзиното угнетување и страдање, посебно во последно време, допринела до појавување на многу заштитници на нејзината самостојност и независност. Денес почна да се докажува, понекогаш и на штета на автентичната женска природа дека жената во се е еднаква со мажот и како резултат на тоа, нејзината досегашна потчинетост мора да биде уништена како нешто што е остаток од варварските времиња.
 Православниот поглед на овој проблем се наоѓа некаде помеѓу овие два става. Тој од една страна ја признава потполната рамноправност помеѓу мажот и жената, но од друга страна не ја одрекува посебноста на нивната природа преку која се одредува различноста на нивните взаемни односи, нивната општествена положба и мисијата која ја имаат во животот.
 Учењето за физичките и психичките разлики кое всушност е дел и од православниот поглед за однесувањето на сопругот  и социјалната положба на жената, никако не служи како извор на деспотизам и предност на мажот, ниту пак е причина за потчинетост и обесправување на жената. Впрочем, во поглед на својата различност мажот и жената се битија кои не можат да се споредуваат. Она што му недостасува на едниот од нив воопшто не е повод да се намали неговото значење. Како што авторитетот на еден лекар не може да се наруши  со фактот дека тој нема развиен слух и глас, така на пример пејачот не може ни да се замисли без сето тоа. Поетот никој нема да го воздигнува над математичарот затоа што тој има богата фантазија која математичарот ја нема. Сето ова може да се каже и за мажот и жената. Се работи за битија кои се сосема различни и поларно спротивни и кога понекогаш едниот го надминува другиот и кога едниот е понемоќен од другиот, сепак тие и покрај овие разлики, постојано остануваат рамноправни во човечките особини, квалитети и права. Токму на ова почива целокупниот интерес и разумност на брачниот сојуз кој не претставува само животински полов нагон туку и духовно соединување.
Еве како изгледа христијанскиот однос на мажот кон жената. Бидејќи ја засакал искрено од сè срце, мажот прави сè за да ја издигне; во неговите односи кон неа не може да стане ни збор за насилство и понижување. Жената е покревка од мажот и таа слабост за еден маж христијанин служи како еден поттик да ѝ помогне, поддржи и заштити и тој никако не може да замисли оваа нејзина слабост да ја употреби како повод за било какво угнетување. Тој се труди да ги задоволи сите нејзини физички и духовни потреби. Сите дури и најмалите недостатоци на жената, кај него предизвикуваат загриженост и самопожртвуваност. Св. Јован Златоуст вели: „Каква и да е твојата невеста, таа ќе биде исто што е Црквата за Христос; колку и да се разликува од тебе, нема да биде онолку различна колку што Црквата се разликувала од Христа. И покрај се, Христос од неа не се гнасел, ниту ја замразил поради нејзината непристојност“. Значи, љубовта на мажот кон жената не може да се спореди со љубовта на Христа кон Црквата; за мажот е многу полесно да ја сака жената. Секако и врз основа на други размислувања, може да се покаже дека љубовта на мажот кон жената е сосема лесна и природна. Во однос на мажот, жената не е нешто надворешно, нешто што е случајно поврзано со него, што би требало да се соедини на некаков надворешен, вештачки начин. Не, таа е природно внатрешно поврзана со мажот, таа е негово сопствено тело. Оттука, да не се сака сопствената жена значи да не се сака самиот себе си, а тоа е потполно неприродно. Нашата природа налага секој да се грижи за себе, да го храни сопственото тело, како што Христос постапувал кон Црквата која ја сочинуваме ние, органите на неговото тело. Што друго можат да знаат мажот и жената еден за друг секој во својот свет кој е заеднички, но сепак бескрајно оддалечен со секојдневните обврски? Толку неверојатна изгледа денес заедницата на Адам и Ева во рајот, заедница која е всушност праслика на нашиот копнеж. Изгледа дека секој наш обид да љубиме е обид повторно да се врати нашата невиност и хармонија во потполното и мирно соединување со другото битие. Токму поради тоа сметам дека православното семејството би требало да биде рамка според која и жената во современото општество во кое се соочува со разни искушенија би требало да се раководи (прашањето за мајчинството, љубовта, служењето на ближните) за да ги одбегне замките на оддалечување од нејзината вистинска природа која е безвременска.
Едно од тие искушенија е тоа што во денешното општество губењето на телесната сила и убавината на жената се смета за грев. Збунета од расчекорот помеѓу нејзината душа која е млада и полна со убавина и телото кое старее, жената се обидува на секој начин да ја задржи младоста. Целокупната индустрија денес се залага жената да ја конзервираат во своите сјајни триесетти години. Според православниот светоглед, здравјето, убавината, силата можат да се сочуваат со добар живот кој подразбира физичка активност, умерена исхрана, пост  и молитва. Тој начин на живот доведува до правилна работа на внатрешните органи, јакнење на мускулите, чување на зглобовите и одржување на мозочната активност. Наместо тоа жената денес прави „непотребни“ физички вежби, се изложува на витамински и хормонски терапии кои помагаат да се зацврсти мускулната маса како само таа да го придвижува човечкото тело. Силната индустрија на женски списанија и телевизиски филмови се обидуваат да ја убедат жената да ја сака само телесната љубов и дека единствено само парите можат да направат да се остварат сите соништа. Но таа индустрија молчи за тоа дека за жената со тек на годините не ѝ се потребни таков вид на задоволства. Жената во зрелите години е способна за поинакви нешта и таа не може да најде мир и радост во нешто кое не ѝ доликува. Како одминуваат годините, секоја жена би сакала да биде пример за своето поколение, да ги собере своите мисли и чувства за така во тишина да ја почувствува Божјата големина и добрина и своето срце да го препушти на Неговата милост.
На крајот од овој текст накратко би сакал да се навратам на еден мал момент од нашето општество, но сепак значаен за да се фрли малку православна светлина и врз него. Се работи за низата наметнати празници кои немаат баш никаква врска со нашата христијанска традиција, на пример празникот „8 Март“. Во социјалистичкиот вакум- период каде што се инсистираше да се избрише насушната потреба на човекот за Бога, а бидејќи човекот е битие кое има потреба Некого да слави, се воведоа голем број на празници за да се задоволи и таа потреба на човекот. Корените на овој празник се и повеќе од интересни и во потполност не упатуваат на смислата и содржината на истото. Празникот е востановен на конференцијата на Социјалистичката интернационала во Копенхаген 1910 г. Иницијатор и инспиратор е Клара Цеткин близок соработник на Маркс и Енгелс која меѓу другото се залагала за правото на развод на брак, „слободна љубов“ и прекин на бременоста. Значи од една страна оддаваме почит на Клара Цеткин и слични на неа, а од друга страна  ја имаме Неделата на Мироносиците,  потоа Светите маченички  Вивија, Перпетуа и Фелицитата, Светата првомаченичка Текла, Преподобната маченичка Евдокија и уште многу други благочестиви и богоугодни жени кои посведочиле каква е улогата и задачата на православната жена. Можеби подарувањето цвеќе на жените е убава традиција за овие празници, меѓутоа празнувањата на кој било ден посветен на жената треба да биде во христијански дух, достоинствено на нејзиниот лик. Само така правилно ќе се сфати нејзината улога, како правилно да ги користи нејзините дарови и така нејзиниот живот нема да скршне од Патот по кој секој човек треба да чекори.

(за изработка на овој текст е користена книгата „Жена у Цркви“- Светигора)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3132
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7607
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/11/2024 - понеделник

Преподобните маченици Галактион и Епистима; Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог; Свети Јона, архиепископ Новгородски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная