На 7-ми август, Атинскиот Архиепископ Христодул, кој треба да отпатува за Мајами заради трансплантација на црниот дроб, потпиша договор со министерот за економија на Грција, Георгиос Алогоскуфис, за годинешната државна помош кон Православната Црква во Грција. Точната сума, со која државата ќе ја потпомогне социјалната и културната дејност на Црквата е 30 571 917 евра.Во документот се вели, дека парите се одобрени за “Програмата на Атинската Архиепископија и св.Митрополија на Грчката Црква за реализирање на проекти за придонес кон националниот, социјалниот, економскиот и културниот развој на регионот“. Во програмата е предвидена изградба на конгресни центри, домови за стари лица, опремување на старечки домови, детски домови, училишта.
Посети: {moshits}