логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  pavelvelikanov

Вториот ден од конференцијата „Дигиталните медиуми и православната пастирска грижа“ започна со разработувањето на темата, како виртуелниот живот влијае на умот и срцето на човекот.

Како да се вклучиш на интернет, и да останеш човек

Thermos_OK-200x200

Протоиереј Василиј Фермос

 

Дигиталните технологии и сајбер просторот станаа сериозно искушение за човечката личност, поставувајќи ги под удар таквите квалитети дадени од Бога, како слободата, љубовта и способноста за комуникација, смета грчкиот психолог протоереј Василиј Термос. Според него, интернет-дружењето го заменува реалното дружење, интернет-искуството  – вистинското искуство. Така, човек може да се изгуби во виртуелниот свет, да ја загуби способноста да има вистински другари.

Интернетот предлага огромно количество занимации, задоволување на сопствените потреби, така што човекот се заглавува во својот егоизам, ја губи способноста да љуби, вели отец Василиј. „Неговата природна состојба – е во Интернетот. Љубовта преминува во пауза меѓу моментите на вклученоста во мрежата“, – со сожалување истакна говорникот.

Во продолжение на разговорот, познатиот патролог, професорот Жан-Клод Ларше (Франција) изрази загриженост за тоа, што во во интернет комуникациите доминира комуникацијата под псевдоними. Тој потцрта дека анонимноста прекумерно раслабува, „дозволува на сите да ги искажат своите мислења во било која област, дури и луѓето да не се компетентни и да немаат признаен авторитет“, а исто така „го потпомага внесувањето на страстите: гордост, суета, осудување на другите, агресија во сите форми, непочитување, презир и т.н.“.

 

JC_Larchet21-230x200

Жан-Клод Ларше

Оттука, според Ларше, излегува и проблемот на „тролање“. Професорот вели дека е неопходно, православните форуми и блогови да примат етички кодекс, кој би барал сите учесници да се изјаснуваат во своето вистинско лице, и пример за тоа треба да дадат амдинистраторите на сајтовите.

 

Аспирант на факултетот за новинарство МГУ „М. В. Ломоносов“, Олга Богданова, анализирајќи го популарниот интернет жанр – прашања до свештеникот, забележа, дека анонимноста во Интернетот може да биде и полезна. Таа дозволува да се преоддолее срамот, внатрешната бариера при комуникација со свештениците, вели Богданова. „Виртуалниот простор им е посвојствен на луѓето, во него тие се чувствуваат послободно и поудобно. Кон свештеникот, а и кон секој човек, полесно им е да се обраѓаат виртуелно“, – појаснува таа.

Освен тоа, виртуелниот простор дозволува „безопасно да пробате нешто ново“, но тоа има и негативна страна. „Ситуацијата на влегувањето во црковниот живот може да остане лишена од тој момент на личен и меѓучилносен однос, кој ѝ бил својствен од почетокот, во сите векови на постоење на Православната Црква“ – рече таа. Олга Богданова забележа, дека комуникацијата со свештениците во сајбер просторот може да биде само изнудено надополнување, или пролог на реалното духовно воспитување.

Како да се влезе во дигиталната библиотека?

dimitriados_ignatios1

Митрополит Димитриадский Игнатий

Голем дел од излагањата беа посветени на едукативните можности на Интернетот. Така, митрополитот Димитриадски Игнатиј, раскажа за електронските библиотеки на пример на библиотеката на Богословската Академија во Волос. „Црквата има потреба во тоа, да започне плодотворен дијалог со современиот дигитален свет… Црквата треба да ги искористи сите можни историски средства, меѓу нив и дигиталната технологија за актуелизација на Словото Божјо“, – изјави владиката. Кон позитивната страна на дигиталната библиотека тој ја нагласи деноноќната пристапност, можноста на истовременски пристап на повеќе корисници на една и иста информација.

Но, може да се отиде понатаму и да се искористи Интернетот како платформа за полноцена едукација. Таквиот опит го сподели архимандритот Јаков Халип (Ливан). Од 2004 година, Богословскиот Институт на св. Јован Дамаскин, каде предава отец Јаков започна да користи програми на електронско образование, за да дојде до луѓето, кои сакаат да го изучуваат богословието во сите краеви на земјината топка. Пуштени се програми на неколку јазици, меѓу кои и на арабски, и до 2015 година во нив учествуваат веќе околу 300 студенти.

sagada2-061013-241-174x200

Архимандрит Иаков Халил

Темата со која настапи протоерејот Михаил Нажим од Лос Анџелес (Антиохиска Патријаршија) беше амбициозниот проект на создавање на мрежа општоправославни богословски школи, развивањето на општоправославни дипломи, создавањето на нови насоки во знаењето во Интернетот, поврзани со тие програми – на пример, обучување на студентите со користење на Интернет-форуми во рамките на својата пастирска дејност. Авторите на проектите сметаат за тоа да се најде посебно финансирање, за во програмите да можат да примат учество студенти од најбедните земји во светот.

 

Како да бидеш православен, кога си сам?

poios-einai-avtos_OK

Клод Лопес-Гинисти

Друг аспект на мисија, откри преведувачот Клод Лопес-Гинисти (Швајцарија), кој го сподели својот личен опит на водење на православен блог во неправославна јазична средина. Клод го создал својот прв блог во 2007 година, кога информации за Православието на француски јазик имало многу малку. Тој започнал да пишува за православни франкофони, кои живеат, како и тој,  далеку од крупните градови, во кои има православни парохии и браќа по вера.

Без оглед на тоа што содржината на блогот била предвидена на тесен аудиториум и многу конзервативен – преводи на житија, фрагменти од духовна литература – сега него го читаат до две илјади луѓе неделно. Подоцна се појавиле и други блогови: за грузиските светители, толкување на Светото Писмо, литургика, Лопес-Гинисти принципиелно не пишува за себе и не остава можност за коментирање, иако со читателите комуницира по електронска пошта (емаил). Сите негови блогови се доволно популарни по локални мерки, што докажува, колкава е потребата на духовни четива таму, каде Православието не претставува традиционална религија.

45768-1

Епископ Эдесский, Роман (Дауд)

Епископот Едесски Роман од Бразилија (Антиохиска Црква) исто така забележа дека Интернетот е многу потребен во неправославните земји. „Дејноста на нашата интернет- страница имаше голем успех, особено во услови на војната на Блискиот Исток… Така се формира свеста на нашите парохијани. Тие знаат, дека имаат браќа во Христос. Не можам да ви опишам колку брзо изреагираа и материјално, и духовно нашите верници на прашањето за Блискиот Исток“, – потцрта владиката Роман.

 

Православниот интернет како средство за дерадикализација

Во фокусот на вниманието на доктор Марија Алвану (Грција) се најде радикализацијата на општеството која се пројавува на Интернет и е тесно поврзана со насилство. „Многу често економските, финансиските и другите проблеми создаваат почва за тоа, луѓето да станат порадикални“. – забележа таа.

blog-11

Др. Мария Алвану

Според зборовите на Марија Алвану, оние кои применуваат насилство, не се премногу. Повеќето, кои стануваат „кислород“ за таквите појави, – се оние, кои го трпат злото, и молчејќи го одобруваат. „Тие се рамнодушни кон тоа, сметаат дека тоа не ги засега нив лично. Така, ние во Интернетот имаме мноштво материјали на директна или споредна пропаганда“ – забележа таа.

Таа исто така кажа, дека постојат одредени блогови, платформи и четови, каде што се случува еден вид „регрутирање“ во редовите на радикалните групи. „Борбата со екстремизмот на Интернет, денес е поактуелна од секогаш. Ефективни се не само финансиските инструменти. Многу е важно преку Интернет да се пренесе учењето на Црквата, – заклучи Алвану. – Тоа може да биде искористено за дерадикализација, затоа што ние застапуваме такви принципи како мир, свештеност на животот, вредност на секој човек, независност од бојата на кожата или религијата“.

 

Извор: http://www.pravmir.ru/internet-dlya-obucheniya-i-protiv-radikalizma/#ixzz3a0MP8RNv

Поврзано: Меѓународна конференција посветена на дигиталните медиуми



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3118
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная