На 24 декември минатата година Неговото Преосвештенство, Епископот на Бразавил и Габон г. Пантелејмон (Александриска Патријаршија) покрстил четириесет и двајца новопросветлени Конгоанци од различни возрасти. Новопокрстените припаѓаат на три парохии во Поинт-Ноар, а крштевката била изведена во катедралната црква на св. Димитриј којашто е во изградба. Обраќајќи се пред новопокрстените браќа и сестри, владиката го објаснил богословското значење на крштението и ја изразил радоста на Црквата поради нивното пристапување во неа, повикувајќи ги да бидат верни, побожни и чесни членови.
Извор: Кумановско- осоговска епархија