Светиот кинот, светогорското управно тело, упатил отворено писмо до деканот на Богословскиот факултет на Аристотеловиот Универзитет во Солун, по повод отворањето на Одделот за исламски студии на Богословскиот факултет. Во писмото, отците од Света Гора ја изразуваат нивната „запрепастеност и огорченост“, и „во духот на љубовта и одговорноста пред историјата и идните генерации“, повикуваат на тревога.
Имено, Светиот кинот смета дека иницијативата за изучување на исламот во склоп на Богословскиот факултет кој првобитно е ориентиран исклучиво на православното Предание, „претставува сериозна грешка и очигледно е во спротивност со учењето на светите Отци… Овој чекор е насочен против богословието и против самата православна Црква.“
Писмото, потпишано од претставници на сите светогорски манастири, било испратено до грчкиот Министер за образование и вера, до деканот на Богословскиот факултет, како и до професорите на Аристотеловиот Универзитет.
Претходно, монасите од манастирот Каракала исто така испратиле слично писмо, во кое реторички се запрашале „Како може на еден ист факултет да се предава и Евангелието и Куранот?“ Според овие отци, ваквите одлуки на државните власти „водат кон измени на верските чувства и губење на културниот и национален идентитет“, а особено е неблагодарно што истите се носат во време кога „нашите христијански браќа и сестри во Сирија и другите земји од Блискиот исток доживуваат сурови прогонства од страна на исламистите.“
Извор: Православие.ру