Делегација на РПЦ-МП учествуваше во работата на Руско-иранската комисија за дијалог „Православие – Ислам“
На 25 и 26 август годинава во Техеран се одржа деветтото по ред заседавање на Заедничката руско-иранска комисија за православно-исламски дијалог посветено на темата „Значење на меѓусебното разбирање меѓу Исламот и Православието“, во кое учество зеде делегација на Руската православна црква – Московска патријаршија, предводена од Архиепископот Пјатигорски и Черкески г. Теофилакт. Делегацијата ја посети Амбасадата на Руската Федерација. Истиот ден, беше отслужена Божествена Литургија во црквата на св. Никола во Техеран, со што се одбележа 70-годишнината од осветување на темелите на овој храм, на која присуствуваа членовите на руската Амбасада и бројни парохјани, потомци на руската емиграција во оваа земја.
На заседавањето на Комисијата беше прочитано и поздравното слово од Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил, во кое, меѓу другото, се вели:
- Денес настанува сè поголема радикализација на свеста на човекот, со што се создава сериозна закана за мирот во светот. Во различни краеви на нашата планета се распламтуваат војни пожари, се пролева крвта на мирното, и за ништо виновно население, милиони луѓе остануваат без покрив на главата и средства за живот, па се наоѓаат во услови на хуманитарна катастрофа. Од друга страна, го забележуваме порастот на верски-мотивираниот екстремизам чии жртви се и Христијани и Муслимани, како и припадници на другите религии. Истовремено, религијата се зафрла на маргините од општествениот живот во повеќето држави во светот и се пропагира природен релативизам.
Извор: Московска Патријаршија
Извор; Кумановско- осоговска епархија