Штом човек отфрли од себе секаква видлива помош и секаква човечка надеж, па со вера и со чисто срце појде по Бога, веднаш потоа следи Божјата благодат дофрлувај ќи му ја својата сила и помагајќи му на најразлични начини.
Најнапред му се јавува во ова видливо и опипливо тело, давајќи му ја својата помош со промислата за него, за да може и во сето тоа да ја почувствува силата на Божјата промисла. Откако ќе се увери во оваа помош во она што е видливо, за да може уште посилно да ја почувствува силата на Божјата промисла и во она што е невидлово, тогаш Божјата благодат му помага и му открива да ги сфати и најтешките мисли и помисли и лесно може да ги сфати нивнита смисла и нивното значење, нивната взаемна врска, нивната измамливост, и тоа како се раѓаат една од друга, како и тоа како ја погубуваат нивната душа. Во исто врме Божјата благодат пред неговите очи ги посрамува злобните демони и како со прст му укажува се’ што би пртрпел од нив, кога не би му биле откриени тие работи. Тогаш во него се раѓа мислата, дека секоја работа, и мала и голема, треба во молитва да ја испросува за себе од својот Создател.
КОГА БОЖЈАТА БЛАГОДАТ ЈА УТВРДУВА ВО НЕГО МИСЛАТА, ДЕКА ВО СЕ’ ТРЕБА ДА СЕ НАДЕВА НА БОГА, ТОГАШ ПОЧНУВА ПОСТЕПЕНО ДА НАВЛЕГУВА ВО ИСКУШЕНИЈА. И БЛАГОДАТТА ДОПУШТА ИСКУШЕНИЈАТА ДА ГО НАПАЃААТ, НО ТИЕ НИКОГАШ НЕ ГИ НАДМИНУВААТ НЕГОВИТЕ СИЛИ, ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРОТИВСТАВУВА НА НИВНТА СИЛА. НО И ВО ОВИЕ ИСКИШЕНИЈА ТОЈ МОЖЕ ДА ЈА ЧУВСТВУВА БОЖЈАТА ПОМОШ КАКО МУ СЕ ПРИБЛИЖУВА, ЗА ДА МОЖЕ ПОСТЕПЕНО ДА ДОБИЕ МУДРОСТ И, НАДЕВАЈЌИ СЕ НА БОГА, ДА МОЖЕ ДА ГИ ПРЕЗИРА СВОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ. ЗАШТО – ЗА ДА СТЕКНЕ ЧОВЕКОТ МУДРОСТ ВО ДУХОВНИТЕ БОРБИ, ДА ГО ПОЗНАЕ СВОЈОТ ПРОМИСЛИТЕЛ, ДА ГО ЧУВСТВУВА СВОЈОТ БОГ И ТАИНСТВЕНО ДА СЕ УТВРДИ ВО ВЕРАТА ВО НЕГО, НЕ Е МОЖНО ИНАКУ, ОСВЕН САМО ПО ПРЕТРПУВАЊЕТО НА СИТЕ ДЕМОНСКИ ИСКУШЕНИЈА И НАПАДИ.
Штом Божјата благодат забележи, дека во човековата помисла почнало да се појавува сомневање и дека почнал тој високо да мисли за себеси, веднаш допушта да се засилат искушенијата против него; тие продолжуваат да го напаѓаат се’ додека не почне да ја сознава својата немоќ и одново во своето смирение не се доближи до Бога. Не вчудоневидувај се дека тогаш, кога ќе пристапиш кон дбродетелта, отсекаде почнуваат да те напаѓаат жестоки и силни измачувања, зашто и добродетелта не се смета за добродетел, ако не биде придружувана од тешкотии и маки. Затоа и преподобниот отец Јован Колов рекол: „Добродетелите обично биваат среќавани од тешкотии; тие се недостојни за пофалба, ако се поврзани со спокој“. И блажениот Марко вели: „Секоја совршена добродетел се именува крст, тогаш кога ја исполнува заповедта на Духот“. Такво е и апостолскот учење, дека „сите што сакаат да живет побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети“ (2. Тим. 3.12), а и нашиот Господ Исус Христос вели: „Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде“ (Мат. 16.25). Затоа Он ни го предлага најнапред крстот, за да се одредиме пред се за крстот и потоа да ја испратиме нашата душа да оди по Него.
Ништо не е посилно од очајанието. Тоа не знае некој да го победил со добро или со лошо. Кога човек во мислата своја го лиши својот живот од надежта, тогаш нема пострашно од него. Никој од неговите непријатели не може да му се противстави; ништо не е во состојба да ја победи неговата мудрост, зашто секое страдање е полесно од смртта, а очанниот ја наведнал својата глава, за да ја прими смртта.
НАДЕЖТА ЗА СПОКОЈОТ ВО ТЕКОТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА ГИ ТЕРАЛА ЛУЃЕТО ДА ГО ЗАБОРАВААТ ОНА ШТО Е ГОЛЕМО И ДОБРО, ДА ГИ ЗАБОРАВААТ И ДОБРОДЕТЕЛИТЕ. И ПРЕД НАС И ДОСЕГА, НЕ ОД НЕШТО ДРУГО, НО ТОКМУ ОД ТОА СТРАДААТ ЛУЃЕТО, И НЕ САМО ШТО НЕ СТАНУВААТ ПОБЕДНИЦИ, ТУКУ СЕ ЛИШУВААТ И ОД НАЈУБАВОТО. ЗАТОА ЌЕ КАЖЕМЕ НАКУСО, ДЕКА, АКО ЧОВЕК НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ЦАРСТВОВО НЕБЕСНО, ТОА ГО ПРАВИ ЗАТОА ШТО БАРА РАДОСТИ И СПОКОЈ ОВДЕ НА ЗЕМЈАВА. КОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА И ПТИЦИТЕ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ ДО РАСПНАТИТЕ СТАПИЦИ, ИМАЈЌИ ГИ ПРЕДВИД УЖИВАЊАТА?
Извор: http://www.prohor.org/blagodatta-dopusta-iskusenijata/