логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Krst.slika.jpg

Неколку интересни случки од детството  и неколку содржајни поуки од овој светител.

УЧЕНИК

„Кога наполнив 6 години, татко ми ми купи буквар. Но науката никако не ми се откриваше и јас бев многу тажен, зашто бев неразвиен и никако не ми одеше. Не можев да разберам каква е врската помеѓу зборовите и звукот. Во тоа време предавањето не беше такво, какво што е сега (се работи за годината 1835 – заб. на прев.).Не` учеа словенската азбука да  ја учиме напамет:„аз”, „буки“, „веди”, итн. И тогаш „аз” е посебно и „а“ – посебно. Таквата логика никако не можев да ја разберам”.

Кога наполнил 10 години, малечкиот Јован, стапил во тогаш единственото келијно училиште во целата област, во градот Архангелск. „Далеку од родното село и од домашните, останав без секаква помош во учењето и требаше сам да се снаоѓам и да си ја удирам главата. Ја согледував и ја чувствував својата немоќ и им завидував на другарите. И тогаш, се сеќавам како денеска, еднаш, беше ноќ и сите беа заспале. Само мене не ми се спиеше. Јас се` уште ништо не разбирав, се`уште едвај можев да читам – и тоа само почетните букви, а од предадените лекции не паметев скоро ништо. Ме притисна тешка мака. Одеднаш, паднав на колена и горешто почнав да се молам на Бога, Кој, според зборовите на св. апостол Јаков, штедро им дава на сите (1,5). Долго ли сум останал така, не се сеќавам, но одеднаш како нешто да ме растресе...како некаква завеса да ми падна од очите, како да ми се отвори разумот. Во душата ми стана светло и јасно се сетив на лекцијата што ни ја беше предал учителот тој ден. Се сетив на се` што ми раскажа тој, едно по друго. Ми олесни на душата и ме обзеде радост. Никогаш не сум спиел толку слатко како таа ноќ. Штом се раздени, скокнав од постелата, ја зедов книгата и – о, среќа! – читам лесно и слободно, се` разбирам и чувствувам дека веднаш можам да го раскажам. На часот, учителот ми даде задача по математика, а јас ја решив толку добро, што ме пофалија.

Со еден збор, за кратко време толку напреднав, што престанав да се чувствувам последен меѓу учениците, а при крајот на годината станав дури и еден од првите.”

УЧИТЕЛ

„Што  сакаме да направиме од нашите деца? Дали учени луѓе кои знаат многу или се`? – Тоа воопшто не е доволно. Може многу да знаеш, може, како што се вели, и ѕвездите да ги симнуваш, да си многу учен човек, а во исто време да бидеш непримерен и штетен член на општеството. Зарем луѓето не се заразуваат на научна почва  со духот на негирањето на се` што е свето, на одрекувањето  на Бога, на божественото откровение, чудата, воскресението на мртвите и вечниот живот? Не е ли точно дека, во повеќето случаи, и, во учените глави се гнездат лажливите убедувања дека храмот и богослужењето, па дури и Евангелието со неговите чуда и морални правила, постојат само за простиот народ, но не и за учените луѓе, кои, божем, се занимавале со други поважни и поразумни работи? Тешко на нас, ако од нашите училишни установи почнат да излегуваат такви учени луѓе, со лажни сфачања и погледи за тие толку важни нешта.”

„Но, што сакаме ние да направиме од нашите деца? Дали полезни членови на општеството? Добро, но и тоа е малку. Зашто вистински полезни членови на општеството можат да бидат само тие што се воспитани во христијанскиот дух, само добрите синови на светата Православна Црква. Значи, ние треба да создадеме не само членови на општеството, туку и – а тоа е најважно и најнеопходно – добри христијани.”

„При образованието, крајно штетно е да се развива само разумот, умот, а срцето да се остава без внимание. Напротив, на срцето треба да му се даде поголема важност, срцето е животот, а тој живот е разурнат од гревот. Неопходно е во него да се запали  едно чисто пламенче на живот, така што тоа постојано да гори и со својата топлина и светлина да им дава насока на сите мисли, желби и стремежи на човекот низ целиот живот. Општеството токму затоа се растура, што му недостига ова христијанско воспитание на срцето.”

„Необразованоста, неразвиеноста на срцето е илјада пати полоша, отколку необразованоста на умот; зашто човекот со необразован ум е темен, нему човек треба му нисходи и да го жали, а учениот и образованиот, кога се предал на страсти и пороци, како злоба, гордост, презир, завист, угодување на стомакот, прејадување, пијанство, блуд и други страсти, и покрај своето големо знаење и познавањето на Божјата волја, е човек со закоравено срце, мртов за Бога, зашто тоа што го знаеме не го спроведува на дело, не ја исполнува Божјата волја и дури ја нарушува со уште поголема бестрашност и дрскост, за разлика од необразованиот.Зашто простотата на срцето, кротоста, незлобивоста, смирението, молчаливоста, трпението кај необразованиот човек се поскапоцени кај Бога од сите наши знаења, од сиот надворешен сјај, од сите научени изрази, од сите млаки учтивости, од сите долги молитви, од сите досетливи зборови; дури и самите гревови полесно се простуваат, како гревови од незнаење. Затоа, уважувај ги простите, коишто го имаат тоа што го немаат тие што божем образовани, т.е. ги имаат едноставноста, благочестивоста, трпението, незлобивоста, благочестивоста. Необразованите се деца во Христа, на кои Господ понекогаш им ги открива Своите тајни“.

„И досега, и покрај сите успеси на науките и уметноста, и покрај големата ризница на човечката мудрост, стариот и новиот човек не може самиот да си се воспита, зашто уште во почетокот ја отфрла Божјата педагогија. Кажете, кој друг, ако не Бог, треба да биде наш воспитувач? И сега и во изминатите времиња, своето умство и морално воспитување успешно го завршувале само оние луѓе, кои се раководеле од верата во Бога, живееле според Неговите заповеди, и кои и сега живеат според учењата на Евангелието и Црквата. Еве ви една корисна забелешка, г-да современеи педагози! Науки имаме многу, а дела малку, во главите на децата има многу, а во нивните срца малку, а често дури – ништо! Да ги знам сите тајни, штом љубов немам, ништо не ми користи (1.Кор. 13,2 и 3).”

„Значи, ние нашите ученици ќе ги поучуваме дека сите научни познанија имаат свој почеток во Бога и во Неговата вечна премудрост, како што душите Го имаат Господ Бога како своја праслика. Кој не` создал според својот образ и подобие. Потоа, дека одделните знаења за овој свет се потребни само овде на земјава, зашто со разурнувањето на овој свет  тие ќе се прекратат и во задгробниот живот нема да ни бидат потребни. Дека познавањето, на верата и Божјите заповеди, благочестивоста, добриот живот се неопходни за секој човек и овде и во идниот живот. Ние ќе ги учиме со сета душа и со сето срце да Го сакаат Господа и да се сакаат еден со друг и да не забораваат, како што денеска многумина забораваат и одрекуваат, дека зад границите на времето се наоѓа вечноста, дека зад границите на видливиот свет се наоѓа невидливиот и вечниот, кој е многу поубав од овој овде. Дека зад смртта и гробот се наоѓа бесмртниот живот и по чесниот труд овде на земјата и добриот христијански живот има вечно отпочнување и блаженство на небото кај Небесниот Отец”.

Преземено од: Православен пат
Подготви: Стојанка Тежак



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная