логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Grigorij.Bogoslov1.jpg

Свети Григориј Богослов

Животопис, творештво и карактеристики

Тој е големо светило на верата и благочестието, на првославието и поборништвото. Роден бил во малото гратче Арианз, близу градот Назианиз, околу 330 година. Рожба е на прочуен и благочестив дом -  потомок на богат и влијателен род. Татко му се викал исто така Григориј и на почетокот бил паганин, виден администратор, а подоцна станал и епископ на градот Низианзин. Мајка му се викала Нона и била класична христијанка и прекрасна мајка, ќерка на благочестивиот Филтат и сестра на прочуениот ретор Амфилохиј, татко на епископот свети Амфилохиј Иконски. Нона била учителка на својот сопруг во верата, како и воспитачка на своите деца – Григориј, Горгонија и Кесариј. Се прославила во христијанската агиологија.
Прво училиште на свети Григориј бил домот. Тука научил да чита и пишува и под раководство на својот татко и вујко, ги направил првите стапки на реториката, во која подоцна ќе се прослави по сиот свет. Подоцна, образованието го оформил во Кесарија Кападокиска, каде и се запознал со свети Василиј Велики. Оваа средба била промислена од Бога и тие по ова премногу се зближиле, како браќа во Христа. Григориј бил силен ум и најмногу се прочул по неговите текстoви за Света Троица, за што го добива и епитетoт- Богослов. Се докажал и како борец против богоборецот Јулијан Апостата, кого Григориј го нарекол зло за тронот, државата, верата и народот. Бил борец и против ереста на Аполинариј.

sv.Grigorij.Bogoslov1.jpg

Григориј бил ракоположен за епископ од страна на Василиј во 371 година во градот Сасим. За ова се вели дека го направил по послушание, а не по својата скромна волја. Градот бил собиралиште на скитници и злосторници, а материјално преживувал во тешка мизерија. Потоа оди во Цариград, на мисија. Тука ги изнел своите пет класични слова За богословието, а и непрестајно му принесувал служба на Бога. Ариевските еретици го клеветеле и беснееле поради неговата дејност и дури посегале по неговиот живот, фрлајќи камења по него кога се движел по улиците. Го сквернавале неговиот параклис и сл. Така, Григориј својата слава во Црквата ја заработувал со понижувања и болка. Бил кроток и смирен архипастир. Рекол: ,, Нека постанам јас пророк Јона, не сум виновен за бурата, но се жртвувам за спасението на коработ( мислејќи на Црквата). Земете ме и фрлете ме... Јас не се радував, кога се искачив на престолот, затоа сега, со задоволство слугувам на него,,. Вака, свети Григориј станал неповторлив пример за жртвеност на клирот за својот народ. Напуштајќи го гнездото на суетата и лицемерието, на лукавството и зависта, оди во Назијанзин и ја презема катедрата на својот татко. Тука ги негува богомудрието и осаменоста во молитвата. Се упокоил во 389 година. Неговиот живот бил потполно свет и беспрекорен, се прославил во говорништвото, пројавил чиста и совршена вера.  Тој е надарен поет, одличен мисионер, жртвен стилист и совршен човек. Од него се сочувани 45 проповеди, 508 стихозбирки и 243 писма во обемни два тома. Оваа духовна ризница и денес е прилика за Црквата.  Тој на ненадмилив начин ја објаснува тајната на Троичноста на Едниот Бог и по тоа ќе остане славен и запаметен до крајот на векот.

Извадок од книгата - Духовни бисери од Светите Отци

 

Подготви: Алек

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная