Татковци - бидете Татковци!
За теоријата на С. Фројд и воспитанието на нашите деца
Олег Владимирович Никифоров
Поминувајќи денес покрај книжарниците не може човек да не се радува. Колку многу би дале за возможноста да ги добиевме тие книги 10-15 години наназад. Се сеќавам, колку радост ми донесе купувањето во 1984 година во половната книжарница на Даугавпилс на еден том собраните дела на Ж. Пијаже. Денес на секој поединечно му се на располагање делата на З. Фројд, А. Фројд. Е. Берн, Т. Харис, Е. Фром, многу домашни и странски психолози, философи. Денес С. Фројд, повеќе од другите невозљубени од партиските и идеолошките цензори, цврсто го завзеде своето место на нашата полица за книги. За жал, стилот на изложување во неговите дела е доволно сложен и бара владеење како со психолошка, така и со психијатриска терминологија. Затоа вреди да се постават некои прашања за психосексуалното воспитание на детето и да се допрат тие аспекти, кои неопитниот читател тешко би ги разбрал.
Воспитанието на детето започнува уште од неговото раѓање. Сепак, во првите години на детето во голем степен се влијае оној дел од психата, која во делата на С. Фројд добил назив "ID" или "потсвесно". На возраст од 3 - 6 години доаѓа до формирање на основните црти на карактерот, барањето на себе, на своето место во системот на односи меѓу луѓето, осознавање на својот пол итн. Да се обидеме да проследиме, како тие процеси протекуваат во типичното современо семејство.
Во очите на детето водечка улога игра мајката. Бидејќи таа е тој човек, кој го доел, му менувал пелени, играл со него. Мама подготвува јадење за целото семејство, пере за сите, го средува домот, таа има многу кутии со прекрасни копченца, миризливи блескотни шишенца со парфем, таа мириса на тутун (иако не сите мајки пушат), и воопшто мама му посветува повеќе од сите! време на детето. Татко по цели денови го нема ( освен ако не е невработен), а навечер чита весник или гледа телевизија. Кој е во тој случај главен? Мама или тато? Се разбира, мама!
С. Фројд тврди, дека кај детето на млада возраст се појвуваат три потреби, кои ги раководат сите негови активности. Тоа е потребата за љубов, контрола и вклученоста во социумот. Овие потреби не можат потполно да се увидат преку детето и се пројавуваат само во нештата со кои е зафатено. Тоа во таа возраст е пољубовно, нежно во пројаувањето на своите чувства кон оние луѓе, кои ги љуби, многу силно ја доживува оцената на возрасните за своите постапки, искажувајќи цела гама на чувства од увереност во својата исклучителност и генијалност до тешка депресија, поврзана со недооценката од родителите, на пример, на неговите детски цртежи на ѕидот на дневната соба. Нему му е својствена често пати раздразителната опсесија на родителите со сопственото општество (особено, кога дома има гости) и непосредноста при обсудување на постапките на возрасните, нивното однесување.
Еве, веројатно, ситуација која им е позната на сите: семејството очекува гости. Мајката во кујната подготвува гоштевка, а тука некаде малецкото "ја испробува" својата нова количка, имитирајќи ги притоа сите звучни ефекти. Додека мајката е зафатена со шпоретот, малиот " ја товари" содржината на шеќерникот во задниот дел на колата и среќно се насмевнува, загледувајќи се во изуменото лице на мама." Што направи! Бегај од овде! Не ли гледаш дека сум зафатена! "итн. Малиот е принуден да се оддалечи, иако тука е многу интересно.Тој сaкаше да учествува и да има контрола од страна на "најважниот човек во семејството", очекуваше торжествени отклици на неговите: способности да ја вози количката но, него го избркаа надвор.
Во малото срце се сокрила мала навреда, тој оди во собата, каде што таткото чита весник "Сабота" или гледа телевизор. На детето му е потребно да се ослободи од чувството на навреда; тој се обидува да се умилкува, да се допре до обравчето кон татко му, кое е толку силен и умен но, на екранот на телевизорот завршува "рекламната пауза" и воопшто на тато не му се допаѓаат тие пројави на "преголема нежност", така што продолжува вообичаено "пушти ме, оди поиграј". Да! Ни учество, ни љубов! Со наведнат нос малиот скита по станот во потрага на неосознаеното задоволување. И нема ништо воодушевувачко што тој почнува да го бара таму, кај што не треба.
За детето родителите - се просто тато и мама, а не маж и жена. Но, доколку некој прави контрола, тоа е мама, доколку од некого - добие нежност и милувки, тоа е пак мама. Имено, со мама, со жена, е поврзано задволувањето во голема мера на водечките социјални ( ние не говориме за биолошките) потреби на детето. Затоа момчето, подражавајќи ги возрасните, често имено ги поприма, мајчинските форми на однесување, се труди на биде сличен на мајка или жена. Но, да се вратиме на нашето семејство.
Вечерта доаѓаат гости. На малиот му се доделува строго определен дел на време со секој гост. Од гледна точка на малиот сите тие го прашуваат многу досадни нешта: "Колку имаш години? Зар веќе имаш три и половина! Па ти си веќе голем!" И така натаму. Кога само - барем некој би се заинтересирал: "Кој му купил така интересна количка или како расне семчeто од јаболко, кое тој го посадил во саксијата со фикус на прозорецот!" Но, и кај возрасните си има свои чудеса. Малиот трпеливо чека, кога ќе може да се вклучи во заедничкиот разговор. А мама нека не си мисли дека тој ќе си легне на време. Но, еве чичковците, малку пивнувајќи, палат цигари и малиот сфаќа дека не им е до него. Така тој оди кај тетките. Тие го милуваат, му даваат бонбонче, со задоволство ќе го ислушаат стихчето, кое малиот го знае. Тие се поглавни и подобри.
Кога во градинката, девојчињата, откако ги зеле сите женски улоги, му говорат на момчето: "Ти ќе бидеш татко! Оди лежи на диванот и читај весник!", нашиот малечок е веќе уверен, дека за да се добие задоволство од животот ( оти играта е живот за детето), да се биде активен во него, да се занимавате со интерсени дела по можност, е само доколку примите: женска улога. Постои мислење, дека на воспитанието на девојчето отсуството на таткото така не се одразува, како на воспитанието на момчето. Оти девојчето има постојан пример - мајката, која и го предава на ќерката женскиот пример на однесување.
Научните дела на С. Фројд ги избуткаа од полиците на книжарниците поради т.н. теорија на пансексуализам. Неговата исходна точка е тврдењето, дека кај момчињата постои Едипов комплекс - неосознаена сексуална привлечност кон мајката и љубомора кон таткото, што го засилува процесот на примање на женската улога, а кај девојчињата - комплекс на Електра - сексуална привлечност кон таткото и љубомора кон мајката. Да повториме уште еднаш, дека тие привлечности се несвесни и се поврзани со доењето на детето, со раните социјални асоцијации на детето итн. Подробно овие комплекси се опишани во делото на С. Фројд :"Три есеи за теоријата на сексуалноста".
Сигурно, многумина имаат видено, како девојчињата активно ú помагаат на мајката во кујна, исполнуваат други домашни дела, трудејќи се, тоа задолжително да го види таткото. Понекогаш тие изјавуваат: "Кога јас ќе пораснам, ќе се омажам за тато и ќе бидам подобра жена, отколку мама." Татковците пак, покжаувајќи надворешно незадоволство при раѓањето на ќерката, доживуваат при тоа некаков внатрешен трепет, кој отсуствува при раѓањето на синот, кое пак би бил обоен со потполно објасниви емоции на радост. Но, да се вратиме на нашето обично семејство.
Што гледа малото девојче? Мама постојано се кара со тато за секоја ситинца, не го пропушта случајот, да потенцира, дека тој е" глупав", "трапав", "недоволно вреден"; таа го држи "под палка". Кај малата се појавува силна противречност: од една страна, несвесна привлечност кон таткото, преувеличување на љубовта кон него, а од друга - односите на таткото со мајката, неговата реална положба во семејството. На тој начин, малото девојче, можно е, и неволно да го ставаат во ситуација на избор меѓу таткото и мајката. Кон што може да приведе овој или оној избор?
Одамна е приметено, дека децата обично прават нешто обично за родителот од спротивниот пол, а образец на однесување при тоа им служи родителот од сопствениот пол. Доколку девојчето го избере таткото, тогаш сите потреби, за кои погоре говоревме: за љубов, за контрола на нејзините постапки и вклученоста во општеството на луѓето, се реализираат преку него. Но, во тој случај поради - љубомора кон мајката стилот на женското однесување несвесно се отфрла.
Добро е, доколку девојчето го најде него во некој друг: во тетката, пријателката на мама, соседката или водителката на емисијата "Добра ноќ, малецки!". Но, доколку не се случи тоа - таа ќе влезе во општеството преку примање на машката улога. Вeрувам секој видел девојчиња кои претпочитаат фудбал или индијанци - каубојци во друштво на момчиња кои играат со кукли, при што, многу често имено, девoјчињата предводат при тоа. Откако ќе пораснат, таквите девојчиња го претпочитаат машкиот стил на облекување, не сакаат козметика, за нив говорат: "тоа е своевидно момче".
Во другата подобра честа варијанта на избор - се претпочита мајката. Тогаш сите тиe потреби се реализираат преку мајката, а привлечноста кон таткото се изгонува длабоко во несвесното и противречноста се засилува. Девојчето почнува да бара кај мајката подобар "друг татко" и ....не наоѓа, онака како што мама говорела: "сите мажи се мрзливи и непотребни". Следствено, доколку потребата за љубов се задоволува преку мајката, девојчето несвесно ја прима машката улога, трудејќи се при тоа да биде подобар маж, отколку што може мажот да биде.
Кога таквата девојка ќе порасне, таа претпочита феминизирани младичи, не обрнувајќи на тоа, што нејзиниот избор ги изненадува другарките и околината но, главното е во тоа, што тој беспорно се допаѓа на мајката на тоа девојче. Сето тоа е закономерно: да се исполни потсвесно примената машка улога тоа може тогаш, кога партнерот ја исполнува женската. Усвојувајќи ја мајчината стратегија на семејни односи, тоа девојче во иднината ќе го потиснува својот избраник токму така, како што нејзината мајка го потиснувала својот маж. Но, за последиците, малку подоцна.
Потоа - училиштето. Учителот кој е најумниот човек, исто така, како по правило е жена. Се случува своевидно заменување: местото на мајката го завзема учителката. Во возраст од 6-7 најголема делатност на детето е учењето. Не случајно од петтата година започнува возраста "зошто ова - зошто она". Исто и дел од авторитетот од родителот преминува кај учителот. Често децата - првооделенци говорат: "Марија Иванова кажа, дека тоа баш не е така." Истовремено, и мајките се соочувале со тоа, дека нивните синови - во школска возраст, кон нив се однесуваат ладно.
Да се префрлиме на школо, да поминеме низ ходникот на првите одделенија за време на одморот. На средината е Марија Иванова - учителката на 1а - одделението, а по неа во толпа трчкаат дечињата. Секој се труди да се допре до неа, да обрне на себе внимание, да прими барем капка нежност и милувка. Тие сакаат да ја задоволат својата потреба во љубов (оти учителката, како и мама, е исто така жена). Но, ние приметуваме, што сред нив, како по правило, се само девојчиња. Момчињата бегаат подалеку и не се решаваат да дојдат поблиску. Оти ним уште од детство преку тато ( а понекогаш и преку мама) им се кажувало дека на момчето не му личи да се умилкува кому било.
Но, проблемот е во тоа, што поголема опасност ги демне тие момчиња, кои се одлучиле - да се припојат кон обожувачите на учителката, а таа некои од нив и ги прима близу до себе. Не е тајна, што многу учители сакаат да "командуваат" со децата, сметајќи ја строгоста за неопходна, "за да не се разгалат", исполнувајќи ја, всушност, машката улога, при што ги натеруваат момчињата да ја примат спротивната - женската. Кај девојчињата пак, се случува потврдување на порано направениот вовед за тоа, дека жената - "е глава на сé". Тие ја гледаат искривената форма на женско поведение - власт и сила на интелектот, право да се "казни и помилува".
Плашејќи се да го навлечат гневот на педагозите и за да предизвикаат воодушевување од родителите, ќе приметам, дека најголема загриженост предизвикуваат момчињата - одличници. Бидејќи на момчето му е неопходна вклученоста во општеството на луѓето. Но, доколку преку учителката се реализираат потребите во љубов и контрола, тогаш момчето проценува, дека учителката проверува и контролира како неговата мајка и дека оценките кои таа ги прави во однос на него, се сврзани со неговата реализација во потребата за љубов. Односно," таа мене ќе ми стави двојки, затоа што не ме сака, а не ме сака, оти имам многу двојки."
Тоа преплетување на женската, неофицијалната улога и официјалната педагошка во лицето на учителката создава постојана непријатна состојба кај момчињата, што е поврзано пак и со незадоволувањето на неговите основни три потреби. Единствената варијанта - тоа е добриот успех. Момчето почнува "да излегува од кожа": станувајќи одличник, "љубимец". Вие ќе речете: "па баш убаво!" Но, ете тој се вклучува повторно преку исполнување на женската улога. За да стане љубимец кај авторитарната, на машки начин властољубива учителка момчето треба да ја исполнува женската улога; можеби, тоа е една од причините, што таквите момчиња во оддлението не се сакани, особено од другите момчиња.
Што се однесува до девојчињата, во тој случај учителката несвесно во секоја од нив ја гледа ќерка си и соодветно на тоа кон нив се однесува. Многу учители во силата на спецификата на својата професија сакаат да командуваат со децата, лишувајќи ги од самостојност и иницијатива. Често пати до истата тактика тие се придржуват во однос на сопствените деца, а конечно и кон "љубените" ученици.
Девојчето, која во детсвото ја избрала од двата родители повластољубивата мама, несомнено ќе биде среде "љубените" ученици на нашата Mарија Иванова. Таквото девојче ќе има успех во учењето, станувајќи претседател на класот. Но, внатрешно тоа девојче продолжува да посакува да ја исполнува машката улога, и доколку во односите со учителката тоа е невозможно, тогаш во односите со другарите од класот има полн простор. Оваа статија е изработена врз основа на материајли од консултации. На нив често доаѓаа жени, кој не наоѓаат задоволство во семејните односи но, затоа сите тие имаа одлична кариера, бивајќи aктивни во општествениот живот. Постојаните стресови, раздразливоста, кавгите - зарем тоа не е резултат на нарушување во психосексуалното воспитание?
Се покажа, дека сите пациентки спаѓаат во моделот на воспитание кој го опишавме и во детството дејствително имале властољубива мајка и авторитарна учителка. При тоа за таткото, во зависност од тоа, кого избрале во детството, зборуваа или со носталгичен восторг, или со чувство на раздразнетост. Ако девојчето го избрало таткото, тогаш на училиште таквото девојче било одбиено од наставничката, чувствувајќи во неа внатрешна машка позиција, која таа учителка се трудела дома да ја искорени кај сопствените деца. Доколку во основното школо учителката е висок авторитет, тогаш таковото девојче не е прифатено од учителката и соучениците. Девојчето лошо учи ( дали воопшто учителката ќе биде објективна кон неа?) и со помош на момчињата ја реализира својата потреба во вклученост.
Понатаму - уште повеќе. Настапува пубертетот - противречна возраст, промена на личносните оценки, кршење на авторитетите од детството. Кај момчињата со неправилно формирани претстави за сопствената психосексуална улога се појавуваат обетки во ушите, долга коса или фантастично необична фризура. Таквите момчиња и доделуваат на својата надворешност зголемено внимание, што при отсуство на вкус и при наличие на желбата да се одделат од своите врсници таа се пројавува во бојосани прамени во сите нијанси, во најнезамислива облека според сопствената кројка и со....ползување на козметиката на мајка си. Можеби преувеличувам но, отидете во кој а било дискотека во некој голем град и ќе се убедите, дека не преувеличувам многу. Доколку со воспитанието на детето во семејствата во основа се занимаваат мајките, тогаш треба да се направи заклучок: свесно или несвесно од нивна страна се заоструваат таквите форми на самоизразување.
Во пубертетот нашето девојче, која ја избрала мајчината линија на однесување, веќе не е теши себеси со илузиите во однос на непогрешивоста и исправноста на мајката. Таа е зафатена со борба за власт со учителката и кога има одличен успех управува со сиот клас, јавувајќи се за негов лидер.
Девојчето пак, кое ја избрала татковата улога, продолжува да се дружи со момчињта, влегувајќи во друштво на момци неприфатени од учителката, кои се налутени на школото и кои поминуваат во неа по можност што помалку време. Нема да говориме за тоа кои вредности се основни во тие друштва, бидејќи во поголемиот дел кај нив и ги нема.
Врз основа на сето изложено погоре ќе се потрудиме да извлечеме некои заклучоци. Во прв ред, ќе забележам дека да се избегнат многуте отклонувања во психосексуалниот развој на детето е можно, само доколку се измени системот на взаемните односи на сопрузите како во однос на детето, така и меѓусебно. Ние сметаме, дека татковците треба да земат на себе поголем дел на работите во домот, за синот да види, дека таткото е главен. Конечно, можеби некому сево ова му е сеедно, каков син ќе израсне: машко или нешто женоподобно, тој може да се повика на тоа, што се работи за "женска работа". Понатаму, би било многу добро, доколку жените би нашле сили во себе да престанат да ги омаловажуваат мажите, докажувајќи ја нивната непотребност и да се стремат со сите средства да го подигнат нивниот авторитет во очите на синовите.
Дозволете сите" сложени и тешки" прашања да ги решава тато. Инаку мајките ќе имаат во својот возрасен син "помлада другарка". Исто пожелно е многу внимателно да се набљудува тоа, какви улоги прима на себе синот во своите игри. Бидете многу внимателни, доколку тие се женски. Покрај ова, опасен е ефектот на "заразување": кога во групата е прифатено, дека момчињата ќе ги бираат главните но, женски улоги, новиот, за да се вклучи во играта, треба да постапува така. Како второ, неопходно е разумна поделба на улогите во семејството, за да можат децата да ја реализираат својата потреба на љубов кон родителите од спротивниот пол ( да ги задоволат своите комплекси на "Едип" и "Електра"), а потребите за контрола и вклученост - со родителите од својот пол. Тогаш формирњето на психосексуалното "Јас" ќе тече нормално.
Како трето, неколку пожеланија на учителите и воспитувачите во дошколските институции: не треба да се командува со децата, "да им се врши притисок", оти како што говорел Ј. Корчак:" Доколку детето направило престапка, најдобро е....да му се прости." Единственото средство да се избегнат опишаните проблеми - е татковците активно да се вклучат во училишните дела на синовите. За детето во возраст од 6 - 10 години главна делатност е - учењето, и тој сака да најде во неа контрола и вклученост. Дозволете момчето да ги најде во мажот. Татковци!
Направете контрола, како учи вашниот син, како ги исполнува домашните задачи, пофалете го за успесите, покажувајќи му ја својата заинтересираност, имајте добри односи со учителката и одделението и ќе видите, со каква благодарност и обожување ќе гледа на вас вашиот син. Залогот на успехот во формирањето на карактерот на синот или ќерката се - добрите, доверливите односи во семејството меѓу родителите. Доколку се појават какави било конфликти, решавајте ги без детето, не го мешајте него во семејните раздори, не го ставајте во ситуација на избор. Во тој случај во семејството ќе зацари мир и спокој и децата ќе ве љубат со искрена и предана љубов! Да ви помогне Бог!
Превод од руски јазик: Маја Белева