логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВОСПИТАНИЕ НА МОМЧЕ – Татјана Шишова



    МОМЧИЊАТА ТРЕБА ДА СЕ ВОСПИТУВААТ ВО ВОЈНИЧКИ ДУХ

За многумина родители кадетскиот корпус е практично единствен начин да ја задржат младината од заминување на улица и од  понатамошниот, како што се изразуваат јувенилните борци за човечки права «судир со законот».

За децата со чувствителна психа (на пример такви деца кои под стрес почнуваат да имаат тикови и опсесии), одовојувањето од куќата и грубо машко обраќање можат да станат прекумерен психолошки притисок. Во секој случај, јас повеќе пати сум се сретнувала со случаи, кога родителите откако го дале синот во војна установа по совет на психолог или според сопствено мислење, на крајот биле принудени да го лечат од неуроза.
Додека за другите момчиња, кои се «дебелокожни», војната образовна институција навистина е спасоносна. Притоа, да се распознае кому што му одговара, можно е многу порано, не чекајќи ја возраста на младич. Колку пати сум слушала од родителите на свoеволните момчиња, дека од оние, кои со нив се меки и љубезни, тие «ткаат јажиња», а страшната учителка или строгиот тренер го обожаваат и го слушаат беспоговорно. Така што од злоставување од хулигани, таквo момче нема да страда. Тој самиот, кого сакаш «ќе притисне».

Меѓутоа, многу често се случува и мајката ја преувеличува ранливоста на своето дете. Така што, затоа што тој се уште и се чини мал, и затоа што на многу жени им недостига чувствителност од страна на мажите, тие бараат такво разбирање од синот. Тој пак, користејќи се со мајчината попустливост, воопшто не слуша. Во тие, за жал, премногу распростанети случаи во наше време, кога семејството не може да се избори со тврдоглавото момче, а тој поради својата незрелост, сè уште не е способен да се труди без контрола и надоворешна принуда, сепак е подобро да се размисли за упис на момчето во некоја затворена образовна установа. Не мора да биде војна, туку сеедно, во таква, каде што се внимава на дисциплината, каде што се учи на самоконтрола и на самосталност.

Еве што за тоа говори кнегињата Олга Николаевна Куликовска – Романова, вдовица на кнезот Тихон Николаевиќ Куликовски – Романов, кој бил роднина на светиот цар – маченикот Николај II: «Би било правилно после десеттата година, кога детето веќе примило многу родителска љубов и нежност, да се даде во училиште – интернат. Таму детето се учи на дисциплина. Тој дома може да се развлекува во креветот и да не се мие. А пробајте така да се однесувате во интернат. Децата во колектив обично сите работат со сите останати. Во интернатот сите стануваат, одат в ред, одат во училница... Што се однесува со момчињата, многу е важно да заживуваат во Русија системите на кадетски корпуси... Момчињата треба да се воспитуваат во војнички дух. На момчињата им е потребно тоа. Тие воопшто не мора да станат војници по завршувањето на кадетскиот корпус. Но, ќе бидат дициплинирани за цел живот. И ќе стекнат другари за цел живот. Кадетското другарство трае засекогаш.»

Олга Николаевна знае за што говори, бидејќи и самата се обучувала во затворен пансион за девојки-благороднички. «Да не бев научена на дисциплина во Мариинскиот Донски Институт – сведочи кнегињата, - јас не би ги издржала тие искушенија, кои ми паднаа во дел.»

Мајчиното сожалување («Како ќе се снајде тој без мене, тој е така незаштитен») во слични случаи никако не оди на корист на синот,  и ако на таа болешливост ѝ се пушти на воља, последиците можат да бидат за плач.

Како што се случи на пр. на мајката на тринаесетгодишниот Лена К. Во детството тој имаше «букет» болести: бронхијална астма, неуродермитис, гастритис, сколиоза, бесконечни грипови. Мајката го одгледала сама. Мажот формално постоел но, во стварноста не учестувувал, пари не давал, не се занимавал со синот, туку превенствено со вотката. Људмила Вадимовна го влечела синот сама. Околу десеттата година тој зајакнал, иако неможел да се пофали со одлично здравје. Затоа на психолошки план состојбата нагло се влошила. Момчето пред нејзините очи се претворало во «асоцјален елемент». Мајката пак, сфаќајќи и признавајќи го тоа, во својата беспомошност говорела дека има премногу мек карактер и да нема влијание на синот. До 13-та година и неа и на сите од опкружувањето им станало јасно дека, ако не се превземат итни мерки, момчето сигурно ќе појде по крив пат. Веќе ги отфрлил сите секции, не сакаше да учи, крадеше од мајка му и очајнички бараше самосталност, под тоа  подразбирајќи можност да доаѓа дома кога сака (или воопшто да не доаѓа) и да прави се што сака неговата лева нога.  Људмила Вадимовна бараше помош, молејќи да го упати детето во добар интернат. Во кадетски корпус го одбија да го примат поради здравствената сосотојба. Некои сожаливи луѓе со голем труд успеаа да се договорат за прием на Лена во добро затворено училиште која се наоѓа  надвор од Москва, далеку од градските соблазни.


Поднесоа нaвистина гигантски труд затоа што мајката немаше пари да плати, а и со такви оцени како кај Леонид,   не само во добро училиште, туку ни во најлошото тешко да ќе можеше да влезе. Освен тоа, и самото момче, постојано ставаше стапчиња во тркалото откако разбра дека во интернатот нема мангуплак. Максимумот на кој тој се согласи, беше да отиде таму за распуст, само «за да види» (а за тоа време ветија дека ќе го протуркаат по основните предмети).

Но, како што дојде на местото, Лена, како што тоа често се случува со децата, брзо се скраси, се вклучи во интересен, содржаен живот, кои педагозите се трудеа да го устројат за учениците кои, поради одредени причини вакви или онакви, на лето не заминале дома, се спријатели со  момците. Потоа започна школската година. На Лена добро му одеше по сите предмети, диспилината не ја нарушуваше, се занесе со кошарка. Накусо, што друго можеше да се посака? Сепак, мама, по првото тримесечје го одведе синот во Москва.

Поради што? Затоа што Лена, кога таа го посетила, имал уморен (или како што неа и се чинело, несреќен изглед), тој и се пожалил на умор и на строгиот тренер, кој ги терал да прават склекови на тупаници. Освен тоа, имал и кивавица, а медицинската сестра не обрнала на тоа должно внимание, му дала на момчето само капки и толку. А Лена, расеан и неодговорен: го ставил шишенцето на ноќното столче и заборавил. Така брзо се добива и воспаление на синуси! Сега Леонид има 16 години. Мајка му одамна «си ги изела сите нокти» но, стореното не можеш да го вратиш. До крајот на деветтото одделение, синот навистина се доведе во ред но, неа тоа така скапо ја чинише, така што при помислата за преживеаното, ѝ се леат солзи во потоци.

Во овој момент, момчето не учи, спие до четири, потоа некаде скита или седи на компјутер, со пцовки и закани извлекува пари од мајка му, краде по супермаркетите, пијанчи. На здравјето сепак, не мисли.
Људмила Вадимовна се убедува себе си и опкружувањето, дека иако нештото не дошло до наркотици, неа повеќе и личи на психотерапија... Во последно време Лена се поврзал со навивачите. Што ќе биде понатаму, подобро е да не се мисли. Еден од неговите пријатели, постар три години, веќе е на робија поради убод со нож, на друг во тепачака му скршиле две ребра и клучната коска.

Слушајќи ја оваа сага, која со секоја наредна глава, станува се покошмарна, му доаѓа на човек да викне:« И што добивте, штитејќи го синот од строгиот тренер и од кивавицата?» Што тука и има да се праша? Лена дури сакаа со текот на времето да го префрлат во кадетското одделение, имаше таков во интернатот, ако се покажeше добро...



А КАКО ПОРАНО ГИ ВОСПИТУВАА МОМЧИЊАТА?

Размислувајќи за воспитанието, поучно е да се обратиме кон опитот собран кај народот. Да речеме, како ги воспитувале момчињата, руските селани кои го составувале поголемиот дел од населението до револуцијата?

«Отсуството на крепката власт и соодветниот надозр од страна та на таткото, поткрепен со практиката на примена на сила, се сметало за причина на беспоредок во семејството, распуштеност, недисциплиниранот на децата, кавги и тепачки меѓу нив – пишува В.Г. Холоднаја во статијата «Татковско казнување во воспитанието на  момчињата кај источните словени кон крајот на XIX  и почетокот на XX век.»

- Кај Русите, непотчинувањето на татковата воља утврдувало во називот «непочитувач», «непослушен», за синот, се сметало за срамотно и можело да стане причина на истерување од куќата без добивање на делот од татковиот имот. Кај малорусите (украинците) дури постоела поговорка: «Кој не го слуша тато, ќе го слуша џелатот.» «До завршувањето на младешката возраст - продолжува авторот - таткото, кој во ритуалите на «очеловечувањето» (при првото повивање, кршетението и потстригот) претставува симбол на приопштување кон семејството, родот, а за момчето симбол на машкост, во воспитанието на синот скоро и да не учествувал... До петтата, седмата, а некогаш и до дванаесетатта година, децата се наоѓале под грижата на мајката, на неа лежеле основните обврски во врска со негата и раснењето на децата. Главата на семејстото ја исполнувал улогата на општ надзор, него го призивале како виш авторитет, кога детето ги нарушувало правилата но, казната во тој период не била негово исклучио право (прерогатив).»

«Таткото малку општи со нив бидејќи тое сè уште не му се помошници. Тој само во ретки случаи ги казнува, а во најголем дел, тоа го чини мајката» – соопштувале известувачите од Вологодската и Костромската губернија.
Бачко (таткото) не го тепа детето за ништо. На лето тој нема време да се најде со децата, а на зима само навечер: ги седнува на колена, им раскажува бајки.

Во Вологодскиот крај, додека синовите биле мали, се нарекувале «мајкини деца». Милувајќи ги, таа отоворено говорела: «Тоа е сè уште мој син.» Од дванаесетатта година, како што синовите почнувале да му помагаат на таткото во полските работи и другите машки работи, тие излегувале од надзорот на мајката и за разлика од ќерките, станувале «таткови деца». Сега мајката општеле со синовите помалку, а прерогативот на воспитанието, што значи на пофалбите и казните преминувал на таткото.

Синот кого до голема возраст го воспитувла мајката, без машко учество, во народот се исмевал како разгален, неспособен, невешт. Нему му давале прекар «мамичино дете», кој говори сам за себе. Во 1772 – та година, селанката – вдовица од Томската губернија «соопштувала» во Бердската судиска соба, дека кај себе го има синот Федор...кого што некој треба да го научи на земјоделие и водење на домот и молела за дозвола да се пресели заедно со синот кај деверот. «Посматрачите еднодушно го потврдуваат заклучокот за исклучителната улога на таткото и воопшто на постарите мажи во семејството, во воспитанието на синовите» – соопштувајќи го овој факт, појаснува историчарот Н. А. Миненко.


Кон децата од 5-7 години, се однесувале благо, скоро и да не ги казнувале, за многу прекршоци  и палавости им гледале низ прсти. «Уште е тој мал, нема памет – говорел таткото за синот, - ќе порасне, ќе му дојде памет, па ќе работи, а сега, што да се прави? Ти ако сакаш казни го за тоа, а тој утре истото ќе го прави.»..

Како што децата «доаѓале при памет», односот кон нив станувал построг и поизискателен, нив почнувале да ги «учат» т.е да ги караат и казнуваат за палавостите и непослушноста. Особено строго постапувале ако детето безобразно се однесувало пред возразните, сметало и не слушало примедби; повторена казна («клинот со клин се избива») можел да заслужи и оној кој отакако си го добил своето, долго лелекал и плачел.

Работното восптание на момчињата започнувало особено рано. Во селската средна многу се ценеле: здравиот разум, штедливоста, вештите раце.« Веќе тригодишното детенце и помага на мајка си: чисти компир, го мете подот, го наоѓа татковиот појас, го собира растурениот грашок, ги брка кокошките од градината» - соопштувале на карајот на XIX век од Новоладошкиот округ на Петроградската губернија.


Потоа момчињата постепено се приучувале на машките работи. Со 6-7 години тие веќе ја втерувале стоката во дворот, со 8-9 ги воделе коњите на поење, оделе заедно со постарите момци на ноќна паша на коњите, учеле да јаваат на коњ и да управуваат со него, носеле на возрасните оброк на поле.

До 9-10 години (во некои области и малку подоцна) момчето знаело самостално да го одседла коњот, помагал на татко си при рамнење на земјата, положувал снопови во амбар и ги млател.

Момчето кое ги водело коњите за време на рамнењето се нарекувал «рамнач». Со достигнувањето на возраста на рамнач (10-15) се гордеело не само детето туку и целото семејство. Дури постоела и поговорка: «Свој рамнач вреди повеќе од туѓ работник» Паралелно детето го обучувале на разни занаети кои биле неопходни за водење на селското домаќинство. Во завистност од карактеристиката на ова или она место, тоа можело да биде обработка на кожа или дрво, плетење на обувки од лика, од коноп итн. Момчињата се учеле на лов и риболов. Сето тоа се случувало под надозорот на постарите. Особено строго се отсекувала мрзливоста.

Обично до полнолетство, а некогаш и порано, со 14-15 години, семејното казнување се свршувало. За грешки веќе не казнувале со ќотек туку се труделе да убедат со зборови. Што постар бил синот, тоа со поголема почит кон него се однесувале постарите. Да го казни синот за непослушност, непочит  или нанесена навреда на таткото, можел само заеднички суд.По жалба на родителите, управата можела да казни со затвор или со јавно тепање, при што селските и другите општински власти немале право да откажат учество. Навредениот татко го собирал луѓето и ги молел соседите да го истепаат синот во присуство на сите. Таква крајна мерка го покривала синот со срам, го спротиставувала на заедницата и фактички го изземала од сферата на размножувањето, затоа што јавно тепање на полнолетно момче се сметало за неизбришлив срам, девојките одбивале да се омажат за него.

Основа за цврстиот систем на ограничувања на активностите на момчето-младичот служеле  претставите за стихијноста, неконтролибилноста на неговото битие.
Големо внимание се подарувало и во херојското воспитание на синовите. Во народната свест виско се ценеле водачите и војните херои, кои и донеле слава на Русија. Типот на народниот водач на Древна Русија е претставен со кнезови, водачи на чети... Во нивните подвизи се ценеле како личната праведност, така и националното служење, односно она што тие, не штедејќи го својот живот, ја штителе својата земја. Многу се почитувале и простите луѓе кои се жртвувале заради Татковината.    

На крајот од XIX  век еден од дописниците  од Гжатскиот округ на Смоленската губернија, му соопшитл на Етнографското биро, дека «на народот му е пријатно да слуша за личностите кои се принеле на жртва на Русија... Подвизите  на многу непознати личности, пројавени за време на Татковинската војна 1812 година, предизвикувале гордост на народот и длабоко уважување кон непознатите јунаци чиј спомен се предавал од постар кон помлад.» Идеалот на смел, силен, верен на Татковината војник, верен другар и пријател го проникнува сиот фолклор – од епските па се до доцните војнички песни. Значаен е фактот на постоењето на војнички песни – нивните теми биле  блиски на селското население. Од времето на Северната војна, каде што војничката маса прв пат настапила во улога на колективен јунак на рускиот еп, тие песни скоро да станат основни во руската историска поезија.

Оној кого го викале на војна служба во очите на народот бил заштитник на Татковината и постојано чувстувал почит од своите мештани, жителите на својот округ. Испраќањата во војска се одржувле со славење. Новиот војник го благословувале родителите, а исто така кумот и кумата. Враќањето на војникот од служба исто така била случка за целото место. Мноштво народ се собирал тогаш во куќата за да ги слушнат приказните за нашата војна сила.

Темата за бобри, војнички подвизи во минатото и сегашноста, била постојана за време на разговорите при средбите на возрасните, често во присуство на деца. Во приказните за војните основното внимание се подарувало на успесите на руската војска.

Лошите вести поминувале кај народот периодично, а на несреќите не придавале особено значење, бивајќи уверени дека непријателите не можат да ги победат Русите, дека «самиот Бог, Мајката Божја и светиот Николај Угодникот, нема да го допуштат тоа.» Со други зборови, кај идните поколенија на мажи се воспитувал оптимизам и вера во победата.

Песимистичките расположенија, така распространети во последните десетлетија и меѓу нашето жителство, не биле популарни иако и условите на живот биле многу потешки од сегашните, а и поразите, како што знаеме од историјата, исто така се случувале.

Да се плашиш, да избегнуваш тешкотии и искушенија, да се криеш зад грбот на другарите се сметало за срам.
Еве какво интересно сведоштво за каракерот на кубањските козаци оставил војниот дописник од Далечниот Исток во периодот на Руско – јапонската војна 1904-1905 година.  Во една прилика разговарал со кубањски извидник – така се нарекувале посебните единици кои вршеле известувачки, диверзантски задачи итн. Може да се каже дека тоа бил пандан на современите специјални единици.

Висок, силен како даб, козак – кубањец горко се жалал на тоа што го назначиле за развоз.

    -« Зар заради ова дојдов овде? Само да ги земам коњите и да возам жито? Што ќе кажам дома, кога ќе ме прашаат како сум се биел со Јапонците?»
Искрена тага сјаела на енегичното лице...
- «А зар не можеа вака да направат продолжувал козакот – сите нас изивидниците да не префрлат во стројот, а на наше место во возот да назначат резервни војници? Меѓу нив има и сосема слаби мужици.»
(крај)


 


Татјана Шишова, Член на Сојузот на писателите на Русија, мајка на три деца

Извадок од «Родителскиот прирачник»-издание на Православана породица-Београд 2014 лето Господово
http://православнајапородица.срб
подготви: М.Б.

 

 

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная