Едно момче постојано се жалело дека го фаќаат „уроци" и одел кај некоја жена која, наводно, знаела како од тоа да го заштити.
„Како може таа да ти помогне?"
„Не знам, зашто се што кажува, го кажува во тајност и не можам да чујам".
Старецот Пајсиј рекол:
„Црквата ништо не прави во тајност!"
Потоа му дал крст и го посоветувал:
„Носи го овој крст и никој не ќе може да те погледне со „урокливо око". Отиди на исповед и причести се. Само на луѓето, на кои им се далечни овие две работи, подложни се на „урокливо око".
+++
„Отче, сакам да најдам убава девојка и да се оженам". Старецот одговорил:
„Ако сите бараат само убави девојки, што ќе правиме со другите? Ке ги фрлиме ли на буниште?"
Извор: СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ
Издавач: Повардарска епархија
+++
„Кога се обидуваме да се ослободиме од страстите и никако не успеваме во тоа, тогаш тоа се случува или поради нашиот егоизам и гордост или, пак, затоа што ги критикуваме и осудуваме ближните.“