логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



 Митрополитот Волоколамски Иларион: „За препород на Православаната Црква во Кина постојат сите услови“ (18.05.2013 17:57)




За посетата на Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил на Кина, интевју за РИА „Новости“ со преседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Иларион.



- Ваше Вископреосвештенство, во каква положба денес се наоѓа Православната Црква во Кина и дали државата ја признава?

- Кинеската Автономна Православна Црква е основана 1956 год. Уште тогаш ситуацијата во државата била доста комлицирана и Кинеската Црква не можела да се регистрира како религиозна заедница, а подоцна, во годините на „културната револуција“ целата нејзина инфраструктура била уништена, многу храмови била срушени, свештениците лишени од можноста да ги извршуваат богослужбите. Дури во 80-тите години почнале промените во религиозната политика на државата кои овозможиле, на пример, во 1986 г. да се обноват богослужбите во храмот Покров во Харбин, каде до својата смрт во 2000 г. служел свештеникот Григориј Чу. Меѓутоа, после неговата смрт во храмот богослужбите практично биле прекинати и иако храмот формално се смета за отворен, во него не се служи.

- Која е целта на Вашите преговори со кинеската страна?

Целта на нашите преговори со Државната управа за религиозни прашања во Кина е нормализација на положбата на Автономната Кинеска Црква токму како национална Православна Црква на Кина. Тоа значи дека таа конечно треба да добие своја регистрација во својство на религиозна заедница, дека треба да има свој епископ, свои свештеници и отворени храмови. Меѓутоа, поставувањето на епископ веројатно е последната карика од многуте карики, а оние кои сакаме да ги оствариме во текот на следните години се, пред сѐ, поставување кинески свештеници на служба во оние парохии кои се отворени – како што е храмот Покров. И токму со таа цел потпишавме два меморандуми со Државната управа за религиознаи прашања; едниот од нив се однесува на образување кинески студенти во богословските училишта при Руската Црква и сега двајца студенти веќе се школуваат кај нас. Се надеваме дека наскоро ќе можат да добијат свештенички чин и да служат во отворените парохии на Кина.

Посетата на Неговата Светост Патријархот Кирил е проект кој долго го подготвувавме во дијалог со Државната управа за религиски прашања и ни е мило што оваа подготвителна работа е крунисана со успех, што по посетата се одвива на многу вискоко ниво. Би рекол, на максимално високо ниво: одржан е состанок помеѓу Патријархот и државниот раководител на НРК. Ова е настан од посебен вид и од посебно значење без преседан, каков што немало ни во историјата на Руската Црква, ниту во историјата на НРК, затоа што после 1949 г. државниот лидер на Кина не се сретнал со претставник на која било христијанска Црква. Се надеваме дека овој настан ќе отвори нови можности за нашиот дијалог и соработка на религиозна тематика и дека истиот, како и другите настани во текот на посетата, се разбира, пред сѐ, боголжењата кои ќе ги обнови Патријархот, ќе помогнат што побрзо да се нормализира положбата во Кинеската Православна Црква и нејзините верници.

- Во дијалогот со властите на НРК кој Руската Православна Црква ги води во последниве години и Вие повеќепати ја посетувавте Кина како раководител на Одделот за надворешни црковни врски при Московката Патријаршија. Дали можете да ја оцените динамиката во односите со кинеската страна?

- Динамиката на нашите односи е апсолутно позитивна, таква е од 1993 г. кога земјата за првпат ја посети Митрополитот Кирил – денес Неговата Светост Патријархот на Русија. Токму тогаш е удрен темелот за односите кои денес попримија сосем официјален карактер. Мислам дека оваа позитивна динамика ќе расте. Меѓутоа, мораме да ја сфатиме специфичноста на Кина како држава со повеќемилениумска историја, држава за која 20 години се многу краток период. Мислам дека не треба да очекуваме некоја астрономска брзина во нашиот напредок кон поставените цели – движењето ќе биде постепено и овие цели ќе ги оствариме чекор по чекор. Многу е важно секоја одлука која се донесува да биде значајна, и наша и на државното раководство на НРК, за процесот на нормализација на положбата на Православната Црква во Кина да се одвива во потполно почитување на Уставот и законите на Кина.

- Дали сфаќањата на проблемите со Црквата во Кина од страна на власта на НРК се поклопуваат со оние на Руската Православна Црква?

- Во секој случај, ако се зборува за нашите преговори кои ги водиме последниве години, гледаме голем степен на меѓусебно разбирање, но истовремено и извесен степен на внимателност од страна на нашите кинески партнери, кој е диктиран, според нашето сфаќање, од желбата де се почитуваат сите закони и норми кои важат во Кина, желбата дијалогот да се води постапно. Коко што често ни кажуваат нашите кинески партнери во дијалогот, не треба да брзаме – секој настан треба да се случува во моментот кога за него ќе бидат созреани условите. Сметаме дека условите за тоа во кинеските православни храмови да се појават кинески свештеници се веќе зрели и тоа е онаа непосредна цел кон чие остварување тежнееме во оваа фаза.

 



Извор: Светигора

Преземено од:http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=5629



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная