логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Православната свест треба да биде ставена повисоко од кој било културен, национален или етнички идентитет

Интервју со Архимандрит Даниел (Бамбанг Дви) Бјанторо,
Православна Црква во Индонезија (Руска Задгранична Православна Црква)

(продолжеток на интервјуто од минатиот број)

Кај нас, во Македонија, христијанството го имаме уште од светиот апостол Павле и тоа е просто проникнато во нас, во нашиот живот, во нашиот начин на размислување и едноставно во нашиот ген – и покрај разните искушенија и гонења на Црквата однадвор и одвнатре. Какви се состојбите кај вас, вашето искуство?

Пред Индонезија да стане претежно исламска земја, ние бевме или индуси или будисти или анимисти. Исламот дојде во 15. век на островот Јава, иако порано се беше појавил во други делови на архипелагот. Затоа индонезискиот живот во многу аспекти е обоен од влијанието на овие подлоги под исламската површина што сега ја има. Денес исламот е насекаде. На секој чекор во земјава ќе сретнете секакви видови џамии, големи и мали, едноставни, просечни, па и величествени. Петпати дневно (в зори т.е. пред изгрејсонце, напладне, попладне, веднаш по зајдисонце, пред полноќ) ќе ве извади од памет силниот звук на исламскиот повик на молитва („адан“ или „азан“) што затрештел од звучниците на џамијата. Истиот повик на молитва ќе го слушнете и видите на сите телевизиски и радио станици. Во седумдесеттите години од минатиот век исламот во Индонезија сè уште беше благ, но од осумдесеттите години започна сериозна радикализација на исламот. Повеќе жени во Индонезија кои носат марама и превез (хиџаб и никаб), што не беше случај пред осумдесеттите. Постојат повеќе радикални групи кои тежнеат да го спроведуваат шеријатскиот закон и да ја исламизираат (поточно: арабизираат) земјата. Секојдневно се слушаат вести за протести против цркви, за цркви разрушени или затворени или запалени до темел. Не е лесно да се добие дозвола за изградба на црква, бидејќи треба да имате барем 90 верници во околината на храмот, а треба и да соберете 60 потписи од вашите муслимански соседи. Па дури и многупати тоа да го сторите, локалните власти нема лесно да ви ја дадат дозволата. А кога тоа ќе се случи, доаѓаат стотици припадници на радикалните групи и бараат затворање на храмот или пак самите го рушат.
Сите државни училишта, канцеларии како и кое било големо јавно здание мора да имаат барем една џамија погодна за користење; ученичките секој петок мора да носат долго здолниште со марама, а момчињата мора да носат индонезиска муслиманска облека наречена “baju koko” – панталони и кошула со долги ракави, а на главата еден вид фес (“peci” – индонезиска капа), како што се облечени многумина индонезиски претседатели. На муслиманите не им е дозволено да им речат „Среќен Божик“ или „Среќен Велигден“ на христијаните, ниту пак да присуствуваат на христијанска богослужба. Постојат и многу други аспекти на индонезиската култура што се проникнати со исламски вредности за да се заменат постарите индуистичко-будистички и анимистичките вредности, иако тие сè уште опстојуваат и не исчезнуваат лесно.


Која е причината за успехот на Вашата мисија? На кој начин успевате да дојдете до срцата на луѓето?

Основниот принцип кој ми помага да ја остварувам мојата мисија е „Воплотувачкиот“ пристап, а тоа значи дека Евангелието мора да биде воплотено во контекстот на локалните култури, јазици, финансиска поддршка и раководство. Големиот принцип на Невиј, протестантиски мисионер во Кина, е многу соодветен на овој воплотувачки пристап. Според него, за да успее каков било мисионерски потфат, тој мора да ги исполни критериумите на „самопроповед“ (проповедањето на Евангелието треба да го вршат локални луѓе со локален јазик), „самофинансирање“ (месното население треба што е можно побргу да биде способно да се издржува себеси финансиски за да не зависи во ниедно време од странска помош, што би резултирало со нездрава зависност од странски поглавар наместо да се има поглавар од месното население) и „самораководство“ (што е можно поскоро, после соодветно поучување, црковниот врв треба да биде од редовите на месното население, за да не биде под диктат на странски интереси и сили). Заради горчливата историја на колонијализам, од кој Индонезија се ослободи, длабоко е всадено во нашата психа да мразиме и да се грозиме од каков било знак на колонијализам, било да е тој политички, религиозен или културен. Секој што сака да оствари мисија во Индонезија а при тоа ќе ја пренебрегне оваа индонезиска културна психологија е осуден на неуспех во својот напор. Индонезискиот народ ќе се побуни против секое нешто што ќе им мириса на странски религиозно-културен колонијализам (што и да е, и од каде и да доаѓа). Оваа моја визија, која исто така стана и визија на сите наши свештеници, е дека мора да постои помесна Индонезиска Православна Црква, а не наметната (пресадена) странска култура, интерес и моќ во Индонезија. Какво било странско наметнување на моќ и култура е осудено на неприфаќање. Ние сакаме да станеме православни како Индонезијци, не сакаме да станеме она што не сме. Нас не нè интересира странска култура, нас само нè интересира „Православната Апостолска Вера“ на Црквата, чиста и едноставна.
Затоа, плановите и визиите за мисионерска работа во Индонезија не беа нешто случајно, туку јас ги имав осмислувано веќе подолго време, дури додека бев сè уште студент во Кореја. Тие се утврдија повеќе додека бев на Света Гора. Јас бев веќе добро поучен во мојата поранешна протестантска семинарија во Кореја за принципите на индигенизација и инкултурација на Евангелието (т.е. проповед на Евангелието соодветна за одредена средина и култура). Ја познавав сопствената култура, и сакав да го изразам Православието во контекстот на мојата сопствена култура. И открив дека историјата на Православието и многу одлики на Православието се во склад со спроведувањето ваков вид на воплотување на Евангелието во одредена средина и култура.


Ве молиме кажете ни за неколку повпечатливи моменти од Вашата мисионерска дејност.

Има повеќе различни забележителни моменти во вид на чуда што се случија за време на моите мисионерски дејности а кои би сакал да ги споделам со читателите овде:
1) Тоа беше на почетокот на мојата мисија во градот Соло, покраина Централна Јава, кога се случи овој настан. Господинот Садрах Темон Суларсо, покрстен муслиман, живее во село на неколку километри од Соло. Тој е сиромашен земјоделец, така што мора да работи сè за да го издржува семејството. Тој ден од утрото па сè до после пладне се обидувал да копа песок во дворот од својата куќа. По некое време почувствувал замор, ручал и се одморил внатре во куќата. Неколку минути отспал. Почувствувал дека ме видел мене во моите богослужбени одежди како му велам да не оди повторно да копа затоа што земјата над него ќе му се натрупа врз глава и ќе биде жив закопан ако повторно отиде таму. Кога си дошол на себе, бил изненаден од видението и повторно отишол да копа во дворот. Почекал неколку минути, и навистина земјиштето кое „јас“ му го бев спомнал се срушило така, што ако „јас“ не го бев предупредил, тој ќе бил мртов, затрупан жив под срушеното земјиште. Вчудоневиден од она што му се беше случило, веднаш го зел велосипедот, доаѓајќи кај мене во мисијата за да ми го раскаже ова. Јас му кажав дека немав појдено никаде целиот ден, дека работев во канцеларијата. Му реков дека е можно мојот ангел чувар да му се јавил за да го предупреди за опасноста и на тој начин да го зацврсти него во вистината на верата во која беше поучен.
2) Моја пријателка, нотар по професија, беше муслиманка. Ова се случи по 7 години откако ја бев почнал мојата мисионерска работа во градот Соло, Централна Јава. Еден ден за време на моите утрински молитви почувствував толку силна потреба да ја посетам, без да ја знам причината за ваквото чувство. Отидов кај неа дома; нејзиниот сопруг, лекар, тој ден беше надвор од градот по некоја работа. Но јас не забележав ништо невообичаено, па си заминав од кај неа. Следното утро ми се јави истото чувство повторно и јас сè уште не сфаќав која е причината за ова. Отидов кај неа пак, но сè уште ништо не се случуваше. Третото утро – повторно истото, и јас повторно отидов дома кај пријателката. Овојпат таа седеше молчешкум и изгледаше многу тажно. Ме праша: „Се моли ли вашата Црква за болните?“ Ѝ одговорив потврдно, и таа почна да кажува со солзи дека има рак на матката. Докторот ѝ рекол дека мора да се оперира, но таа се плашеше од операција, па дури ни на сопругот му немаше кажано за тоа. Ме праша дали можам да се молам за неа, и јас ѝ реков дека можам; но ја прашав дали таа може да поверува во Господ Исус Христос, затоа што Он е Тој Кој ќе ја исцели. Таа рече дека ќе поверува. Заминав од кај неа за да ги направам неопходните подготовки и го зедов со себе отец Алексиос Кахјади. Ја замолив да клекне на колена, ѝ ја покрив главата со мојот епитрахил додека се молев над неа и потоа ја помазав со светиот елеј. По молитвата, ја прашав како се чувствува, и таа ми рече дека стравот ѝ исчезна. Ѝ кажав дека Бог почна да твори чудо над неа. Следниот ден отидов кај неа за повторно да се помолам и одново ја прашав што чувствува, а таа ми рече дека додека се молев таа почувствува внатре, каде што беше ракот, како нешто да е исечено на парчиња и многу ја болеше. Ја охрабрив да има вера во Божјата помош. Следниот ден рано изутрина ми се јави и ми кажа дека нешто чудно ѝ се случило таа ноќ. Иако не бил терминот за нејзиниот „месечен циклус“, крв изобилно истекла од неа, така што дури и чаршавот ѝ бил полн со крв. Ѝ реков да оди кај нејзиниот лекар, и таа го направи тоа. Лекарот, вчудоневиден затоа што нејзиниот рак исчезнал, рекол: „Невозможно е, невозможно е, ова мора да е чудо“. И навистина, ова беше чудо. На крајот и таа доброволно посака да стане православна христијанка и сè досега е активен член на Црквата во Соло, Централна Јава, а отец Алексиос Кахјади е нејзин духовник.     
Ова се двете случки со чуда што ја следеа мисионерската работа а коишто сакав да ги споделам со вас. Постојат и многу други забележителни нешта што се случија, но не можам да ги опишам во ова интервју заради ограниченоста со простор и време. Само ќе споменам неколку позначајни случувања: чудото со истекување миро од бетонскиот крст во основата на олтарот на една од нашите цркви во 2000 година, повеќе егзорцизми над демоноопседнати луѓе што ги направија и други свештеници, а и многу други чуда.


Каква е состојбата на Црквата во Индонезија денес после три децении?

За жал, имаше една тажна случка со политички немир во мисијата, што не би сакал овде да го објаснувам, затоа што тоа нема да биде поучно за никого. Сепак, наспроти ова болно црковно политичко искушение, мисијата сè уште продолжува под љубовната духовна закрила на Митрополитот Иларион од Руската Задгранична Православна Црква. Всушност, мисијата се шири скоро во сите делови на Индонезија. Имаме 17 свештеници, после онаа нула од која тргнавме кога ја започнав мојата мисионерска работа во 1988 година; и имаме повеќе од 20 парохии и мисионерски центри по цела Индонезија: во главниот град Џакарта, во покраината Централна Јава (градот Соло, градот Бојолали и селата околу него, градот Салатига), во покраината Источна Јава (градовите Моџокерто, Сурабаја, Џомбанг, Криан, Маланг), во покраината-остров Бали, во градот Џајапура и околните гратчиња на островот Папуа, во градот Пекан Бару (покраина Риау, на островот Суматра), во градот Медан (покраина Северна Суматра, на островот Суматра), во селото Рарингис и градот Томохон (покраина Минахаса, на островот Сулавези) итн. Само да им објаснам на читателите, во Индонезија постојат само пет признаени религии: исламот, римокатоличката, христијанството генерално, индуизмот и будизмот. Тие се под надлежност на Државниот оддел за религија. Сите религии што дејствуваат во Индонезија мора да бидат сместени во една од овие 5 законски признаени религии и мора да даваат годишни извештаи до Државниот оддел за религија за нивните активности и случувања. Православната Црква беше признаена како правно лице во 1991 година и таа спаѓа во Одделот за христијанство, кој е надлежен за која било христијанска организација освен за Римокатоличката црква. Индонезиската Православна Црква (GOI = Gereja Orthodox Indonesia) како правно лице е локална национална организација и не спаѓа под ниту една црковна јурисдикција бидејќи е под надлежност на индонезиската држава во рамките на Државниот оддел за религија. Канонската закрила на кој било епископ над Православната Црква не е законска туку духовна, така што според законот Епископот не е признаен од државата како поглавар на овој правен субјект (GOI), бидејќи на странски државјанин не му е дозволено да биде на чело на која било религиозна организација. Така, во согласност со законот, до сега отец Даниел Бјанторо е претседател и основач на GOI.


Православието денес од една страна е во привидна експанзија (пост-комунистичките земји, на пример Русија, Грузија, Македонија; во Америка има напредок; земјите од новиот свет...), а од друга страна се соочува со некои проблеми, посебно со кризата на етнофилетизмот, проблемот со календарот и постот, проблемот на дијаспората и различните јурисдикции со уште толку различни типици и правила... Тоа е и трагикомично по малку. Што мислите Вие, како можат да се надминат проблемите и поделбите?

Проблемите и поделбите што ги имаме како православни христијани можат да се решат само доколку сите ние пројавиме волја и желба да ја возобновиме првобитната визија за Црквата како Тело Христово, а не како дел од нашата етничка култура или нашата национална традиција. Како Тело Христово, „Нема веќе ни Јудејци ни Елини, ни роб ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Исус Христос“ (Гал. 3, 28). Треба да имаме цврсто убедување дека сме прво „православни“, а тоа дека сме Грци или Руси, Срби или Македонци, Романци или Бугари, Јапонци или Индонезијци итн., да биде ставено на второ место. Ако го издигнеме сопствениот национален идентитет над нашето православно убедување, тогаш јас, како Индонезиец, не би сакал да имам ништо со кој било човек од друга националност а кој е православен христијанин. ‘Православната свест’ треба да биде ставена повисоко од кој било културен, национален или етнички идентитет. Јас станав православен не затоа што сакам да бидам Грк или Русин, ниту пак затоа што немам своја култура – мојата култура е толку длабоко вкоренета и толку древна што не може лесно да се пренебрегне – туку станав православен заради првобитната непроменета апостолска Вистина, сочувана во целост само во Православната Црква. Јас имам сопствена култура и немам потреба да усвојам која било друга култура. Доволно ми е да бидам православен како Индонезиец и во контекст на индонезиската култура. Не морам да бидам Грк или Русин за да бидам православен. Старите Грци не мораа да станат Евреи за да ја примат апостолската вера проповедана од Христовите еврејски апостоли, ниту пак Словените мораа да станат Грци за да ја примат верата ним проповедана од двајцата солунски браќа Кирил и Методиј. Кога ќе го сфатиме ова библиско учење и историскиот корен на верата, тогаш овој грев на „етнофилетизам“ ќе биде искоренет од нашата православна средина. Што се однесува до различните практикувања во врска со календарот, разните типици и правила, како и постот, мора да има општ собир на сите Епископи од меѓународните Православни Цркви за да се разгледаат проблемите и да се усвои заеднички став за сите православни по светот.


И на крајот, која е Вашата порака за нашите читатели?

Покрај сето она што го кажав во ова интервју, би сакал само да ги потсетам читателите дека во овие времиња на религиозен натпревар во светот, не можеме да си дозволиме да го задржиме тесното гледиште за Православната Црква во смисла на наши малечки етнички енклави, туку мораме да го возобновиме вистинскиот дух на Православието кое ги опфаќа сите луѓе и сите нации по светот. Православието не е Црква на која било етничка група, туку е „Едната Света, Соборна и Апостолска“ Црква на Христос. Не смееме да го ограничуваме сфаќањето за Црквата, туку треба да го прошириме нашиот хоризонт на поимање. Така проширувајќи го хоризонтот, ќе можеме да се радуваме кога Православието ќе се шири насекаде по светот. Бидејќи ширењето на Евангелието Христово преку создавањето „ученици од сите народи“ (сп. Матеј 28, 19-20) е голема заповед која не можеме да ја игнорираме. Затоа јас сум повикан да му го проповедам Православието на мојот народ во Индонезија, каде што Православието не постоеше пред да ја почнам мојата мисија од нула во 1988 година. Како нова Црква имаме пред себе многу искушенија и подвизи, и финансиски и поинакви. Затоа ве поканувам сите вас, читатели, да учествувате во ова големо дело на проповедање на Евангелието Христово на народот во Индонезија. Ако некој од вас е заинтересиран да ни помогне на каков и да е начин, можете да се обратите на адресата на ова списание, а отец Гаврил ќе ми пренесе доколку постои некоја понуда за помош. Господ да ве благослови сите вас, мои православни христијански браќа и сестри. Слава Му на Исус Христос! Амин!

Разговорот го водеше игумен Гаврил од манастирот на свети Прохор Пчински во Мелбурн, Австралија.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная