логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Виктор Недески од Охрид студира на Теолошкиот факултет во Солун. Грците на почетокот биле љубопитни и изненадени од тоа од каде доаѓа, но тој не почувствувал доза на провокација и дискриминација затоа што е Македонец.


За Нова година и Божик Виктор (на фотографијата горе) е во родниот Охрид. Студира во Грција но иднината единствено ја гледа во Македонија. „Бесмислено е човек да замине од својата реалност да решава туѓи проблеми, а ги има во земјата во која се родил“, вели тој. Конкретно од теологијата посебен интерес кај него во текот на студиите предизвикала патрологијата – учењето на светите оци, иако и пастирското дело на црквата – свештеничкото за него е нешто многу возвишено и еден ден би го прифатил и тоа би го исполнувало. Сосема нормално, како за секој млад човек и Виктор го пронајдовме во едно кафуле на брегот крај езерото. Додека чекаме кафе со насмевка вели дека одамна навикнал луѓето да му го поставуваат прашањето зошто при мајка економист и татко познат ортопед тој студира теологија? „Уште како дете преку моето семејство кое беше длабоко навлезено во православната вера, го почитуваше и го негуваше духот на православието дојдов во допир со црковниот живот и мирисот на темјанот. По обновата на монаштвото во Македонија, особено во Бигорскиот манастир почнавме постепено семејно да го посетуваме. Така почна и моето духовно растење. Како средношколец во мене зрееше желбата за теологијата. Подоцна бев сигурен дека теологијата е мојот вистински избор.“ Среќата му се насмевнала. Игуменот на Бигорскиот манастир отец Партениј успеал да договори на Универзитетот „Аристотел“ во Солун да студираат Македонци. Така Виктор и неговиот пријател Антонио од Кичево со стипендија и благослов од МПЦ – ОА и надлежниот митрополитот Дебарско – кичевски господин Тимотеј пред пет години станале првите македонски студенти по теологија во Солун.

Како е да си Македонец во Солун ?

„Тоа што сме од Македонија уште по одењето таму направи да не останеме анонимни. Брзо се слушна, дојдоа двајца студенти – странци. Постоеше голема љубопитност – зошто, како? Ни поставуваа најразлични прашања, но немаше омаловажување или непријатни ситуации од страна на професорите или клирот на Грчката православна црква.“ Со оглед на тоа што ние сме во Солун да студираме теологија, а не народно кажано да „бистриме“ политика постојано беше форсирана идејата дека црквата е должна да не прими и да ни покаже љубов . Се случуваше со професорите да дискутираме за Македонија, каде е Македонија, дали постои или не македонски јазик? Ние си стоевме на нашиот став, професорите можеше да прифат нешто или не, но и покрај често различните ставови тоа апсолутно не влијаеше на ништо. Никогаш не бевме оштетени со оценка или со нешто друго затоа што сме од Македонија.“


Излегување на овој начин во светот, конкретно во Грција беше и е повеќе од потребно за да се разбијат одредени бариери кои постоеја и постојат, смета Виктор. „Проблем за непризнавањето на името и црквата е непознавањето на едни со други. Нашето присуство е доволен показател за работата на МПЦ – ОА како една здрава црковна организација која заслужува да биде дел од семејството од православните цркви. “ Токму двајцата студенти по теологија од Македонија и уште десеттината кои стигнаа во годините подоцна по нив сведочат за постоењето на МПЦ – ОА и темелите врз кои се гради таа.

Ќе го вратиме византиското пеење во македонските цркви

„Една од главните причини што заминавме за Солун беше изучувањето на византиската музика, која токму во последните децении за жал замре во македонските цркви. Причините се најразлични, политички, црковни… Но како наше изворно црковно пеење должни сме да го вратиме еден ден“, ветува Виктор. Тој активно членувал и во повеќе грчки хорови. Пеењето го изучува токму на изворот, каде што моментално е најсилна традицијата за оваа музика. За Виктор теологијата не е само наука, туку и начин на живот. Кога е во Охрид врсниците често го прашуваат за ставовите на црквата поврзани со Бог во современото општество, црквата и нејзината улога денес… А во Солун и на Света Гора е во својот свет. „ Покрај со студенти од Балканот контактираме и со православни студенти од арапскиот свет има и од Америка луѓе кои преминале во православие. Често не посетуваат странски професори од теолошките факултети од Бостон, Пенсилванија и од Минхен – Германија. Со тоа Теолошкиот факултетот во Солун ги обединува православните простори ширум светот,“ додава Виктор.

DW Милчо Јованоски



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2147
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2163
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 612
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/05/2026 -понеделник

Свети Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная