логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


19.12.2012

 

МПЦ треба да ги насочи напорите за свое признавање, како и своите дипломатски активности кон Руската православна црква, кон грчкиот блок цркви, а особено кон вселенскиот патријарх Вартоломеј, вели отец Партениј
  
 
 

ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ, ИГУМЕН НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

ИЗБИРАМЕ ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

Живеејќи го веќе цели 17 години православното монашко предание, бигорското братство стекнало многу духовни чеда и пријатели. Искушенијата што пред три години ги предизвикал пожарот ги надминале многу полесно, со заедничка поддршка од сите нив. Вака архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, ја опишува битката што изминатите неколку години ја води со одржување на манастирот, низ чии порти поминале и многу странски туристи.
Изминатава година манастирот почна да го добива конечниот лик. Доби мошти од свети Никола, подарок од Украинската црква, отец Јосиф од братството беше прогласен за викарен владика и беа излекувани многу млади луѓе, кои доброволно побарале помош од Бог во борбата за оттргнување од зависностите.
Во моментов Бигорскиот манастир брои вкупно 21 брат, 15 од нив монаси, а преостанатите се искушеници. Во бигорскиот метох, манастирот „Св. Георгиј“ во Рајчица, има 10 монахињи и една искушеничка. Во манастирот постојано престојуваат околу 25-30 млади луѓе, кои се борат против зависностите.

Од пеплосаниот манастир направивте најголемо духовно светилиште во Македонија, но и надвор од неа. До каде е изградбата на манастирските конаци?
- Градењето во Бигорски започна уште во 1995 година, кога беше основано нашето братство и возобновен монашкиот живот. Со Божја помош, Бигорски стана наше големо духовно светилиште, длабоко почитувано и надвор од Македонија и од страна на другите православни земји. По пожарот од 2009 година се изгради многу. Братството непрестајно вложува сили за обновата и на материјален план, а пред сѐ, и за духовното возобновување на манастирот и за ширење на евангелската проповед меѓу луѓето. Оттаму и големата почит што народот ја има кон овој, наш, голем, духовен центар. Авторитетот не се гради прекуноќ. Сета материјална градба во Бигорскиот манастир, вклучувајќи го тука и градењето на Горни Палат, кое е во тек, е плод на духовната преродба што се случува во манастирот. Досега за возобновувањето на Горни Палат е постигнато значително многу, но сепак, за неговото целосно завршување и осветување се потребни многу средства. Притоа, морам да ја изразам својата голема благодарност кон Владата, која досега ја помагаше изградбата, како и кон нашиот богољубив народ, поради неговите многубројни даренија.

Како ја оценувате 2012 година за духовниот живот во Бигорскиот манастир и во МПЦ-ОА?
- Нашиот манастир е добро познат по својата духовна мисија, особено меѓу младите. Ваквата духовна дејност во помала или поголема мера е карактеристична и за некои други манастири и духовници во МПЦ. Во рамките на МПЦ духовниот живот е во подем, иако не со посакуваниот интензитет. Радува тоа што извесен процент од младината, незадоволен од апсурдот што го нуди модерниот свет преку т.н. модерна револуција, под мотото „слободно општество“, барајќи излез од него, ги наоѓа патот и одговорот во единствениот вистински револуционер - спасителот Христос. Неговата револуција го прави човекот борец, најпрвин против страстите во себеси, а потоа и против злото во светот. Тоа е револуција на доброто над злото, револуција што ја победи смртта. Христовата револуција ги надмина сите досегашни револуции и таа би требало секогаш да е актуелна во нас, бидејќи секогаш е современа, во вистинска смисла на зборот. Само во црквата младите можат да ги најдат посакуваниот одговор и вистинската смисла на животот. Годинава имавме многу убави духовни настани, во контекст на 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија. Тука би ги издвоил двете прославувања на свети, прво на Пречистанските преподобномаченици, а потоа и на Битолските преподобномаченици, кои со своето мачеништво сведочат за истрајноста и пожртвуваноста на нашиот народ и за неговата силна вера низ вековите. Секако, да не ги заборавиме и двете хиротонии на новите епископи.

Сведоци сме на постојани напади на македонскиот јазик, името, идентитетот и на културата. Како Вие ги оценувате оспорувањата на сѐ што е македонско, зашто токму МПЦ е дел од македонското опстојување?
- Нашиот народ, одејќи го трнливиот пат за своја самостојност и државност, низ историјата наидувал на многу тешки искушенија и проблеми. И покрај сѐ, ние денес ја живееме реалноста за која сонувале и се бореле нашите предци, а тоа е самостојна држава. Меѓутоа, за обезбедување сигурна иднина на нашата држава, неопходна е национална платформа, изградена на темелите на вистинските историски факти, кои го потврдуваат нашиот национален идентитет. Таквата платформа треба да стане заедничка цел и дел од програмата на сите политички партии и национални институции во Македонија. За жал, морам да нагласам дека нашата најголема слабост лежи во тоа што ние досега сè уште немаме изградено ваква национална платформа, заснована на темелите на вистинските факти што треба да се земат од нашата многу славна и бурна, христоцентрична историја. И токму тоа е причината за многубројните доживеани порази. Но ги полагаме своите надежи во добриот Бог, кој ја чува нашата татковина во многубројните искушенија.

И оваа година остана отворено прашањето за признавање на МПЦ од сестринските цркви. Дали сметате дека следната година ќе биде пресудна за продолжување на дијалогот со СПЦ?
- Искрено се надевам, во името на христијанското братољубие, дека ова тешко искушение за нашата црква ќе биде надминато. Несомнено е дека за ова прашање многупати се дебатирало и, за жал, постојано се доаѓало до истиот заклучок - прашањето е повеќе политичко отколку црковно, бидејќи според каноните на православната црква, секоја држава може да има своја автокефална црковна епархија, па дури и ако претходно немала таква низ историјата. Ние, пак, слободно можеме да посведочиме дека низ историјата сме имале своја црква - славната Охридска архиепископија, која постоела и во време кога сме немале сопствена држава и таа била единствената надеж и поткрепа за нашиот народ. Нејзина наследничка денес е Македонската православна црква, што значи дека МПЦ има свој историски континуитет. Меѓутоа, повеќе од јасно е дека проблемот со непризнавањето на нашата црква лежи во нејзиното име.
Сметам и дека би било добро доколку нашата црква, во напорите за свое признавање, ги насочи своите дипломатски активности кон Руската православна црква, кон грчкиот блок цркви, а особено кон неговата светост, вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој е исклучително духовна личност, што е посведочено во многу случаи, кога со неговото искрено залагање различни црковни проблеми се решиле на богомудар начин. Наша должност како монаси е да му се молиме Бога ова прашање што поскоро да го реши и нашата црква да биде примена во заедницата на преостанатите помесни православни цркви, за доброто на целото православие.
 
   
Автор: Радмила Заревскa

Извор: Нова Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная