логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 zima.svnikola3.jpg

(продолжение)o.partenij2.jpg

 20. Дали се издвојуваат етапи, фази во процесот на лекување и кои се тие?
 
  Од согледаното во моето повеќегодишно искуство и пожртвувано работење со нашите ближни, кои паднале во оваа духовна демонска болест, лекувањето и нивното целосно избавување би го поделил на три фази.

 Првата фаза се состои од детоксикација, чести разговори со духовникот за наркоманијата како големо зло, укажување на сите беди што произлегуваат од неа и како втор дел од првата фаза, посочување на литература за основно запознавање со христијанските вистини -катехизација. Ова е потребно бидејќи тоа се претежно млади луѓе кои немаат основни познавања за верата. Оваа фаза трае еден до два месеци.

 Во втората фаза, откако апстинентот физички наполно се очистил, се запознал со Божјото откровение и со вера го прифатил, се преминува на разговори што треба да предизвикаат вистинско покајание, значи разговори во кои го истакнуваме големото значење на самата света тајна покајание или исповед. Во оваа фаза е и првата исповед и првата причест. Во многу случаи првата исповед не е доволно искрена, па токму затоа вистинското благодатно чувство, кое доаѓа од самата света тајна покајание, а подоцна и од соединувањето со Христа во Евхаристијата, не следува во полнота. Но потоа доаѓаат и многу други исповеди на кои апстинентот е целосно отворен, се учи на искреност и послушание кон својот духовник, самиот чувствува потреба од духовни разговори и исповеди за сето тоа што го правел во текот на својот живот. Со тоа кај апстинентот веќе се чувствува голем психофизички напредок, кој лесно се забележува од околината и од неговите родители, кои имаат можност да го посетуваат во манастирот. Оваа фаза трае три до четири месеци.

 Во третиот дел од лекувањето апстинентот е целосно избавен од погубната страст и веќе од неговите мисли е исклучена можноста за посегање по наркотици. Тој веќе навлегол во светотаинскиот православен живот, одговорен е на секое послушание што му е дадено во манастирот, кај него се видливи желбата и интересот за читање на духовна литература, за учество во богослужбите, а се јавува и желбата за честа причест. Во оваа фаза тие веќе и заминуваат во своите домови, се социјализираат, се вработуваат, многупати по препорака од самиот манастир. Надвор, како што ние монасите велиме "во светот", тие се прифатени и заедничарат со сите членови на црковната заедница. Нивната приврзаност кон духовникот и кон манастирот, како и кај сите други христијани, останува до крајот на овој земен живот - што значи бесконечно заедничарење во Христа, бидејќи во Него нема смрт.

21. Кога и како го остваривте/остварувате првиот контакт со зависниците?

Првите контакти обично се остваруваат преку телефонски разговори, бидејќи повеќето од луѓето што живеат во Црквата многу знаат за нашата работа и ги упатуваат зависниците кај нас. Некогаш првиот контакт е и директен, зависниците доаѓаат во манастирот, донесени од своите родители или сами, без претходно најавување. За таквите лица - дали ќе бидат примени или не, решаваме врз основа на нивната психофизичка состојба, како и од условите во манастирот.

22. Во која фаза од лекувањето тие имаат најголема потреба од Вас?

o.partenij6.jpgПотребата од духовникот е постојана. Секако, кога се во прашање зависниците, најголема потреба се јавува во нивната прва фаза, кога е најтешко и за нив и за духовникот, бидејќи тоа е период кога тие треба да почувствуваат колку духовникот е пожртвуван за нив, колку време им посветува, колкаво е неговото трпение кон нивните слабости итн.

23. Дали остварувавте контакти со нивните родители и колку често?

Во многу случаи, лицата што се лекуваат кај нас се донесени од нивните родители. Со тоа контактите се остваруваат уште на самиот почеток и продолжуваат и понатаму, во текот на процесот. Ваквите контакти на родителите со манастирот се од духовна полза, како за самите деца така и за самите нив.

24. Можете ли да ја опишете состојбата на зависниците кога тие бараат за прв пат помош од Вас?

 Во првите седмици нивната состојба е очајна. Психофизички изгледаат наполно ужасно. На лицето и во очите им се забележува духовно мртвило, тоа се во целост острастени и помрачени лица. Лесно може да се констатира дека со нивната личност раководи демонот преку ужасната страст. И ни претстојува голема борба, со помош Божја, да излеземе од канџите на оваа духовна обземеност. На почетокот тоа не се личностите што дури по некое време ги запознавам. Дури по првото покајание, преку многуте разговори, и со содејство на Божјата љубов и  на благодатта на Светиот Дух во манастирот, личноста ќе излезе на површина. Тогаш ќе препознаам во нив личности со свои вредности. Тоа за мене претставува голема радост.

25. Зошто бараат помош токму од Вас, односно Црквата, манастирот?

Спасителот вели: "Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам..." И уште вели: "Јас сум Светлина на светот;  кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот."
 Значи, сите се повикани да тргнат по Христа, Кој е патот и Светлината и животот. Јас многупати во моите поуки кон нив им зборувам за тоа колку треба да бидат благодарни што, по нечии молитви, го слушнале гласот на Спасителот и дошле да го бараат лекот токму овде во манастирот. А манстирот пак, иако скриен во овие шуми, е евангелски град кој веќе 1000 години свети како светило на врв на планина. Со обновеното монаштво во последнава декада, како голем дар за сите нас, тој повторно, благодатно, евангелски ни свети, како што светел и наназад, низ неговата долга историја.

26. Пред да побараат помош од Вас дали биле лекувани на други места (пр. во медицинска установа)?

 Пред да дојдат кај нас, повеќето од нив биле лекувани во медицински установи. Оние деца што имале побогати родители биле индивидуално лекувани кај психијатри и за тоа плаќале големи суми. Многумина од нив биле на метадонска терапија итн. За жал, сите тие набрзо по апстиненцијата, повторно се вратиле на дрогата.

27. Како ги поминуваа апстиненцијалните кризи, кои беа манифестациите и колку време тие траеја?

Апстиненцијлните кризи се еден од најтешките периоди на зависникот. Обично тој период е проследен со многу болки, препотување, нервоза, потреба од лекарства за смирување и многу помисли за напуштање на манастирот. Тоа е најтешката борба. Со Божја помош и со помош од духовникот, повеќето од нив, од неа излегуваат како победници. Ваквите кризи, проследени со телесни манифестации, траат најмногу еден месец.

28. Во почетокот, во фазата на детоксикација, дали користат метадон или пак, друга медикаментозна терапија и колку време трае тоа?

Моето искуство покажа дека метадонската терапија, доколку се користи во подолг период, создава зависност со слични симптоми, до одредена мера и полоши од оние кај дрогата. Затоа во манастирот користењето на ваква терапија може да трае најмногу до две седмици, при што во тој период истата се спушта на нула и потоа се оди на целосно откажување од терапијата. Додека трае тој процес, апстинентот, од време на време, може да добива диазепами или други медикаменти за смирување, во сосема мала количина и со тенденција да се откаже наполно и од примањето на вакви лекарства за смирување, а до смиреноста на духот да се дојде преку еден вистински христијански  начин на живот.

o.partenij11.jpg

29. Се чувствуваа ли истоштени, изморени и колку време тоа трае?

Првите две седмици по доаѓањето во манастирот, апстинентите претежно времето го поминуваат во постела, чувствуваат истоштеност проследена со многу болки во коските, доцнат на утринската богослужба, не можат да стојат простум на службите. Ваквата интензивна телесна криза обично не трае повеќе од две седмици.

30. Дали контактиравте или можеби се консултиравте со лекар?

Секогаш кога ми беа потребни совети се консултирав со лекари, кои се мои духовни чеда, кои често го посетуваат нашиот манастир, знаат за работата што ја работиме во манастирот и секогаш се подготвени да помогнат со свои стручни совети.


31. Во периодот на апстенинцијалните кризи дали зависниците имаат некој посебен вид на искушенија?

Посебно искушение, кое можам да го истакнам во тој период, е слабата волја, колебливоста за тоа дали ќе можат да издржат до крај. Тогаш се потребни многу разговори за јакнење на нивната волја и охрабрување да истраат низ сите искушенија.

32. Какви состојби забележувате во нивните интелектуални способности?

На почетокот кај нив се забележливи сите видови на интелектуални слабости, како на пример забавеното проследување на мислата, расејаноста, потребата од подолг период да се запомни слушнатото или прочитаното, да се разбере тоа што го објаснуваат другите, но отпосле тие состојби се надминуваат. Кај некои тоа станува за пократок временски период, а кај некои е потребно повеќе време. Ова веројатно зависи од тоа колку време конзумирале наркотични средства, но, можеби, во мала мера и од интелектуалната поткованост и способност на звисникот.   

33. Како ги поднесувавте нивните негативни однесувања, дали преземате нешто во однос на тоа?

Имајќи ја в предвид нивната тешка острастена состојба, многупати изиритиран, се потсетувам на зборовите од апостол Павле: 'Нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата." Така се смирувам и се трудам со љубов да бидат надминати сите проблеми и на крај, да биде извлечена духовна поука.

34. Кој беше изворот од кој тие црпеа сила за да истраат во искушенијата?

o.partenij10.jpgВо моменти на искушенија извор на сила им беа љубовта, грижата и поуките на духовникот, кој ги упати на изворот на живата вода - Христос. Од Него пиејќи, тие се стекнаа со духовна сила да истраат во сите искушенија.

36. Дали тие се целосно, ама баш до крај, искрени при исповедта? Што придонесе за тоа да биде така?

На првата исповед се случува да сокријат нешто, не зашто за тоа не се покајале, туку од срам. Понатаму, на сите други исповеди тие се наполно искрени. Кај нив се чувствува длабоко покајание и гризење на совеста за сè она што го направиле. Кон искреното покајание ги доведува самата духовна атмосфера во манастирот, богослужбите, разговорите, послушанието, читањето духовна литература итн.

37. Што им беше најтешко да исповедаат?

Кога човек ќе добие вистинско покајание, знаејќи дека со сите вистински исповедани гревови ќе доживее потполна благодатна заедница со Бога, тој ги исповеда сите сторени гревови, без разлика колку и да му е тешко да го направи тоа.

38. Дали се случува да лажат при исповедта или можеби да прикриваат нешто?

Само кога исповедта е поттикната од вистинско покајание не се лаже, ниту се сокрива нешто, а кога не е така, духовникот тоа го забележува и продолжувајќи да го насочува своето чедо се труди да го разбуди за вистинско покајание и исповед.

39. Како се чувствуваат кога во наредната исповед ќе го кажат излажаното, прикриеното?
 
На следната исповед тие се поттикнати од благодатта Божја која ги охрабрува да можат конечно да го отворат своето срце пред својот духовник и отворајќи го така, со искреност, го предаваат да биде очистено, преку светата тајна покајание, од секаква дамка на минатиот грев.

o.partenij9.jpg

40. Дали кај нив дојде до покајание, дали плачеа, дали се јавува чувство на вина? Дали сакаа некому да му се извинат, бараа ли прошка?

Покајанието е и состојба во која човекот, барајќи прошка од Бога, бара прошка и од сите оние на кои им згрешил. Апстинентите, покајани, бараат прошка од сите оние што ги повредиле. И не само тоа. Тие дури целосно го менуваат својот однос кон нив, т.е. почнуваат христијански љубовно да живеат, како со нив така и со сите други.

(продолжува)

 

"Кога демоните ќе завладеат со душата,..“ 

zima.svnikola3.jpg Интервју со о. Партениј (I дел)

 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная