логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Митрополит АМФИЛОХИЈ (Радовиќ)

Темата на човечкиот пад е антрополошка тема. Согласно со Божјото откровение, човекот е битие кое е на границата на световите, битие во кое Бог замесил тесто-материјално и духовно; тој е зеница на вселената, создание створено според образот и подобието Божје. Тој е создадено битие, но незавршено битие. Човечкото битие не е само пресликано, не е просто само отсјај на Божественото, туку истовремено има и динамичен дар да, врз основа на она што е, постане нешто многу повозвишено и многу посовршено. Тоа всушност и значи праобраз. Значи, создаден е од образот, според образот – иконата, но и според обликот – подобието. Подобието е нешто кое се движи кон образот. Со образ кон образот – во тоа е распонот и динамизмот на човечката личност кој е основно својство на човечката природа и нема ниту една земна философија која би го довела тоа под знак прашање. Секоја философија и наука опитно знаат дека човекот е динамично битие, исполнето со исклучителни можности. Битие, кое богословски речено, не е само дадено туку и зададено. Човекот е задача, Божја и на природата во која се раѓа, и своја сопствена задача.

Она, што ни сведочи Библиското Откровение, а истото го посведочува и универзалното човечко искуство е факт, од една страна можности кои човекот ги поседува како битие, а од друга страна, постоење на нешто што го ограничува, што го помрачува. Низ  целата историја човекот се открива како битие, добро по природа, но и битие кое е загрозено од она што го нарекуваме зло, битие кое со нешто е обременето. Во сите религии и во оние природните, дохристијанските, присутно е не само чувството дека човекот е несовршен, туку и дека човечката природа онаква каква што е сега не е првобитната човечка природа, дека со неа нешто се случило. И дека е неопходно нејзино очистување, нејзино враќање во првобитната состојба која е изгубена.

Се разбира, се зависи од дострелот на религиозната свест, или научна и философска, за да се даде некое објаснување за тоа што се случува со човекот. Модерната психоанализа и не само таа, тврди и пронаоѓа, како една од егзистенцијалите, нешто што е најдлабоко во свеста на човекот, нешто што човекот го носи со себе – чувството на вина. Некаде во длабочините на човечката колективна свест постои чувството на вина. Како и чувство на страв. Многумина сметаат дека овие две стварности, стравот и вината, се нешто што е најдлабоко во човечката природа. Постојано се трага по нивните причини: дали се тие во воспитанието, религиозно или некое друго, или се тие во нешто кое е подлабоко од социо-психолошката состојба во која се наоѓа човекот? Дали е тоа нешто што е условено од општеството, или е нешто кое човекот го носи во себе, кое го наследува од своите предци и кое се пренесува од поколение на поколение и го оптеретува?

Човекот е она што тој јаде

Библиското Откровение има свој одговор на своето прашање кое не е од вчера. Уште од времето на Стариот Завет е зборувано за човековиот пад, прародителскиот грев. На човекот создаден од Бога, кому му е дадено да биде господар од птиците небесни до морските риби и на секое создание, да господари со небото и земјата, кому му е даден од Бога дарот да господари, дадена му е и една, единствена заповед: да не јаде од дрвото на познанието на доброто и злото, ’зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш’ (Битие 2,17). И како што понатаму зборува Мојсеј: “Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па и рече на жената: "Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот? А жената и рече на змијата: Ние јадеме род од секое дрво во рајот; само од родот на она дрво среде рајот, - рече Бог, - не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете! Тогаш змијата и рече на жената: "Не, вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло." И потоа следи еден генијален опис за тоа како созрева гревот во душата на човекот, во неговиот ум, во срцето, и како се претвара во дело; како созреал во умот, во срцето и душата на Ева и се претворил во дело, потоа во Адама, и како непрекинато, низ целата историја секој човечки грев го содржи истиот процес на созревање. “Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше“. Свети Јован Богослов, во своето послание, анализирајќи ги на еден поинаков начин овие три основни моменти во процесот на созревање на гревот во душата на човекот, зборува за “похота на телото, похотливост на очите и горделивост на животот (1Јн. 2,16). Значи на прво место е похотата на телото: дрвото кое е добро за јадење. Прва и најдлабока потреба на човекот е потребата за храна. Човечкото битие без храна не може да постои. Во тој поглед Фоербах бил во право кога рекол дека човекот е она што тој јаде. Само што тој како материјалист сметал дека човекот е тело и дека само телесно се храни. Меѓутоа, човекот не е само тело и не се храни само телесно, туку е и душа и се храни духовно. Ако се храни само со телесна храна, тогаш е природно да биде само телесно битие. Ако се храни и со нешто друго, тогаш ќе биде и нешто друго, поголемо од тоа.
Првото искушение на човечката душа, прв нејзин поттик е прашањето за храната. Тоа е похот на телото. Човечкото битие по својата природа е гладно. А гладно е затоа што не е совршено. Она што не е совршено сака да го надокнади своето несовршенство, да го надополни. И телото и душата и умот имаат потреба од своја храна.

Второто искушение е похотливоста на очите – “убаво за гледање“. Длабоко во природата на човекот е всадена жедта за убавина. Тоа се гледа уште кај детето. Човекот ранет од убавина, бара да ја задобие убавината за себеси. И трето – “дека дрвото е  пожелно поради тоа што дава знаење“?! Храна, убавина, знаење – трите најдлабоки човечки потреби: похот на телото, похотливоста на очите и гордост на животот според св.Јован Богослов. Преку нив на човекот му доаѓаат искушенијата, т.е. на Ева. А Ева ја носиме во своите коски: од една крв е крвта на сите луѓе. Демонската сила која во Рајот се појавува во вид на змија, иако лаже од самиот почеток и затоа се нарекува “лажец и татко на лагата“, не нуди нешто што е потполно лажно, бидејќи така човекот веднаш би го препознал. Тоа што го говори, таа најпрво го облекува во чудесно руво за да може да измами. На првото место и подметнува на Ева и и вели: Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот, лажејќи, бидејќи Бог им рекол да не јадат само од едно дрво. Откако не успеала, потоа им вели дека Бог тоа им го кажал за да ги лиши од најдлабокото знаење.

Смислата на првата Божја заповед

Демонската сила, значи атакува на трите основни потреби на човечкото битие. Така било и во почетокот, така е и сега. Сета модерна цивилизација може да се протолкува низ призмата на ова првобитно искушение, Евиното. Интересно е дека исто такво искушение Му се нуди и на Христос во пустината. Во четвртата глава на Евангелието од Матеј  се говори како настапува големиот пустински дух – тоа генијално го опишува Достоевски – “претвори ги камењата во лебови, гладен си. Претвори ги камењата во лебови и целиот свет ќе тргне по тебе.“ Нели модерните системи, се до системот на современото потрошувачко општество, а да не зборувам за марксизмот, токму на тоа искушение придобиле милиони луѓе за себе? Леб и игри нуделе уште и древните римски императори. На првото искушение се слушаат зборовите Христови: “Не само од леб  ќе живее човекот , туку и од секој збор кој излегува од устата на Бога“.   Преку Христовата победа на искушението на кое паднала Ева, нам ни се открива смислата на првобитната заповед. Од секое дрво јади, но од дрвото на познанието на доброто и злото немој да јадеш. Што тоа всушност значи? Во што е сржта и смислата на оваа првобитна заповед?

Бог му ја дал природата и сета твар на човекот на употреба. Но не му разрешил злоупотреба на тварта. Првобитната заповед е призив кон човекот да воспостави правилен однос кон себси, кон Бога, кон тварта околу себе. Оваа заповед стои како проверка на неговата слобода, на неговата волја, на неговиот став. И му вели: Употреби ја творевината, но на начин кој е согласен со твојата природа и со твојот вечен призив. Што и нуди демонот на Ева? И ја нуди неговата природа. И вели дека таа е единствен извор на нејзиниот живот, на нејзиното знаење, на нејзиното познание на доброто и злото. И вели дека заповедта не е извор на нејзиниот живот, туку ја ограничува нејзината слобода, нејзиното битие. Бог наводно тука неа и поставува граница. Огромна лага! Значи и вели: Врати се само на себеси, ќе сокријам дека ти си ограничена, врати и се на природата, ќе сокријам од тебе дека природата според своето устројство е ограничена. Не е за тебе храна зборот кој излегува од устата Божја, односно таа заповед, како мерка на постоењето, како призив човекот да го употребува светот и преку него да возрастува и созрева за јадење на посовршена храна од онаа која  ја дава светот и творевината.

Природата, тоа се “камењата“. Не може човекот, кој е посовршено битие од природата, да го открие своето совршенство и да постигне полнота на своето битие во природата која е од него помалку совршена. И тука е неговиот пад, падот на Адам и Ева, падот на секое човечко битие од Адам и Ева до денес. Штом се заврти кон природата, штом ја обоготвори природата, се обоготвори себеси, тогаш храната од природата ја смета за единствена, а за тварта смета дека е извор на неговото знаење на доброто и злото и најдлабоките негови мудрости. Убавината на созданијата околу себе  ја смета за единствена убавина, смета дека е тој полнотата на убавината за која чезнее; дека храната од природата е полнотата на храна за која чезнее и дека знаењето кое го црпе од природата, од тварта, е полнота на знаење со кое тој се заситува себеси и задобива “гордост“ во животот. Односот кон тварта, кој е осветлен со Божествениот збор се пореметува, бидејќи се потиснува вистината за Божјата заповед. Таа се прогласува за лага, а ова се подметнува како вистина.

Мнозина од Светите Отци тврдат, не без причина, дека таа првобитна заповед Божја, била заповед за пост, всушност повик кон човекот за распнување на својот ум. Свети Григориј Палама зборува дека со таа заповед е предукажана тајната на Чесниот Крст. Посниот однос кон тварта, е однос на воздржание во смисла на почитување на самата твар и во смисла на трагање по нешто многу посовршено од самата твар. И како што се вели кај Светите Отци, човекот преку својот пад всушност ја погазил заповедта – за пост. Првата Божја заповед, во која се содржани сите други. Тој со тоа се оттуѓил од Бога, зашто Божјиот збор е токму таа сила со која човекот се држи за Бога. Затоа и вели: “Во оној момент кога ќе вкусиш, ќе умреш“. Што значи: во оној момент кога кога ќе ја погазиш оваа заповед, кога ќе се одречеш од зборовите Божји, како храна, таа изворна и исконска мудрост која го осветлува твојот живот и твојата судбина, ти си се оттуѓил од Бога, си паднал во светот, “јудол плачевна“, како што вели Његош, долина на тага и плач. Таму каде настапува човечкото слепило и каде што човечкиот живот е “страшно сновидение“. Тогаш веќе не знаеш ни кој си, ни што си.

Гордоста на повредениот ум и смиреноумие

Падот е всушност погрешен однос на човекот кон себе, кон Бога и кон тварта. Тука потоа се раѓа и многубоштво, обоготворување на сонцето, месечината, ѕвездите, обоготворување на друг човек, на себеси, на својот ум, на своето знаење. Токму првата недела од Великиот пост ни зборува за фарисејското високоумие, неговата “високоречивост“, “високоглаголание“, “гласот на неговата гордост“ – тоа се стари словенски изрази, полни со содржина и длабока смисла – за разлика од цариникот кој се удира себеси во гради и вели: “Боже, биди милостив кон мене грешниот“, кој е исполнет со смиреноумие, со “големината на смирените зборови“. Ако умовредната гордост (гордоста на повредениот ум) која ги затрула Адам и Ева, па тие со таа гордост ја погазиле заповедта Божја, е причината за човековото пореметување, тогаш почеток на човечката обнова е неговото враќање кон смирението пред Божјиот збор, пред вечната мудрост; и преку смирението примање на вечната светлина која тогаш го осветлува човечкииот пат и му дава вистинска мера на неговото знаење,  на неговото однесување, на неговиот живот и животот на светот во кој се наоѓа.

Повик за духовен и телесен пост

Смиреноумието како темел на животната философија. И постот како пат да се задобие тоа смиреноумие на животот. Постот - не како формално придржување кон некои правила, јадења и сл. Првиот призив на постот е“Да постиме браќа духовно, да постиме и телесно“. Како и добродетелта и гревот се зачнува во срцето на човекот, па потоа оди понатаму. Кога ќе допре до умот потоа оди кон дело, кога ќе постане дело тогаш се извршува со човечкото тело; затоа, ако сака човек вистински да се обнови, да се промени, да го промени својот однос кон творението околу него, кон тајната на која почива, тој мора целиот да се ангажира во таа нова “промена на Десницата Господова“. А таа промена е токму она на кое призива постот, како враќање кон исполнувањето на првобитната заповед.

Нема вистинска обнова на човечкото битие, нема промена во човекот, вистинска, морална, духовна, економска, душевна, без постот. Нема поважна должност, токму за модерниот човек од неговото враќање кон постот. Постот- како длабинско преумување, пренасочување на целокупното човечко битие, како подвиг на човекот како што би рекол Солжењицин, на самоограничување, на воздржание, воспитание, на својата волја, на својата слобода. Тој и таков пост е нешто кое Црквата го проповеда од памтивек.

Прашањето за постот, значи е прашање на животна философија: прашање за обнова на човечкиот дух, на човечкото тело, на човечкото општество, на човечката заедница. Прашањето за постот е прашање за здравјето. Прашањето за постот е прашање за вистинска и права љубов и најдлабоко човекољубие.


Превод: М.З.   



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная