логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Преображение на Спасителот (1985) – беседа за Преображение Христово на старец Архимандрит Георгиј Капсанис (1935 – 2014), игумен на манастирот „Преподобен Григориј“ Света Гора

Духовно се пренесовме на гората Тавор, каде што се случило Господовото Преображение. Духовно го видовме нашиот Спасител – Богочовек преобразен, блеснат како сонцето, а Неговите алишта бели како светлина. Ги видовме претставниците на Стариот Завет, најголемите старозаветни мажи: пророците Илија и Мојсеј. Ги видовме како разговараат со Исус. Ги видовме светите апостоли како се восхитени и зачудени. А, како што кажуваат луѓето што ја посетуваат гората Тавор, на денот на празникот, целата гора мириса убаво. Така, дури и преку тој знак, преку тоа небесно благоухание, што го чувствуваат поклониците на гората на Преображението, Господ дава уште еден доказ за Неговото присуство и за Неговата благодат на таа благословена Таворска Гора.

 

3.angeli.so.truba


Преображение

Сите христијани, кои Го љубат Бога, во себе имаат еден копнеж: сакаат и тие да се преобразат. Не сакаме нашиот живот да остане телесен, не сакаме нашиот живот да остане на ниско и земно ниво, и да се сведе на празнотија, страсти и гревови. Можеби сме грешни и острастени, но во длабочината копнееме по нешто друго. Копнееме да се преобразиме, да престане острастеноста и да станеме духовни луѓе. Копнееме да го победиме стариот човек, да го победиме егоизмот, а Христовата светлина да ја победи темнината што е внатре во нас. Па така, од помрачени, какви што сме, и ние да блеснеме во Христовата светлина уште во текот на сегашниов живот.

Затоа и денес, кога Го видовме нашиот Бог и Спасител во таа Светлина, повторно во нас се запали копнежот да се преобразиме и да учествуваме во таа Божја светлина; и нашиот живот да биде светол, духовен, свет, каков што бил светол, свет и духовен животот на Синот и Логосот Божји, нашиот Христос.

Но, настанот на Преображението ни укажува на начинот како и ние можеме да учествуваме во таа Светлина и да заблескаме во неа, а нашиот живот да стане светол живот. Браќа мои, да обрнеме внимание на три работи:

Прво, Господовото Преображение, според црковната химнографија, се случило „на висока гора“.[1] Не се случило на некоја долина, на ниско, туку на високо. Отците на нашата Црква толкуваат дека тоа го има следново значење: човекот, за да учествува во Христовата светлина, треба да се издигне на повисока духовна состојба, да ги победи страстите и да ги исполни Божјите заповеди. Потребно е издигнување, за да Го видиш Бога. Не можеш да Го видиш Бога од долу, среде уживањата, суетата, хедонизмот и комфорот, туку треба да се издигнеш над сето тоа. А како ќе се издигнеш над тоа? Ако се бориш да ги победиш страстите, стариот човек, телесниот менталитет, егоизмот, гордоста, желбата за слава, неумереноста и неправедноста. Кога ќе се избориш и го надминеш сето тоа, извршувајќи ги Божјите заповеди, тогаш тоа е издигнување на Таворската Гора, а според светите отци, тоа се нарекува практика.

3.angeli.so.truba
Таворската Гора

Второто што го направиле светите апостоли, за да учествуваат во таа Светлина, како што видовме денес, е фактот дека биле послушни. Не се издигнале по своја волја, и не Му рекле на Господ: „да одиме на Тавор“. Господ им рекол: „дојдете со Мене, да одиме на Тавор“. Тие рекле „нека е благословено“, и пошле со Господ; биле послушни. Значи, за да можеме да учествуваме во Божјата светлина и за да заблескаме и ние во таа Светлина, треба да бидеме во послушност кон Божјите заповеди, кон Црквата и кон духовниот отец. Не може човекот надвор од послушноста кон Христовата Црква и кон духовниот отец да ја види Светлината на Господовата слава, да учествува во неа и да се радува. Затоа, втората работа на која треба да посветиме внимание ние, православните христијани, е следново: послушноста е неопходна за да може нашиот живот да се преобрази.

3.angeli.so.truba

Меѓутоа, не биле послушни само светите апостоли, туку и нашиот Владика Христос. Тој Му бил послушен на Бог Отецот, бидејќи Богочовекот Господ постојано ја извршувал волјата на Отецот. Тоа што Господ ја примил таа слава на Преображението и ја покажал како Бог, а Неговата човечка природа се прославила како што се прославила, се должи и на Неговата послушност, што со крајно смирение ја имал кон волјата на Небесниот Отец.

И третото нешто што ни остава впечаток е фактот дека светите апостоли можеле да земат учество во таа Светлина, затоа што биле во заедница со Христос, а преку Христос со Бог Отецот и со Црквата. Тоа е услов за учество на христијаните во Божјата светлина. Апостолите не биле индивидуалци, кои се труделе да бидат благочестиви, затворени во себе и изолирани од Христос и од Црквата. Тие биле членови на Црквата; а штом биле членови на Црквата и на Господовото братство, тие можеле да ја видат Христовата светлина. Во тоа време имало многу луѓе, кои биле и помудри и поспособни, а можеби и „подобри“, од човечки аспект, од тројцата апостоли. Тие тројца апостоли имале свои слабости и недостатоци, како што и самите опишуваат во свештените Евангелија. Меѓутоа, Светлината на Преображението не им се покажала на помудрите, поспособните и, можеби, подобрите луѓе од тројцата ученици, туку им се покажала токму ним. Зошто? Затоа што тие биле во Христовата Црква, биле членови на Црквата Христова, односно биле Христови браќа. Значи, гледаме дека и ние, денес, ако сакаме да земеме учество во Христовата светлина, треба да сме членови на Црквата Христова. Во нашата света Црква се: Божјата благодат, Христовата светлина и Преображението. Затоа, ако имаме трпение и живееме во Црквата, и ако се бориме да сме живи и свесни членови на Црквата, учествувајќи во светите Тајни, причестувајќи се со телото и крвта на нашиот Христос, исповедајќи ги со смирение нашите гревови, немојте да се сомневате дека и во нас ќе блесне Христовата светлина, како што блеснала во сите свети луѓе на Земјава.

Браќа мои, да се радуваме денес, затоа што неискажливата, серадосната, пресветата, преубавата и прекрасната Светлина, од чие гледање не можеле да се заситат Господовите ученици на гората Тавор, можеме и ние да ја видиме, да ја почувствуваме и да и се радуваме уште од сегашниов живот. Таа Христова светлина е и за нас, и доволно е само да ги правиме оние три нешта кои ги кажавме: издигнување, послушност, и да сме во Црквата Христова, свесни членови на Црквата и Христови браќа.

3.angeli.so.truba


Старец Георгиј Капсанис (1935-2014)

Господ блесна заради нас, а не заради Себе, и сака и ние да и се радуваме на таа Светлина. Браќа мои, да ви кажам нешто: на што било и да се радуваме во животот, ако не и се радуваме на таа Светлина, тогаш не сме почувствувале вистинска радост. На што било и да не сме се израдувале во животот, доколку сме ја виделе таа Светлина, тогаш сме се зарадувале со вистинска радост и се оправдало нашето постоење. Тој што и барем бледо видел нешто од таа Христова светлина, потоа не сака ништо друго. Таа Светлина е Бог. А штом Го вкусиш Бога, тогаш што можат да ти направат другите нешта во овој живот?

Браќа мои, и ние да имаме копнеж кон Небесното. Да се одлепиме од земјата и од трулежното, суетното и секојдневното. Нашиот копнеж нека биде насочен кон Небото. Секако дека ќе се движиме по земјата, но погледот на нашата душа, нашиот копнеж, нашата носталгија нека бидат кон Бога. А кога, во моменти на слабост, како луѓе ќе паднеме, тогаш да не остануваме во падот, туку повторно да се подигаме и да ја продолжиме борбата, сè додека Христовата светлина нè очисти и просветли сите, внатрешно. Па така, ќе биде победена, во нас, гревовната и острастена состојба, а сите ние ќе станеме светли, како што бил светол нашиот Избавител, Богочовекот Господ.

Таа радосна порака ни ја пренесува, на сите нас, денешниов ден. Христовата светлина е вистинската радост. Браќа мои, ви посакувам и вам, кои со копнеж дојдовте од далеку да се поклоните на Света Гора, за која точно е кажано дека е гора на несоздадените енергии и на која блеснала Таворската Божја светлина, да ја усвоите таа Светлина во себе таинствено, умствено и срдечно. И, да ја затворите таа Светлина внатре во срцето. Нека ве придружува гледањето на таа Светлина, и да ви го засладува животот во текот на вашата секојдневна борба, во вашите семејни и лични тешкотии. Таа Светлина нека ве радува, нека ве води кон Небото, нека ви биде утеха во часот на вашето заминување од овој свет; таа Светлина нека ни биде радост на сите нас во вечното Царство на нашиот Господ, коешто е Царство на таа невечерна Светлина.

Посакувам Христовата светлина да го осветлува вашиот животен пат.

[1] 2. И 3. стиховна стихира на вечерната богослужба, 1. Литиска стихира и стихира на Слава од Хвалитните, Минеј за август, 6 ден.

Извадок од: Беседи на неподвижните Господови и Богородични празници : (1981 – 1991). Т. 1 / архимандрит Георгиј Капсанис; Скопје : Скопска православна епархија, 2019, (стр. 108-115)

Збор два со љубов за мојот старец

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/gospod-blesna-zaradi-nas-i-saka-i-nie-da-i-se-raduvame-na-taa-svetlina/

 

 3.angeli.so.truba

 19ти абгуст 2020 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная