За птиците, небото – секогаш е слобода. За монахот, таквото небо – е во Христос. И така, кога во срцето е Христос, тогаш тоа станува небо, а монахот станува птица.
– „Погледнете ги птиците небесни: тие ни сеат, ни жнеат, ни собираат во житници; и вашиот Отец Небесен ги храни“, вели Господ во Евангелието. Светот се обидува да го оспори тоа право и ни го наметнува едно негово досадно одвлекување – „да се избере, од две зла, помалото зло“.
– И што стори? Избра? – го прашувам еден монах.
– Не. Мене тоа не ми треба – ни помало, ни поголемо… никакво.
Такво е и небото, кое се гледа во очите на птиците – во споредба со него, секој земен избор ја губи својата привлечност.
Монах Нил