Знаеш ли, дете мое, зошто облаците се затвораат тогаш кога полињата се жедни за дожд, а се отвораат тогаш, кога полињата дожд не сакаат?
-Од злосторствата на луѓето природата се збуни и редот свој го напушти!
Знаеш ли, дете мое, зошто нивите тежок плод во пролет понесуваат, а јалова жетва во лето ни принесуваат?
-Затоа што и керките го омрзнаа плодот во утробите свои и во цветот нивни го убиваат !
Знаеш ли, дете мое, зошто изворите пресушуваат и плодовите земни сласт повеќе немаат каков што имаа?
- Заради гревот човечки од кој немоќта во целата природа се всели.
Знаеш ли, дете мое, зошто порази трпи победоносниот народ од неслогата своја и од раздорот и јаде леб со солзи и со пакост загорчен?
- Затоа што ги победи крвниците околу себе, но, во себе не ги победи !
Знаеш ли, дете мое зошто мајката ги храни и не може да ги нахрани децата свои?
- Зашто доејќи ги не им пее песна љубовна , туку песна со омраза спрема соседот свој!
Знаеш ли, дете мое, зошто луѓето грди станаа и ја изгубија убавината на предците свои?
- Зашто образот Божји го отфрлија, одвнатре од душата убавината на ликот што ја отсликува и зашто земен образ си облекоа!
-Знаеш ли, дете мое, зошто болестите се намножија и поморите страшни?
- Зашто луѓето почнаа да мислат, дека здравјето е грабнато од природата, а не дар од Бога.
А што со мака се грабнува, со двојна мака да се брани мора.
Знаеш ли, дете мое, зошто луѓето за земја војуваат и не се срамат на равенството свое со кртиците?
- Зашто земјата им прирасна на срце, та очите гледаат само oна што во срцето расне. И затоа, дете мое, премногу гревот ги изнемошти за подвиг и борба за небото.
Не плачи, дете мое, наскоро Бог ќе дојде за да уреди се`!
Свет Владика Николај Велимировиќ
Преведе: М. Даниловска