МИТРОПОЛИТ АНТОНИЈ ХРАПОВИЦКИ
ИЗБРАНИ ДЕЛА И СТАТИИ
ЗА ПАСТИРОТ И ПАСТИРСТВОТО
ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЛИТВАТА ЗА ПАСТИРОТ
Разликување на прелеста од благодатниот дар
Состојбата на прелеста која што е плод и на други видови отстапувања од правилниот подвиг на молитвата и на духовниот живот воопшто, се препознава по своите следни пројавувања.
1) Подвижникот кој што се наоѓа во прелест после усрдната молитва или воодушевеното читање на Словото Божјо , или проповедта, или после добриот дел , наместо очекуваното спокојство и внатрешниот мир , чувствува несфатлив немир и нејасни сомнежи или раздразливост , или осудување на другите , воопшто – внатрешно растројство , кое сепак, не е пропратено со духот на самопрекорувањето .
2) Човекот не смее да се потпира на такви молитвени и други подвизи, лични и општествени (на пример богослужбени) , кои што задоволувајќи го вкусот на подвижникот им нанесува само жал на неговите ближни и разбудува во нив , а потоа и во самиот себе , злоба и кавги.
Такво е на пример, слепото придржување на Уставот во потполно неподготвена парохија , остро разобличување во проповедтта веќе во првите чекори на пастирството, неумерен пост кој што предизвикува раздразливост, семејни кавги и сл.
3) Молитвата не е спасоносна ако подвижникот не се насладува со нејзината содржина , туку само со должината , гледајќи во неа доказ за силата на својата волја и гледајќи на молитвата како на заслуга пред Бога , наспроти Христовите зборови.
4) Таа не е спасоносна ниту во случаите , кога оној што се моли , а особено пастирот , одвојувајќи се од општеството наспроти зборовите на апостолот (Евр. 10, 25) и сметајќи дека е над црквените норми , гордо измислува сопствени правила на келијна, па дури и на црковна молитва.
Познато е дека лукавиот непријател, кога ги измамува ревносните послушници, тоа го прави така што им сугерира поголеми , самоволни молитвени правила , наместо оние кои што им ги одредил старецот. Се случува таквите подвизи особено да ги следи исклучителна усрдност, но неа не ја подржува чистата совест, туку лесна помисла на гордост.
Доколку се одбегнат опишаните искуства за време на усрдното и внимателно обавување на молитвениот подвиг во храмот и во својата куќа, пастирот наскоро ќе биде награден од Бога со овој дар на третиот, највисокиот степен на молитва, Навистина, Господ понекогаш ќе го испитува неговото смирение и ќе го лишува од чувството на молитвено умиление , за да се сфати дека тоа се дава заради Благодатта Божја , а не заради човековите добродетели.
Сепак, Господ нема да го остави за долго пастирот во такви искушенија, туку ќе го олесни неговиот подвиг повеќе отколку подвигот на пустиножителите , сожалувајќи ја не само душата на пастирот, туку и сите негови деца чии воздишки и молитви тој ги принесува на престолот Господов.
Кој ќе посака да се увери во тоа колку смирени ереи на православниот свет Господ ги богати со блага молитва , нека го запраша верниот народ за таквите светила и следејќи ги неговите упатства, ќе види дека во секој град, во секој округ , има пастири кои што секогаш се молат со солзи, со воодушевено умиление; нивниот дух за време на молитвата како да излегува од телото и слично на оган исчезнува во небесните висини по зборовите на псалмопеецот (Пс. 118).
И ние добро знаеме дека силата на нашата Црква , која што поседува многу милиони умови и срца , се темели токму на овие смирени молитвеници, дека токму тие се оние кочии Израилеви и коњите негови.
Преведе : Мирјана Даниловска
Пренесено од :
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/MitropolitAntonijeHrapovicki/MitropolitAntonijeHrapovicki65.htm
13.01.2013 god.