Во Светото Писмо се вели: законот е за беззакониците, што значи за оние кои сакаат да живеат во согласност со Бога, во согласност со Светото Писмо, Светото Предание, Светото Евангелие, за нив нема потреба од закон. Дури, кажано е дека и незнабошците, кои не знаат за Бога, имајќи во предвид дека во нивните срца е напишан законот и тие честопати живеат според него, зашто Божјиот глас на човекот е совеста која Бог им ја дал за да го разликува добродо и злото.
Првите луѓе биле совршени, со предназначение да се усовршуваат, да станат богови, не по природа, како Бог, туку по благодата, да земат учество преку благодатта што му е дадена на човекот за да се усовршува до Божјото совршенство, зашто Господ Исус Христос рекол: бидете совршени како што е совршен вашиот Отец на небесата.
Совршенството на човекот по божјата благодат, што ја примаме преку светите тајни – крштение, миропопмазание, покајание и исповед (второ крштение), светата тајна венчание, помазание или голем маслосвет, светата тајна свештенство за оние кои примаат свештени чинови, и конечно, тајната над сите тајни од која извираат сите тајни – св. Евхаристија. Преку нив човекот се усовршува, во полнотата за да го достигне, кое никогаш не е достигливо, Божјото совршенство.
Законите следеле како последица на непочитувањето на заповедите што Господ им ги дал, т.е. да не јадат од дрвото на познанието и вечно да се усовршуваат, зашто тогаш тие Го имале Бога во своите срца и души, го чувствувале и директно разговарале со Него. Им било кажано да не јадат од дрвото на познанието, зашто ако вкусат – ќе умрат, а тоа и го направиле првите луѓе, измамени од сатаната. Ева го прифатила предлогот на ѓаволот, со што тие добиле духовна смрт, зашто Господ им рекол дека во кој ден ќе јадете, во тој ќе умрете, зашто тие навистина умреле духовно, ја прекинале врската со Бога, а потоа следела и смртта телесна како последица на гревот, зашто платата за гревот е смртта.
Непочитувањето на единствената заповед што им била дадена во Рајот на нашите прародители, предизвикало пореметување на односите, на комуникацијата со Бога, и веднаш биле избркани од Рајот. Но и покрај тоа, гревот продолжил да се умножува. Односно, од еден грев, кој е гордоста, произлегле и други гревови. Господ ја очекувал жртвата што требале да ја принесат децата на Адам и Ева, а тоа биле Каин и Авел, и кога секој принел жртва од она што го работел – Авел принел првини од стоката (јагниња и јариња) зашто бил пастир, а Каин произведувал овошје и принел од овошјето и житото, но не најубавото, зашто најдоброто го зел за себе, а полошото го дал на Бога, затоа неговата жртва не била примена, и како последица на тоа се јавила зависта, која предизвикала чувство на омраза и се случило првото убиство кога Каин го убил брата си Авел. Понатаму продолжува со умножување на гревовите, а за да се сопре тоа, злобата меѓу луѓето, убиствата, војните, клеветите, кавгите, требало да бидат напишаи извесни закони.
Првите закони биле напишани од самиот Бог кога Мојсеј, божјиот избраник да го изведе еврејскиот народ од египското ропство, го повикал на гората Синај, го видел Бога и му било кажано да ги соблече обувките свои, зашто местото на коешто стои е свето, таму видел капина која не согорува, што е праслика на Богородица, родителката на Христос, која и пред и за и по раѓањето останала Дева, таму тој ги добива божјите заповеди напишани на камен, на плочи, четири се однесуваат на Бога, а шест се однесуваат на ближниот. И тие заповеди не биле примени, зашто додека Мојсеј се молел на синајската планина, евреите долу почнале да живеат недостојно, да блудствуваат, направиле кип на теле, на кое му се клањале, и не можејќи тоа да го издржи Мојсеј, тој ги фрлил таблиците и тие се скршиле.
Понатаму се вели дека Господ воспоставил сојуз меѓу него и еврејскиот народ. Тој сојуз од еврејскиот народ го претставува патријархот Авраам, а тоа било законот на образанието, и сите тие закони, како и жртвите, претскажувале дека треба да дојде законодавецот Господ Исус Христос и самиот тој ги исполнил сите старозаветни закони и ниту еден од нив не одрекол или презрел, не дека тој имал потреба од законите, туку за да покаже пример дека должност е на луѓето да ги почитуваат законите, но укажал и на тоа дека законите старозаветни се сенка на новозаветните закони и дека тие ја губат својата важност, а тоа го гледаме ние од новозаветните закони, бидејќи во старозаветните закони, во 10 божји заповеди, ќе споредиме неколку од нив со новозавените и ќе видиме дека тие не се совршени, затоа Господ Исус Христос оние кои слепо ги исполнувале старозаветните закони, на некој начин ги нарекува лицемери, обраќајќи се кон фарисеите и книжниате. Кога им вели: принесете плодови достојни за покајани, зашто тие слепо и формално ги исполнувале законите и мислеле дека тоа ги оправдува нив, заборавајќи дека верата и делата се поважни и дека може да не оправдаат. За сметка н атоа, Господ Исус Христос дава и пример: речено е кај старите не убивај, а Господ Исус Христос вели не гневи се, зашто човек за да убие треба да се разгневи, зашто прво доаѓа внатрешното чувство, а потоа иде желбата да се убие. Која е разликата меѓу гневот кога не може да се воздржи, зашто нему му треба само погоден момент.
Сте слушнале дека е речено не прељубодејствувај, а јас ви велам деак ако некој посака да има некоја жена, тој веќенаправил прељуба, Господ Исус Христос ги осудува желбите, зашто делата се само извршување на она што човек го има во себе, зашто од срцето излегуваат и прељубата, и злобата, и клеветите, и блудот, страстите, убиствата итн.
Во врска со заповедите само површно ќе кажам дека во Стариот Завет како што спомнавме имаме четири заповеди што се однесуваат на човекот кон Бога, а тие се:
1. Јас сум Господ твој, да немаш други богови освен Мене.
2. Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата под земјата; да не им се клањаш, ниту да им служиш.
3. Не изговарај го напразно името на Господа, Твојот Бог.
4. Помни го денот за почивка, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите свои работи, а седмиот ден е почивка на Господа, твојот Бог.
5. Почитувај ги татко си и мајка си за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата.
6. Не убивај.
7. Не врши прељуба.
8. Не кради.
9. Не сведочи лажно против својот ближен.
10. Не посакувај ништо што е туѓо.
1. Јас сум твој Бог да немаш други богови освен Мене.
Kога некој ќе ја чуе оваа заповед мисли дека тоа не е ништо посебно, заборавајќи дека од оваа заповед произлегуваат многу гревови. Но како последица на тоа се грешноте учења, кога луѓето не веруваат во Бога, почнуваат да си измислуваат богови, кумири или кипови и ним им служеле. Со оваа заповед е поврзан и еден голем грев – ереста, кога погрешно се учи за Бога, не онака како што сме го примиле, почнувајќи од Мојсеј и другите старозаветни пророци. Она што се законските книги, тоа се евангелијата, аналогно на историските книги се делата на апостолите, на поучните се посланијата, и на крајот е пророчкото откровени на Јован. Законите во стариот закон биле напишани за луѓето кои почнале да грешат да прават споредба што е дозволено а што не да се прави.
2. Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата под земјата; да не им се клањаш, ниту да им служиш.
Aналогно на тоа, практично се јавува гревот на идолопоклонството присутен кај сите народи, освен кај евреите, кои од време на време потпаѓал, кога царевите се женеле со јазичнички, паѓале под идолопоклонство. Идолопоклонството е ставање на личност, човек или предмет или животно или идеја, богатство, на местото од Бога. Во мислите наши, помислите, желбите ние треба во душите секогаш да го имаме пред се Бога, што значио ако Господ не ни е на прво место, тогаш ние сме идолопоклоници на она што го ставаме на метото на Бога. Ако некој сака повеќе мајка или татко, жена или деца… не вели ако некој сака, туку ако некој сака ПОВЕЌЕ, што значи, ако се стави на местото на Бог, значи прво Бог, па потоа Богородица, светителите и нашите ближни.
3. Не изговарај го напразно името на Господа, Твојот Бог и
4. Помни го денот за почивка, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите свои работи, а седмиот ден е почивка на Господа, твојот Бог.
Се вели дека од оние заповеди што се однесуваат кон Бога ние не треба да го земаме и името Божјо, зашто во стариот завет името на Бога Јахве, не смеело да се изговара, зашто се сметало за најголема светиња. Господ вели не колнете се ни во небото ни во земјата…не смее напразнмо да се зема името Божјо и секој оној што тоа го прави, ан ие си дозволуваме честопати да се колнеме во името на Бога, во крстот, со светителите итн. А кога некогаш ќе треба да го потврдиме правото, и некој ни вели да се заколнеме во децата, тогаш човекот реагира: а во тоа не се колнам,. Кога ќе видиме дека некој се колне во Бога, а не во семејството, значи семејството го ставил на местото на Бога и тоа е идол за него. Кога зборуваме за заповедите кои се однесуваат човек кон човек:
5. Почитувај ги татко си и мајка си за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата.
Bо Стариот Завет никој не смеел родителите да ги навредува, и за прекршување на таа заповед, следувала смртна казна за детето. Од родителите зависи дали децата ќе имаат благослов во животот, доколку овие ги почитуваат родителите, се вели дека благословот на таткото го прави радосен синот, а клетвите на мајката, до крај ги испустува семејствата. Никој од родителите не треба да се однесуваат кон децата како да се нивна сопственост, затоа што тие се сопственост на Бога и родителите се тие кои треба да спечалат имот за децата, а не оббратно. Но не само тоа, туку и да ги воспитаат побижно, зашто ако погрешно ги вопитаат, тие нема да ги почитуваат. Кога родителите не покажуваат малку поголема строгост кон децата и не им укажуваат што е добро а што лошо, или кога им пружаат секакви благодате затоа што самите не можеле да ги имаат како млади, децата забораваат на тој начин дека имаат обврски.
6. Не убивај.
Оваа заповед е јасна сама по себе но има една работа за која не се внимава или не се знае. Абортусот или чедоморството е убиство. Уште од самото зачнување теолошки и медицински е потрвдено дека е настана нова жива душа и жив организам и затоа оној кој изврши абортуст, тој извршува убиство на своето неродено дете.
7. Не врши прељуба.
Гревот на прељубодејствието и блудот – кажано е дека сето она што го навредува еден човек, ако е во прашање гревот на прељубодејството, навредено е целото семејство. А онаа што е слободна, само таа е навредена и тој е нешто помал од прељубодејствитето.
8. Не кради.
Гревот да не се краде зашто тоа е последица на тоа што човекот сака да отима од својот брат, да го приграбе она што не му припаѓа, доаѓа како последица како последица на првиот и вториот грев, гревот на гордоста, зашто првиот човек станал да стане сам бог, без помош на Бога.
9. Не сведочи лажно против својот ближен и
10. Не посакувај ништо што е туѓо.
Да не се сведочи лажно против ближниот свој, зашто од тоа се појавува казна, затвор итн, и не треба да се посакува ништо што е туѓи – ни домот ни жената ни стоката – што значи ништо што е туѓо. Со ова Стариот Завет закони со Новиот Завет закони се усовршени, со тоа што на Стариот Завет закони им е изминато првичното значење што го имале. Оправдувањето треба да дојде преку верата, а не преку законите.
Во Новиот Завет припрвите недоразбирања што се случувале, имаме начин како да се надминат, бидејќи тоа ни е дадено да го користиме за наше спасение. На пример, богатството. Уште на почеток кога се оформила Црквата, првите христијани се што имале како богатство не го сметале за свое, туку за божји имот и затоа поттикнати од то ачувство, почнале да ги продаваат имотите и парите да ги ставаат пред нозете на апостолите, како што пишува во дела апостолски, ги ставале во црковната каса и на секој му делеле според потребите. Првата христијанска заедница наликувала на совршена христијанска заедница која се имала заедничко, секој се сметал за помал од другиот. Затоа од почетокот црковните имоти не се сметале дека се имоти на одредени лица, ниту на владиката, апостолите, ниту на свештените лица, ниту на верниците. Во каноните се говори дека имотот на христијаните бил имот на Црквата, односно, имот на сиромасите. Што значи, тој имот што го имала Црквата во првите векови, служел за да им се помогне на сиромасите и вдовиците, кои имале потреба од тој имот. Анаија и Сапфира се договориле да ја продадат нивата, но затаиле дел од парите и кога дошол Ананија да ги даде парите од нивата, св. Петар му рекол….. и умрел и го погребале. По неколку часа дошла и Сапфира за да праша каде е маж и и таа умрела. Тогаш христијаните ги обзеде огромен страв, зашто првите се обидеа да украдат од она што му припаѓа на Бога. Црковниот имот е имот божји, наменет за мисијата на Црквата.
Мисија на Црквата е се она што е потребно Црквата да го направи за спасението на луѓето. За Црквата да ја изврши својата мисија, потребном е да се создадат одредени услови – да има свештени лица: епископ, свештеници, ѓакони, храм за заедничка молитва според Христовите зборови каде што се 2-3… потребни се украси во Црквата што ќе ги наведе христијаните на побожност – икони, путир и сл., проповедта од страна на свештениците и епископот и книгите од кои се поучуваат верниците во верата и разни други помагала и средства, за да се упатат христијаните, но не само да ја научат верата, туку да ја практикуваат. Верниците ја сочинуваат Црквата, заедно со свештениците и монаштвото, собрани околу својот епископ. Она другото е само помагало за да се спаси Црквата Христова, односно верните да го заслужат царството небесно.
Во Новиот Завет почнале да се јавуваат погрешни мислења и учења, однесувања и недисциплини што се појавувале во Црквата, и за решавање на тоа се донесувале закони. Првите закони се донесени, освен она што е кажан од Господ Исус Христос, евангелијата се изворите за законот. Што се однесува до обрезанието, дали треба да се обрежуваат новобратените, свикан е собнор за да се разреши тоа прашање. Обрезанието нема во Новиот Завет никаква важност, бидејќи преку обрезанието не може некој да се спаси, но ако некој сака да се обреза не му е забрането, зашто во Новиот Завет треба да се обреза срцето, да се отстранат нечистите желби, похоти, страсти, и помислите во умот на човекот, тоа треба да се исчисти, а не само дел од телото.
Светите апостоли на тие собори имат формирано 85 правила и канони, според кои е прецезирано како треба да се однесуваат, живеат верниците, како треба да се однесуваат свештените луѓе. Ние знаеме дека законскте книги неа подоцнежната Црква се формирани на вселенските и помесните собори. Оттаму произлегле и законите на одделни помесни цркви кои се нарекуваат устави или закони, од нив произлегуваат и другите закони – уредби за монаштвото, за свештенството, статути, правилници…
Законите и животот во Црквата – Црквата вели дека треба исклучиво оние кои сакаат да живеат во Црквата да ги почитуваат црковните закони кои се многу строги за оние кои не ги почитуваат. Ако некој не сака да се покори на црковниот закон, тогаш нему веднаш му се зголемнува казната двојно, и како се противи, се наголемува таа казна, се до мера на исклучување или анатема на тој човек. Оние кои ќе ја прифадтат таа казна и ќе покажат плодови на покајание, ним Црквата им е како мајка многу попустлива и им ја намалува казната. Пример, за убиство казната е 50 год. Да не може да се причесто, но ако убиецот се покае и сосема го промени живото и станал подобар од сите кои одат во Црква, може да се намали на 5 години. Но тоа не зависи од желбата на оној што ја намалува казната, туку од оној на кој му е изречена таа казна, од неговите плодови. Сличен систем има и во затворите – заради дисциплина, казната може да биде намалена, човекот да биде помилуван. А ние знаеме дека во Црквата има светители кои од најголеми грешници, станале свети, како што е апостол Павле, кој се викал Савле, кој ги гонел христијаните и присуствувал на убиството на св. Стефан, но потоа се преобратил. Тој станал најревносен од сите апостоли и вели дека тој најмногу од сите се потрудил, но тој вели – не јас, туку благодатта што ми е дадена од Бога, која се дава поради нашиот труд. Затоа Господ вели дека ништо не можете да правите добро без мене.
Ако луѓето ги исполнуваат Божјите заповеди, ако се придржуваат до нив, секој голем грешни (грешниците биле поделени на три категории:
Оние што плачеле и биле надвор од тремот на Црквата, плачеле и ги молеле верниците Господ да им ги прости нивните гревови, а откако покажувале плодови на покајание, можеле да влезат во тремот на Црквата и да слушаат проповед, а последните биле оние кои имале право да ја слушаат литургијата до моментот на ектенијата за огласените, кога сите излегувале надвор.
Оние што треба да бидат подложени, заради нивното добро и спасение, на извесни епитимии и казни, не сакаат да го прифатат тоа. Тоа не оди така во Црквата. Особено овде во дијаспората, каде луѓе кои според црковните закони не се добредојдени до Црквата, тие стануваат и во црковните управи членови, некои од нив и претседатели и на сите им го загорчуваат животот, а најмногу себеси. Затоа треба да се почитува редот, кој пред се е Божји.
http://www.mpceanz.org.au/za-bozjite-zakoni-mitr-petar/