логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Slovo3.jpgСЛОВО 3


За молитвата


ГЛАВА 1


Главно нешто во секој добар потфат и врв на напредокот е ревноста во молитвата, преку која стекнуваме и сè друго, кога Оној, Кого Го повикуваме ја испружува кон нас раката што ни содејствува, затоа што преку молитвата, во оние кои се удостоиле, се остварува заедничењето со таинствената дејственост и, преку неискажливата љубов кон Господа, спојувањето на расположеноста кон светоста пред Бога и самиот ум. Зашто речено е: „Ти си ми го исполнил срцето со радост” (Псал. 4, 8). И сам Господ вели: „Царството Божјо е во вас внатре” (Лука 17, 21). А што друго значат зборовите: „во вас внатре е царството”, ако не тоа дека небесната веселост на Духот во душите на достојните се изразува видливо? Зашто преку делотворното заедничење со Духот, достојните души уште овде добиваат залог и првини од онаа наслада, онаа радост, онаа духовна веселост, преку кои светите во Христовото царство ќе земат учество во вечната светлина. Речено е: „Срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог” (Псал. 83, 2). Зборовите: „Како со маст и елеј се наситува душата моја” (Псал. 62, 6) и некои други, кои се во согласност со овие искази, нè наведуваат на таа мисла и ни овозможуваат да ја разбереме делотворната веселост и утеха што ги дава Духот.

ГЛАВА 2

Како што делото на молитвата е над другите, така и ревнителот во молитвата треба многу да внимава да не се случи, без да забележи, да го ограби злобата. Зашто кој се грижи за поголемо добро, него лукавиот го подложува на поголемо искушение. Според тоа, ќе биде потребна голема трезвеност за плодовите на љубовта, смиреномудрието, едноставноста, благоста и расудувањето, секојдневно да растат во оној кој престојува во молитвата, а и во него самиот да произведуваат јасно напредување и растење во божественото, и другите да ги повикуваат кон иста таква ревност.

ГЛАВА 3

„Молете се постојано”, постојано престојувајте во молитвата, нè поучуваат како најбожествениот апостол (1. Сол. 5, 17), така и Господовите зборови: Колку повеќе Бог ќе ги „заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе” (Лука 18, 7); и уште: „Бидете будни и молете се” (Мат. 26, 41). Според тоа, секогаш треба да се молиме и да не паѓаме со духот (Лука 18, 1). Но исто како што оној кој постојано престојува во молитвата го одбрал најважното дело, така тој треба да престојува во голем подвиг и неослабната напрегнатост, затоа што ќе се сретне со многу пречки што ги поставува злобата при ревнувањето во молитвата: сон, очај, тежина на телото, надвладување на помислите, непостојаност на умот, слабост, и останатите обиди на злобата, а потоа маки и напади од самите лукави духови, кои упорно војуваат со нас и се борат против нас, и на душата, којашто навистина непрестајно Го бара Бога, не í дозволуваат да се доближи до Христа.

ГЛАВА 4

Оној што се труди во молитвата, треба да истрајува во усрдноста, трезвеноста, трпението, душевната борба и телесниот труд, за да не ослабне во духот, да се предаде на расејаноста на помислите, или на тешката сонливост, или на очајот, или на слабоста, или на збрканоста, па да почне да се занимава со бучни и непристојни зборови, или мислата да ја сврти кон нешто слично, задоволувајќи се само со постојаното стоење и коленичење, а на умот дозволувајќи му да лута некаде далеку од она што го прави видливо. Зашто ако човек не се подготви со строга трезвеност, противејќи им се на многубројните излишни помисли, испитувајќи ја и со расудувањето оценувајќи ја секоја од нив и барајќи Го секогаш Господа, во тој случај нема да има никаква пречка злобата да го уловува, незабележливо, на различни начини, или самиот тој да се превознесе над оние кои сè уште не можат постојано да престојуваат во молитвата. А како последица на таквото лукавство на злобата, тој ќе си ја упропасти убавата работа и ќе му ја предаде на лукавиот демон.

ГЛАВА 5

Ако смиреномудрието и љубовта, едноставноста и благоста, во нас не бидат тесно соединети со молитвата, тогаш самата молитва или, подобро кажано, таа маска на молитвата, сосема малку може да ни користи. И ова го тврдиме не само за молитвата, туку и за секој подвиг и труд, за девството, постот, бдеењето, псалмопеењето, служењето, или за какво и да било дело, коешто го правиме заради добродетелта. Ако не ги забележиме во себе плодовите на љубовта, мирот, радоста, кротоста, ќе ги додадам уште и смиреномудреноста, едноставноста, искреноста, верата, колку што е потребно, великодушноста, љубезноста, тогаш сме се труделе без од тоа да имаме полза, зашто токму затоа и вложуваме труд, за да се ползуваме со плодовите. А кога во нас не се покажуваат плодови на љубовта, тогаш, без сомнение, работењето е залудно. Затоа таквите воопшто не се разликуваат од петте неразумни девојки, кои поради тоа што во срцата немале уште овде духовен елеј, т. е. погоре наброените добродетели во нив не биле духовно активни, се наречени неразумни и биле оставени надвор од царската брачна одаја, така што немале никаква полза од девството. Како што при обработувањето на лозјето сета грижа и сиот труд се вложуваат со надеж дека ќе се добијат плодови, а ако нема плодови, излегува дека работата отишла во празно, така ако во себе не ги видиме, под дејство на Духот, плодовите на љубовта, мирот, радоста, и на сето останато што го набројува апостолот (Гал. 5, 22), и не можеме да ги препознаеме истите во себе, несомнено и со помош на духовното сетило, тогаш нашиот подвиг на девство, молитва, псалмопеење, пост и бдеење, ќе излезе дека е залуден. Зашто овие душевни и телесни напори и подвизи треба да се прават, како што рековме, со надеж дека ќе добиеме духовни плодови. А плодот од добродетелите е духовното насладување со чистото задоволство, коешто Духот на неискажлив начин го произведува во срцата на верните и смирените. Затоа, напорите и подвизите треба да ги сфаќаме такви какви што се, како напори и подвизи, а плодовите ‡ како плодови. Но ако некој, поради скудноста во знаењето, своето делување и подвигот ги сфати како плодови на Духот, тој јасно се мами самиот себе и со таквото свое мислење се лишува од големите вистински плодови на Духот.

ГЛАВА 6

Како што оној кој целосно му се предал на гревот, со наслада и задоволство, како на нешто согласно со природата, ги поприма како свои сопствени противприродните срамни страсти, т. е. развратот, блудот, љубовта кон стекнување, омразата, измамата и останатите пороци, така и оној кој е навистина и во потполност христијанин, со голема наслада и со духовно задоволство, веќе без труд и лесно, како нешто природно, ги стекнува сите добродетели и сите натприродни духовни плодови, т. е. љубовта, мирот, трпението, верата, смирението и останатите најразновидни, навистина златни добродетели, а штетните страсти веќе не можат да го соборат, затоа што Господ потполно го ослободил од нив и тој во своето срце од благиот Дух го добил потполниот Христов мир и радоста. Тој се прилепил за Господа и станал еден Дух со Него.

ГЛАВА 7

Оние што, поради духовната младост, не можат целосно да се посветат на духовната љубов, треба да земат на себе да им служат на браќата со побожност, вера и страв Божји, и да служат како на Божјата заповед и како на духовно дело, и да не очекуваат награда од луѓето, чест или благодарност, воопшто да не му оставаат место на ропотот или на вообразеноста, или на неработењето и мрзеливоста, за да не се оскверни и расипе ова добро дело, туку да Му биде уште поблагоугодно на Бога, поради нашата побожност, стравот и радоста.

ГЛАВА 8

Со толкаво човекољубие и благост (навистина е големо божественото милосрдие!) Господ снисходи кон луѓето, промислувајќи за тоа никого да не го остави без награда за доброто дело, а секого од малечките добродетели го доведува кон поголемите и никого не го лишува од наградата, дури и за чаша студена вода. Зашто рекол: „И кој напои еден од овие мали само со чаша студена вода како Мој ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда” (Мат. 10, 42); и уште: „доколку сте го направиле тоа на еден од овие... Мене сте Ми го направиле” (Мат. 25, 40). Важно е само тоа што се прави да се прави по Бога, а не заради слава, зашто додал: „како Мој ученик”, т. е. со страв, поради љубовта Христова. А оние што прават добро за да се покажат, Господ ги укорува и, потврдувајќи ги зборовите со решителна осуда, додава: „Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда” (Мат. 6, 5).

ГЛАВА 9

Пред сè, едноставноста и искреноста, меѓусебната љубов, радоста и смирението на секој начин да бидат поставувани како некаков темел во братството, за да не го направиме подвигот бескорисен, превознесувајќи се еден пред друг и ропотејќи еден на друг. И оној што непрестајно престојува во молитвите да не се превознесува над оние коишто сè уште не се способни да го прават истото. А оној што се посветил на служењето да не ропоти на оној што престојува во молитвата. Ако браќата се однесуваат меѓу себе со таква едноставност и со такво расположение, тогаш излишокот на оние кои престојуваат во молитвата ќе го награди недостигот на оние кои служат, и обратно, со излишокот на оние кои служат ќе се надополни недостигот на оние кои престојуваат во молитвата. И на тој начин најдобро ќе биде запазена едноставноста, според кажаното: „Кој беше собрал повеќе, излишок немаше, а оној помалку, ‡ немаше недостиг” (2. Мој. 16, 18).

ГЛАВА 10

Волјата Божја е тогаш „како на небото, така и на земјата,” кога, како што е речено, не се превознесуваме еден пред друг, кога сме соединети меѓу себе и тоа не само без завист, туку во заедницата на едноставноста, љубовта, мирот и радоста, и напредокот на ближниот го сметаме за свој сопствен напредок, како што и треба, а неговиот недостаток го сметаме за своја сопствена загуба. Оној што е мрзелив во молитвата и во служењето на браќата, а не е вреден и се однесува мрзеливо и во другите работи што се прават заради Бога, апостолот отворено го нарекува празен (мрзелив) човек, и не е достоен ни лебот да го јаде. Зашто рекол: Мрзеливиот „нека и не јаде” (2. Сол. 3, 10). И на друго место е речено: Мрзеливите Бог ги намразил; и: мрзеливиот не може да биде ниту верен. И премудроста искажала: „Мрзеливоста учи на лоши работи” (Мудр. Сир. 33, 28). Според тоа, секој треба да раѓа плод преку некое дело, што се прави заради Бога, па макар и само кон едно нешто да е добро расположена неговата ревност. Инаку, ќе се покаже дека воопшто не дава никаков плод и нема да има никакво општење со вечните блага.

ГЛАВА 11

На оние што тврдат дека совршенството не може да се достигне, ниту целосното ослободување од страстите, макар човек и да се удостои за заедницата со благиот Дух и да биде исполнет од Него, неопходно е да им дадеме сведоштво од Божествените Писма и да им докажеме дека слабо ги знаат работите и зборуваат лажно, а воедно и опасно за себе си. Господ вели: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен” (Мат. 5, 48), со ова означувајќи ја потполната чистота. И: „Сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава” (Јован 17, 24). Тоа се зборовите на Оној што рекол: „Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат” (Мат. 24, 35). На истата мисла нè наведува и кажаното од апостолот: „Сите нив да ги претставиме совршени во Христа” (Кол. 1, 28); и: „додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Хриството совршенство” (Ефес. 4, 13). А на тој начин, оние што пред очите го имаат совршенството, успеваат да стекнат две убави работи: со засилен и непрекинат подвиг се стремат кон крајот, со надеж дека ќе дојдат до оваа мера, и дури ќе додадам ‡ со надеж за издигнување; и не се фаќаат на мамецот на надуеноста, туку скромно мислат за себе си и се сфаќаат како малечки, како луѓе кои сè уште не стигнале до совршенството.

ГЛАВА 12

Оние што го тврдат она што го споменавме погоре, им причинуваат на душите мошне голема штета на три начини. Првин, се покажува дека не веруваат на божественото Писмо. Како второ, не си ја поставиле пред себе повисоката и совршена цел на христијанството и не настојуваат да ја достигнат таа цел, па не можат ниту да се трудат, ниту да ревнуваат, ниту да жеднеат за правдата, туку, задоволни со надворешните работи и навики и со некакви малечки заслуги, се лишиле од блажената надеж и од совршенството и од целосното очистување од сите страсти. Како трето, мислат дека преку напредувањето во малечките работи, како што е речено, ги достигнале добродетелите од самиот врв и не се стремат кон совршенството, па не само што најмалку од сè можат да имаат смирение, сиромаштво и скрушеност на срцето, туку, оправдувајќи се самите себе, како божем веќе да ја достигнале целта, неспособни се секојдневно да напредуваат и да растат.

ГЛАВА 13

Оние кои сметаат дека ова напредување, што во луѓето го извршува Духот и кое е новата твар на чистото срце, е невозможно, апостолот отворено ги споредува со луѓето, кои, поради нивното неверие, не се удостоиле да влезат во ветената земја, „и чии коски”, поради ова, „останаа во пустињата” (Евр. 3, 17). Зашто она што е таму видливата ветена земја, всушност, е таинствен знак за избавувањето од страстите, коешто, според укажувањето на апостолот, е крајот на секоја заповед. И токму тоа е вистинската ветена земја. И сето она им е дадено на луѓето како слика токму поради неа. Од таа причина и богомудриот Павле, покажувајќи грижа за безбедноста на учениците, да не би некој да се фати на мамецот на мудрувањето на неверието, вели: „Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата, та да отстапи од живиот Бог” (Евр. 3, 12). А зборот „да отстапи” го употребил за да го означи неверувањето на Божјите ветувања, а не нивното негирање. Понатаму, опишувајќи алегорично што кај Јудејците било праслика и применувајќи го истото на вистината, продолжува: „Зашто некои, откако чуја, се побунија, но не сите, што со Мојсеја излегоа од Египет. Против кои негодува Он четириесет години? Нели против оние, што погрешија и чии коски останаа во пустињата? А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние, што не сакаат да веруваат? И така, гледаме дека тие не можат да влезат поради неверието” (Евр. 3, 16-19). И уште додава: „Да се страхуваме пак, да не би, додека уште ни е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, некој од вас да задоцни. Оти и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние, што го беа чуле, не поверуваа. А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој” (Евр. 4, 1-3). И малку подолу продолжува: „И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност” (11). А каков, пак, друг спокој имаат христијаните, освен ослободувањето од гревовните страсти, потполното и делотворно вселување на благиот Дух во чистото срце? Затоа, доведувајќи ги повторно до верата, вели: „Да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ги очистивме срцата од лукава совест” (Евр. 10, 22); и уште: „колку ли повеќе крвта на Христа... ќе ја очисти совеста” ваша „од мртви дела, за да Му служиме на живиот и вистински Бог” (Евр. 9, 14). Според ова, ние треба како благодарни слуги да ја исповедаме неизмерната благост Божја кон луѓето, ветена преку овие искази, и овие ветувања да ги признаваме за вистинити и цврсти, па ако, поради неактивноста и слабоста на волјата, несовршено Му се посветуваме на Создателот и не се стремиме да ги достигнеме високите и совршени степени на добродетелта, тогаш, во крајна линија, да можеме барем да стекнеме некоја милост за правилниот и неизвртен начин на мислење и за здравата вера.

ГЛАВА 14

Делото на молитвата и служењето на словото, кога се извршува на правилен начин, е повисоко од секоја добродетел и заповед, а за тоа сведочи самиот Господ. Зашто кога дошол Тој во домот на Марта и Марија, и Марта била зафатена со служењето, а Марија седела крај Неговите нозе и се насладувала со сладоста на Неговата божествена уста, па сестра í ја прекорила дека не í помага и Му се пожалила на Христа, тогаш, давајќи му предност на главното пред второстепеното, Господ рекол: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да í се одземе” (Лука 10, 41 и 42). А ова го рекол, како што веќе забележавме, не за да го осуди делото на служењето, туку, без сомнение, давајќи му предност на поголемото пред помалечкото. Инаку, би го дозволил ли Тој ова служење? Зошто и самиот Тој го прави тоа, измивајќи им ги нозете на учениците? Господ е толку далеку од намерата да го забранува служењето, дотаму што и на учениците им заповеда на тој начин да се однесуваат еден кон друг. А исто така можеш да видиш дека и самите апостоли, кои од почетокот служеле при трпезите, потоа му дале предност на повисокото дело, мислам на молитвата и служењето на словото. Зашто рекле: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да се грижиме околу трпезите. Затоа, браќа, изберете... луѓе, исполнети со Дух Свети и мудрост, што ќе ги поставиме на таа служба; а ние постојано ќе пребиваме во молитва и служба на словото” (Дела 6, 2-4). Гледаш како на првото му дале предност пред второто, иако знаеле дека и едното и другото се изданоци на истиот добар корен.

 

Превод: отец Игор Калпаковски

Св. Макариј Велики : СЛОВО 1, За чувањето на срцето

Св. Макариј Велики : СЛОВО 2 - За духовното совршенство 

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная