логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

БЕСЕДА 25

Оваа беседа учи дека ниту еден човек, ако не е поткрепен од Христа, нема сили да ги надмине соблазните на лукавиот и покажува што треба да прават оние кои сакаат да ја придобијат божествената слава; и уште учи дека преку Адамовата непослушност паднавме под ропство на плотските страсти, од кое ропство се ослободуваме преку тајната на крстот; најпосле, покажува колку е голема силата на солзите и на божествениот оган.

Lak.svetlina1.jpg1. Оние кај кои божествениот закон е всаден во плотните срца, а не напишан со мастило и букви, имајќи просветени очи на умот и поттикнувани не од чувствената и видлива, туку од невидливата и мислена надеж, можат да ги надминуваат соблазните на лукавиот, но само преку непобедливата сила. А неукрасените со Божјото слово, необучените од божествениот закон, напразно дуејќи се, сметаат дека преку својата сопствена слобода ќе ги отстранат од себе поводите за гревот, што го осудува само тајната на крстот. Слободата возможна за човекот се однесува на тоа тој да му се противи на ѓаволот, а не на тоа, покрај оваа можност, тој неминовно да има и власт над страстите. Зашто речено е: „Ако Господ не ја изѕида куќата, залудо ќе се трудат градителите нејзини" (Псал. 126, 1).
2. Оној кој не се исчистил себеси претходно, колку што е тоа можно за човекот, и кого не го поткрепил Оној Кој им кажал на апостолите: „Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила" (Лука 10, 19), не може да настапува на змија и на василиск (отровен гуштер), и да победи лав и змија. А кога човечката природа би можела да им се спротистави на ѓаволските сплетки и без сеоружјето на Духот Свети, тогаш не би било кажано од апостолот: „А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши" (Рим. 16, 20); и уште: „кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја" (1. Сол. 2, 8). Затоа и ни е заповедано да просиме од Господа: „Не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот" (Мат. 6, 13). Зашто ако не се удостоиме за посинување, избавувајќи се преку помошта одозгора од разгорените стрели на лукавиот, тогаш попусто се трудиме, бидејќи во таков случај стоиме далеку од силата Божја.
3. Затоа, оној кој сака да биде учесник во божествената слава и да го види Христовиот лик (образ), како во огледало, во господаречката сила на својата душа, тој со незаситна љубов, со незадоволива желба, од сето срце и со сите сили, дење и ноќе, треба да ја бара сесилната Божја помош, која никој не може да ја добие ако, според погорекажаното, претходно не се воздржи од светското сладострастие, од желбите на спротивната сила, којашто и е туга на светлината и е лукава активност, неприjателски настроена кон добрата активност и целосно отуѓена од неа. Затоа, ако сакаш да дознаеш зошто ние, создадени со чест и населени во рајот, им се придруживме потоа на бесловесните (кои се без свест, без сознание) животни и станавме слични на нив, откако се лишивме од пречистата слава, знај дека преку непослушноста станавме робови на плотските страсти и самите се истеравме од блажената земја на живите, па откако станавме заробеници, се уште седиме на реките Вавилонски. А бидејќи се уште остануваме во Египет, значи дека не сме ја наследиле ветената земја, во којашто тече млеко и мед, во нас се уште не проникнал квасецот на чистотата, туку досега остануваме во квасецот на лукавството. Нашето срце се уште не е попрскано со Божјата крв, затоа што во него се уште е „дното на пеколот" (Изрек. 9, 18) и забодената јадица на злобата.
4. Ние се уште не сме ја прегрнале спасителната Христова радост; затоа што во нас се уште е зариена острицата на смртта. Се уште не сме се облекле „во новиот човек, создаден според Бога", затоа што се уште не сме го слекле „стариот човек... кој се распаѓа во измамливите желби" (Ефес. 4,22 и 24). Во себе се уште не го носиме образот на Небесниот и не и одговараме на славата Негова. Се уште не сме почнале да Му се поклонуваме на Бога во дух и вистина, затоа што во нашето смртно тело царува гревот. Се уште не сме ја виделе славата на Нетлениот, затоа што се уште се наоѓаме под дејството на ноќната темнина. Се уште не сме се облекле во оружјето на светлината, затоа што не сме ги оставиле оружјата, стрелите и делата на темнината. Се уште не сме се преобразиле преку обновувањето на умот, затоа што му одговараме на овој век според суетата на умот. Се уште не сме се прославиле заедно со Христа, затоа што не страдаме со Него. На своето тело не ги носиме раните Христови, останувајќи во тајната на Христовиот крст, затоа што се наоѓаме во плотските страсти и похоти. Ние се уште не сме станале наследници и сонаследници Христови, затоа што во нас се уште е духот на ропството, а не на синовството. Се уште не сме станале храм Божји и престојувалиште на Духот Свет, затоа што досега, според стремежот свој кон страстите, ние сме - храм идолски и сврталиште на лукавите духови.
5. Се уште не сме ја стекнале вистинската простота (едноставност) на наравите и светлоста на умот. Се уште не сме се удостоиле за вистинското и словесно млеко и за мисленото растење. Се уште не не осветлил денот и Деницата не заблескала во нашите срца. Се уште не не проникнало Сонцето на правдата и не не осветлиле Неговите зраци. Се уште не сме станале слични на Господа, ниту учесници во божествената природа. Се уште не сме станале вистинска царска порфира, нелажен Божји образ. Се уште не не ранила божествената приврзаност, не не поразила духовната љубов кон Младоженецот. Се уште ние не сме го познале неискажливото заедничарење, не сме ја разбрале силата, ниту мирот во светињата. И искажувајќи го сево ова во целост, се уште не сме „род избран", не сме „царско свештенство", не сме „свет народ", не сме „луѓе придобиени" (1. Петр. 2, 9), затоа што ние сме - змии, „породи змиини" (Мат. 3, 7).
6. И како да не сме змии, кога не сме Му послушни на Бога, остануваме во непослушноста што ни ја сугерираше змијата? Затоа, како достојно да ја исплачам мојата беда - не наоѓам начин. Како со солзи да повикам кон Моќниот да ја истера измамата, којашто се водворила во мене - не знам. „Како да запееме Господова песна на туѓа земја" (Псал. 136,4)? Како да го исплачам Ерусалим? Како да го одбегнам тешкото робување на Фараонот? Како да го напуштам срамното место на преселбата? Како да се откажам од горкото мачење? Како да излезам од земјата египетска? Како да го преминам Црвеното Море? Како да ја преминам големата пустина? Како да не погинам јас, од змии искасан? Како да ги победам другоплемениците? Како во себе да ги истребам незнабожечките народи? Како да ги примам на своите таблици зборовите на божествениот закон? Како да го видам вистинскиот столб на светлината и облачниот столб на Светиот Дух? Како да се насладам со маната на вечните утехи? Како да ја испијам водата од животворниот камен? Како да го преминам Јордан и да стапнам во светата земја на ветувањето? Како да погледнам на Архистратигот Господов, пред кого Исус Навин, кога го виде, веднаш „падна ничкум на земја и се поклони" (Ису. 5, 14)?
7. Ако и покрај сето тоа не ги истребам во себе незнабожечките народи - и ако влезам, нема да се успокојам во светилиштето Божјо, нема да станам учесник во царската слава. Затоа, грижи се да станеш беспрекорно Божјо чедо и да влезеш во она спокојство, „каде што Исус за нас влезе најнапред" (Евр. 6, 20). Грижи се да бидеш запишан во Црквата на небесата, заедно со првородените, за да се најдеш од десната страна на величеството на Севишниот. Грижи се да влезеш во светиот град, спокојниот и вишен Ерусалим, каде што е и рајот. Зашто нема да се удостоиш за овие прекрасни и блажени глетки поинаку освен ако дење и ноќе не пролеваш солзи, слично на оној кој вели: „секоја ноќ го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја" (Псал. 6, 6). Не ти е непознато дека „оние што сеат со солзи, ќе жнеат со голема радост" (Псал. 125, 5). Затоа и пророкот смело зборува: Солзите мои не премолчувај ги (Псал.38,12); и уште: „солзите мои Си ги ставил пред Себе - како во заветот Твој" (Псал.55,8); и: „солзите мои беа леб за мене дење и ноќе" (Псал. 41, 3); и во еден друг псалм: „пијалокот свој со солзи го растворав" (Псал. 101,9).
8. Солзата, којашто вистински се пролева од голема мака и згрченост на срцето, а кога се знае вистината и целата внатрешност ни е разгорена, е храна за душата, којашто ни се дава од небесниот леб, со кој, седејќи покрај нозете Господови и плачејќи, пред се се причести Марија, според сведоштвото на самиот Спасител. Зашто Тој вели: „Марија го избра добриот дел, кој нема да се одземе" (Лука 10, 42). О, колку скапоцени бисери се пролеаните блажени солзи! О, колку праведен и добропокорен слух! Колку храбар и мудар ум! Колкава проникнатост со Господовиот Дух, каква љубов, која толку силно привлекува кон Пречистиот младоженец! Колку остра острица на душевниот стремеж кон Бога Словото! Колку блиско општење на невестата со Небесниот младоженец!
9. Марија подражавај ја, дете мое, подражавај ја и немај пред себе ништо друго, туку гледај само на Оној Кој рекол: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел" (Лука 12,49). Зашто разгорувањето на духот ги оживотворува срцата. Непредметниот (невештествениот) и божествен оган ги осветлува душите и ги испитува како нефалсификуваното злато во печката за топење, а порокот го изгорува како трњето и сламата, затоа што „нашиот Бог е оган, што изгорува" (Евр. 12,29), „во пламенен оган" им се одмаздува „на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието" Негово (2. Сол. 1, 8). Оној оган дејствувал во апостолите кога почнале да зборуваат со огнени јазици. Овој оган заблескал пред Павле преку глас и го просветил неговиот ум, а го помрачил во него сетилото за вид. Зашто тој силата од оној свет не ја видел без тело (плот). Овој оган го видел Мојсеј во капината. Овој оган, во вид на кочија, го издигнал Илија од земјата. Барајќи го дејството на овој оган, блажениот Давид рекол: „Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце" (Псал. 25, 2).
10. Овој оган горел во срцето на Клеопа и неговиот сопатник, кога Спасителот, по воскресението, разговарал со нив. И ангелите и службените духови се причестуваат од светлината на овој оган, според кажаното: „Ти ги правиш ангелите Свои духови, и служителите Свои оган пламенен" (Евр. 1, 7). Овој оган, пеплосувајќи ги раските во внатрешното око, го прави чист умот, за тој да може, откако ќе си ја поврати природната проѕорливост, непрестајно да ги гледа Божјите чуда, слично на оној кој вели: „Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон" (Псал. 118, 18). Според тоа, овој оган ги изгонува бесовите, го истребува гревот, тој е силата на воскресението, дејственоста (енергијата) на бесмртноста, просветувањето на светите души, зацврстувањето на умните сили. Да се молиме овој оган да се допре и до нас и тогаш, одејќи непрестајно во светлина, дури ниту во нешто малечко да не си ги сопнеме нозете свои од некој камен, туку како светила, пројавени во светот, да содржиме во себе зборови на вечен живот и, насладувајќи се со Божјите богатства, да се успокоиме во животот со Господа, прославувајќи Го Отецот и Синот и Светиот Дух. Нему слава во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

Посети: {moshits} 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная