логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer97

Простување, на дело
(05.03.2022 16:54)

Читајќи го денешното евангелие, забележав дека Богочовекот Христос во него нè поучува како да се ослободиме од трите главни вида страсти: од славољубието – со простувањето и барањето прошка; од сластољубието – со постот; и од среброљубието – со собирањето богатство на небото (види: Матеј 6, 14–21). Но, Црквата го нагласува подвигот на простувањето и создава и благодатна и психолошка атмосфера за простување токму оваа недела пред почетокот на Великиот пост. Зошто?

            Тајната на Крстот Христов се состои во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот Крст сака да учествува и во големата Тајна на Христовото Воскресение, тој и простува. И обратно... Ако не му простиме на својот ближен или на својот непријател – сеедно, тогаш сме надвор од евхаристиската и од молитвената заедница со Бог. А ако сме надвор од заедницата со Бог, како воопшто би се случувал процесот на нашето очистување – она што посебно очекуваме да се интензивира во Великиот пост?

Ако не почнеме да се ослободуваме од страста славољубие преку простувањето и барањето прошка, напразно е да се подвизуваме против сластољубието и среброљубието. Ѓаволот не е непосредно среброљубив и сластољубив, ама е горд и славољубив и тоа му беше доволно да отпадне од Бог. И само заробеноста од славољубието, од големата идеја за самиот себе, без другите страсти, е доволна човек да се демонизира.  

            Да не должиме многу, работите се многу едноставни: Оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најголеми непријатели, има Божја благодат во себе; а оној што нема да му прости и само на еден човек, па бил тоа и непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот. Истото важи и за барањето прошка.

Оние што се на вториот степен од духовниот развој, просветлувањето на умот, и да „сакаат“ не можат да не простат. Тоа би значело моментално затворање на срцето за умно-срдечната молитва. Оние што се наоѓаат на првиот степен, чистењето на срцето од страстите, водат борба со самите себе аскетски на дело да простуваат и да бараат прошка...

            Ви зборувам за реално простување, а не за фантазија. Реално простување се случува кога се молиме за оној што нè повредил (или, што најчесто е така, поради високото мислење за самите себе мислиме дека нè повредил); кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нè повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и кога на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нè повредил.

Ова е задача на сите оние што се подвизуваат во послушание, на степенот на чистење на своето срце од страстите. Нивниот подвиг е сè уште аскетски затоа што со разумот и со верата сфаќаат дека треба да простуваат и се принудуваат себеси да простуваат, иако тоа во тој момент не го чувствуваат. Исто така аскетски бараат и прошка.  

            Ова е задача и на оние што се наоѓаат на степенот на просветлување, со тоа што најчесто тие не си замислуваат дека некој ги напаѓа и повредува, туку нападот реално се случува од надвор, преку луѓе и без причина. Кај оние што го имаат дарот на умно-срдечната молитва, како што знаете, демонот нема простор да нападне однатре, затоа што нивното срце е доволно очистено од страстите и квантитативно и квалитативно. Господ допушта однадвор напад врз нив за тие да се восовршат во две насоки: и во делотворна љубов кон непријателите, односно кон ближните, преку чинење добро, пред сè, молитвено; и во делотворна љубов кон Господ, не дозволувајќи умот поради повредената суета да ја прекине својата заедница со Него во срцето, заедница која се случува преку умно-срдечната молитва. Без делотворна љубов и кон непријателите, нема премин од просветлување на умот кон обожение.

            А ова се делата на оние што се дел од светот, а кои велат за себе дека се христијани, но неправилно се подвизуваат: не се во конкретно послушание на духовен отец, туку неподготвени се самораководат во духовниот живот; го озборуваат, се самооправдуваат, го обвинуваат, го судат и го осудуваат оној што мислат дека ги повредил; и, ако сето тоа не им се види доволно, измислуваат големи лаги и јавно ги шират само за да му наштетат, а себеси да се оправдаат. Забораваат, заслепени од одмаздољубието или од користољубието, дека колку е поголема лагата толку е таа полесна за проверување и толку и тие самите наместо веродостојни, во очите на оние пред кои лажеле, излегуваат многу сомнителни. Таквите никогаш не бараат прошка.

Знам дека треба да помине време за сето ова да се освести, но човек треба да работи на себе и да се покае на дело, а не уште повеќе да се заплеткува во грев. Оној што сè уште се самооправдува и ги осудува другите, не може вистински да простува и да бара прошка. За оние, пак, што се посветиле на Бог, ваквиот начин на живот значи страшно губење време, голема неплодност и промашување.

            Но, како простувањето и барањето прошка да ни стане освестен подвиг, а не само подвиг кој го правиме со вера и послушност кон Евангелието? Станува освестен подвиг кога ќе осознаеме дека критериум на нашата вина се Богочовекот Христос и Божјата правда, а не човекот и човечката правда.

Што значи тоа во пракса? Кога некој ќе нè повреди, ние во тој момент не размислуваме за оправданоста или неоправданоста на неговата постапка, туку нашето внимание е свртено кон тоа дали нашите мисли, зборови и дела во тој момент се согласни со Христовите или не!? Дали во мојот ум и срце се случува истото тоа што и во Христовиот ум и срце при таков случај? Дали постапувам исто како и Христос што постапува со оние што Го повредуваат? Секако, не! Секако, бескрајно сме далеку од тоа! Па, ете од каде произлегува нашата вина, па дури и вината на оние што се на степенот на обожение, а не од оправданоста или од неоправданоста на повредите што другите ни ги причинуваат. Па, ете каде се наоѓа и неисцрпниот извор на нашето покајание. Затоа, никогаш, во ниту еден единствен случај немаме оправдување кога не бараме прошка и кога не простуваме!

Простувањето не значи и наивност. Едно е тоа дека на секој што колку и да ни згрешил треба од длабочината на срцето да му простиме, а друго е какво ќе биде нашето однесување кон истиот, а во склоп на сите наши одговорности и други односи. Второво е повеќе прашање на расудување и послушание.

            И зборовите од Евангелието: „ако ли не ги простите грешките на луѓето, ни вашиот Отец Небесен нема да ви ги прости вашите“, не треба да се сфатат така како што буквално ги читаме, туку овие зборови значат дека ако не им ги простуваме грешките на луѓето, не дека Бог пак не ни простува (чувај, Боже, од таква хула!), туку ние самите се одделуваме од Божјата благодат и самите себе се осудуваме и одделуваме од Бог. Ние самите на себе не си простуваме.

            Но, да се надоврзам на она што најпрво го реков: Само славољубието, и без другите страсти, е доволно човек да се демонизира. Да не зборуваме за тоа дека ако не внимаваме на славољубието, сите други подвизи можат само да го хранат и да го зголемуваат истото. Затоа Господ Христос и во делот на ослободување од другите два вида страсти посебно нè опоменува на славољубието, додека, пак, во делот за славољубието не ги ни спомнува сластољубието и среброљубието.

            Посебно за монасите, Господовите зборови „каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ значат дека не смеат да се задоволат со нивото од првиот степен – чистење на срцето од страстите, туку дека мора да го достигнат второто ниво од духовниот развој, просветленоста. Односно, дека не смеат да се задоволат со чистење на енергијата на умот, туку мораат доволно да ја очистат и суштината на умот, која е во срцето, и да го достигнат блаженството на чистите по срце. Зашто, не вели Господ „каде што е богатството ваше, таму ќе биде и умот или разумот ваш“, туку вели: „таму ќе биде и срцето ваше“. Ако страста славољубие останува и натаму наше богатство, а ние не се бориме против неа, тогаш оваа страст го држи извалкано, заробено и затворено (за умно-срдечната молитва) нашето срце, и станува наш идол пред кој на дело се поклонуваме. Нашето единствено богатство е Христос. При умно-срдечната молитва сè повеќе и повеќе Го откриваме Христос како единствено богатство на нашето срце и Нему Му се поклонуваме. И ги откриваме бескрајните соборни простори и можности на нашето срце во Богочовекот Христос.

            Дај, Боже, да го достигнеме и степенот на обожение и да дознаеме што значат и зборовите на светиот апостол Павле: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20) – Христос, Кој на Крстот го вели она, за нас уште непоимливо, но сигурно есхатолошко и сигурно спасително, дури и за оние што во последен момент ќе се покајат и ќе побараат прошка: „Оче, прости им, не знаат што прават...!“ (Лука 23, 34).

            А што се однесува до нашата лична грешност и покајание и колкави се тие, погледнете го светот околу себе и сѐ ќе ви стане јасно.

            Простете ми и мене..., во Господ Исус Христос и заради Него!

Митрополит Струмички Наум

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная