логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Секташко однесување во Црквата (17.10.2020 09:41)

(Да застанеме смирено, да стоиме со страв)

 

Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла.

Оти од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека помеѓу вас имало карање.

А ова ви го велам, затоа што еден од вас вели: „Јас сум Павлов“, друг: „А јас сум Аполосов“, трет: „Јас сум на Кифа“, а друг: „Јас, пак, Христов“.

Па зарем Христос се раздели? Дали Павле беше распнат за вас? Или, пак, во името Павлово се крстивте? (1 Кор. 1, 10–13).

Ајде накратко и јасно за секташкото однесување во Црквата.

Духовното чедо не смее со духовниот отец или исповедникот, од кој и да било свештенички ранг, да гради посебен однос, одвоено и наспроти односот со Епископот на локалната Црква. Тоа е душевност и секташки однос што одвојува од благодатта Божја.

Духовниот отец или исповедник, од кој и да било ранг, не смее со духовното чедо да гради посебен однос, одвоено и наспроти односот со Епископот на локалната Црква. Тоа е душевност и секташки однос што одвојува од благодатта Божја.

Епископот на локалната Црква, исто така, не ги привлекува и не ги насочува духовните чеда кон себе, туку ги насочува кон Господ Христос и Му ги принесува Нему. Спротивното однесување од претходно опишаното е душевност и секташко дејствување, засновано на суета и гордост, коe одвојува од благодатта Божја. Од друга страна, Епископот не смее да одредува кој кај кого ќе се исповеда и со кого духовно ќе се советува. Антиномично, ама вистинито.

Секој Епископ на локалната Црква треба да има смирен, своевиден однос на послушание кон првиот по Чест на помесната црква; а сите Епископи заедно треба да имаат смирение и своевидно послушание кон соборните одлуки на Светиот Синод на помесната црква. Спротивното однесување е секташко дејствување.

Сите помесни цркви (Епископи) треба да имаат соодветен однос на почит кон Првиот по Чест на Православната Црква, односно кон Вселенскиот Патријарх. Тоа првенство по чест не е без духовни права и обврски – и од двете страни. Односот без почит кон Првиот по чест е секташко дејствување.

Паралелните односи во црковната заедница се, исто така, секташки односи. Со некои луѓе, со кои секојдневно сме заедно, градиме душевен, сентиментален однос, а со други – хиерархиски поставени над нас од Епископот, градиме службен (најчесто заснован на страв или одбивност – исто така, душевен однос). И двата вида односи не се исправни. Сите ние сме повикани со сите наши ближни, преку себепреобразување, да градиме духовен, љубовен и личносен однос.

Јас сум свесен дека секој однос на почетокот е душевен и телесен – барем во едната насока, но исто така, тие односи мора постепено да се преобразуваат, преку аскетско-исихастичкиот и светотаинскиот живот на Црквата, сѐ до своето потполно совршенство, според единството и заедницата на Отецот и Синот и Светиот Дух: за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно (Јован 17, 21).

Гарант за правилно и вистинско градење на личносните односи во Црквата е правилниот личносен однос кон својот Епископ, т.е. Епископот на локалната Црква. Затоа што, Црквата воопшто не е старецоцентрична, ниту игуменоцентрична, ниту презвитероцентрична, ниту духовникоцентрична, ниту исповедникоцентрична, туку е Епископоцентрична, т.е Христоцентрична.

Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е икона Христова; а почитта кон иконата се пренесува на оригиналот. Послушноста се подразбира – потврдена е и од Самиот Христос во Светото Евангелие: „Кој ве слуша вас [значи Апостолите или, денес, Епископите], Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној Кој Ме пратил“ (Лука 10, 16).

Од вака воспоставениот цврст однос може и да се отстапи. Да ве потсетам: Само заедничкиот принос на дарови и заедничкото причестување со друговерни, како и очигледното намерно отстапување од догмите на православната вера, е оправдана причина за бунт против вака воспоставениот поредок на односи кон епископот и тие што го следат – и без просветленост. Значи, не патријарх или архиепископ, туку и ангел од небото ако падне во ерес – не го следиме! Ги спомнав исклучиво овие два случаја, затоа што за толкување на каноните на Црквата, сепак, е потребна барем просветленост на умот. Така што и ве поттикнувам да внимавате првите две работи да не се случат, а за третата – спроведување на светите канони во пракса, има кој да внимава – Светиот Дух и соборот на Епископите.

Од својот епископ отстапуваме, освен за ерес, и во случај правосилно да биде осуден од црковен суд надлежен за него и за други дела предвидени од светите канони на Црквата. Што, исто така, не значи дека не треба да сострадуваме и да се молиме за него. Секој може да згреши.

Затоа, не се исклучувајте од несоздадената благодат Божја со погрешен однос кон Епископот на локалната Црква, односно градејќи погрешни односи со кого било друг, на штета на односот со Епископот на локалната Црква, сѐ додека е тој официјално ваш надлежен, правоверен Епископ.

Погрешните односи – со кого било друг, а на суштинска штета на односот со Епископот на локалната Црква, можат трагично да завршат. Имате доволно примери и кај нас; и доволно сте паметни и сами да ги препознаете, согласно описот што ви го дадов.

Ништо од ова што го напишав немаше да биде потребно ако секој Епископ имаше внатрешно духовно покритие за чинот со којшто е украсен. Но, за својата работа секој Епископ ќе си одговара пред Бог, додека пак, вие ќе одговарате пред Бог за вашиот однос кон својот Епископ. Јасно е, полесно се следи Епископ со духовен авторитет, отколку некој што живее немарно.

Наша задача е само да го зачуваме нашето единство во Христос, во Црквата, а сè друго однапред ни е дадено со Христовата победа над ѓаволот, смртта и злото, и сè друго ќе ни се додаде и оствари, и на личен, и на црковен, и на државен план. Верен е Бог, не е неверен. Почитувањето на хиерархиската поставеност на Црквата е многу важно во моментите на колебање на заедницата. Товарот на одржувањето на единството ќе падне на сите, но најмногу на духовните (силните).

 Зборот ми е, не ширете паника непотребно, со нагаѓања што ќе се случи. Немојте да поттикнувате раздор во црковната заедница. Затоа што, ништо од тоа што нагаѓате нема да се случи. Нашата црковна состојба е неспоредлива со чија било друга, за оттаму да извлекувате заклучоци. Лажните информации и неосновани тврдења се како вирус. Кај здравото ткиво на црковниот организам, преку нив, само се создава имунитет – што е добро. Но, номиналните христијани се доразболуваат до сеедност за сѐ, што е многу лошо; а тие се многу повеќе. А да не зборуваме за некаква мисија, што ни е основна задача. Просто, не личиме на ништо сериозно.

Времињата се сложени. Ни се случува специјална војна. Се изнесуваат многу лажни и збунувачки информации. Да застанеме смирено, да стоиме со страв, околу својот Епископ. Да стоиме со љубов околу нашата света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, односно Јустинијана Прима. И да си ги чуваме душите. Тоа...

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 

 Извор: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7336

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная