логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: ’Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива... Секој што пие од оваа вода [обичната, природната], пак ќе ожедни; а кој пие од водата што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“ (Јован 4, 10; 13–14).

Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него. Протекувањето на благодатта, односно добивањето и пронаоѓањето на „вода жива“, се пројавува како умно-срдечна молитва и е дар Божји – „водата што ќе му ја дадам Јас“. Потоа не ни треба духовен раководител, благодатта сама ќе нè води – „вода што ќе тече во живот вечен“.

„Иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и во вистина, зaшто Отецот сака такви да бидат оние што Му се поклонуваат. Бог е Дух, и оние што Му се поклонуваат треба да се поклонуваат во дух и во вистина“ (Јован 4, 23–24).

Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во благодатта на Светиот Дух и во исповедањето на вистинската вера. Поклонувањето во дух и во вистина е едно и исто поклонување, едно и исто дејство, една и иста благодат. И најнапред се случува на едно и исто место – во срцето, а потоа се сведочи и надвор од него. Без првото, не е возможно ни второто.

Во библиско-антрополошка смисла, поклонувањето во дух и во вистина значи поклонување со исцелен ум. Исцелен ум има човек кој енергијата на својот ум молитвено ја соединил со суштината на својот ум – која се наоѓа во неговото срце. Бидејќи ова соединување е дејство на благодатта Божја и најнапред времено и аскетски се случува внатре во срцето, исцелениот ум прво се појавува како просветлен ум. Доколку ова соединување во срцето е постојано благодатно, а не времено и аскетско, тогаш исцелен ум е исто што и обожен ум. Обожениот ум е ум од Духот воведен во сета вистина (види: Јован 16, 13).

Исповедањето на вистинската вера има и свој теоретски – догматски и свој практичен – подвижнички дел. Тие се наразделни. Неопходно е да веруваме и да исповедаме вистинска, православна вера за да можеме да живееме согласно правилото на верата – начинот на својот живот и подвиг да го восогласиме со нивото на нашата духовна возраст.

И обратно, животот и подвигот согласно правилото на верата водат кон познание на Бог и исповедање на вистинската вера. „Сега веќе не веруваме од твоето [или нечие] кажување, оти сами чувме и знаеме [лично од Него] дека е Он Спасителот на светот, Христос“ (Јован 4, 42) – ѝ велат луѓето од селото на жената Самарјанка.

Должни сме да го очистиме срцето од гревот и да ја активираме благодатта на Крштението внатре во него. Самата благодат Божја, потоа, ќе го раководи нашето преобразување. Плачот и солзите се знак за правилноста на подвигот на сите нивоа од духовниот развој.

Господи Исусе Христе, ни даде сува земја, преку Богородица, дај ни и водни извори!

Митрополит Струмички Наум

(13.05.2017 15:00)

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2028
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная