логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во оваа од Бога благословена 2012 година од Рождеството по плот на нашиот Спасител, кога навршуваат 45 години од возобновувањето на автокефалноста на најсветата Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, за првпат во поновата историја на оваа наша заедничка Мајка, во рамките на чествувањето на овој многудостоен спомен, предвидени се и две канонизации на свети Божји угодници од постаро време. Станува збор за светите Битолски и Пречистански преподобномаченици, пострадани за верата Христова, првите во XIV, а вторите во XVI век, кои и покрај тоа што со својата пролеана крв за Христовото име примиле маченички венец на славата, не можело своевремено да бидат канонизирани поради неблагопријатните историски опстојателства. Иако меѓу верниците во Кичево и особено во Битола постојат силни преданија за страдањето на локалните богоугодници, сепак, со цел сите православни верници да се запознаат со нивниот маченички подвиг пред нивното канонизирање, ги приложуваме кратките описи за страдањата на овие маченици за верата православна. Oвие кратки описи се извадени од опширните повести за страдањата на преподобномачениците, коишто беа подготвувани подолго време, врз основа на историските извори и преданијата. Опширните повести за страдањата на преподобномачениците ќе бидат објавени во блиска иднина.


+ + +

sv.Evnuvij.Pajsij.Averkij.jpg


Кратка повест за страдањето на светите славни
Пречистански преподобномаченици
Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј


bukva.s.jpgреде природните убавини на планината Цоцан во близина на Кичево, Пресвета Богородица си издигнала прекрасен дом – манастирот „Пречиста - Кичевска“, посветен на светото Благовештение. Кон средината на XVI век, монашкото братство од овој манастир станало вистинска утеха и крепост за напатениот народ кој страдал под тешкото османлиско ропство. Гласот за нивната слава и духовна сила допрел и до злонамерните Агарјани , па тие на 27от ден од месец март, 1558 лето Господово, со сета своја јарост се упатиле кон светата Богородична обител. Браќата заедно со присутните мирјани, биле собрани, како и обично, во храмот на заедничка Литургија. Во часот кога од певницата, со умилен молитвен глас, бавно прозвучила херувимската песна, отец Аверкиј, којшто морал да исполни некое послушание надвор, втрчал во храмот и известил дека кон манастирот се приближува многуброен, насилнички османлиски аскер. Тогаш преподобниот старец Евнувиј, заедно со уште двајцата монаси Пајсиј и Аверкиј, подготвени да примат маченички венец, останале во манастирот, а останатите монаси и мирјани заминале во шумата и таму пронашле безбедно место да ја довршат Литургијата. По службата, откако се увериле дека Агарјаните биле заминати, монасите се вратиле и тука затекнале страшна и тажна слика: сè било уништено, храмот бил во пламен, а на местото Γοсподинец близу манастирската чешма, лежеле телата на тројцата свети старци и духовни учители. Тие откако најрешително одбиле да се приклонат кон иноверното учење и пред разбеснетите Агарјани непоколебливо ја исповедале својата силна вера во Спасителот Христос, биле подложени на страшни измачувања и примиле маченички венец со отсекување на нивните божествени глави. Сите селани од околните села се собрале за да ја споделат болката со осиротеното и обездомено братство. Притоа, со стравопочит и солзи во очите, тие им се поклонувале и ги целивале телата на светите преподобномаченици. Но тагата се преплетувала со радост заради стекнувањето на тројца нови застапници за народот пред Бога.
 Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител не се распуштила, туку продолжила со својата монашко – евангелска просветна дејност. За шест години бил изѕидан нов храм од камен.

  Таков бил подвигот, страдањето и преминот во вечниот живот на светите отци наши и преподобномаченици: Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе, чувај ја татковината наша и спаси ги нашите души, дарувајќи ни голема милост. Амин!
 

Крај и слава Му на Бога!
 

+ + +

sv.Bitolski.Machenici.jpg


Кратка повест за страдањето на светите славни
Четириесет битолски преподобномаченици



bukva.v.jpgо времето кога Османлиите тргнале да го завладеат Балканскиот полуостров, градот Битола (нарекуван уште и Манастир поради бројноста на црквите, манастирите и скитовите) бил голем и добро утврден град. Животот во него прилегал на Црква Божја, а најголема скапоценост, пак, било бројното монаштво, сместено низ многуте манастири и скитови, внатре и надвор во неговата околина.
Но општото зло што ги снашло христијaнските земји на Балканот во втората половина на XIV век, не го одминало ни овој, не малку значаен град. Имено, откако османлиските војски без борби го освоиле градот Прилеп, тие ја опколиле и ставиле под опсада Битола. Населението давало огромен отпор, не поради надмоќноста во бројност, или во оружје, туку поради храброста и пожртвуваниот дух, посветен целосно на верата и слободата. Но по четиримесечната опсада и тешките, жестоки битки што бојното поле го претвориле во алеја на пустош и беда, градот, по допуштение Божјо, конечно паднал во рацете на Османлиите. Според нивниот закон , жителите на освоениот христијански град што ќе одбиел да се предаде, ја губеле личната слобода, а војниците на освојувачот имале право три дена неограничено да убиваат и ограбуваат. Па така, откако Агарјаните влегле низ градските ѕидини, следеле страшни настани: жителите биле  убивани, жените силувани, свештениците, монасите и монахињите мачени и погубувани; храмовите биле ограбувани и сквернавени, а потоа и до темел палени.  Целиот град што претходно имал обличје на еден голем и прекрасен манастир, почнал да потсетува на бедна и тажна слика од некој мрачен уметник, касапница на човечки тела, гнездо на ужас и страв. Улиците и сите градски населби биле претворени во губилиште – Голгота, а мртви тела имало насекаде. Градските зданија и тврдини биле претворени во пепел и прав.
 Особено големо крвништво варварите покажале кон свештениците и монасите, коишто за сето време на борбите, непрестајно го поучувале и поткрепувале верниот народ, поттикнувајќи го да се бори до крај за својот Спасител и Творец – Христос, па и самите застанале цврсто во одбрана на своите светињи, своите огништа и гробовите на своите предци. Многу од жителите, поттикнати од благодатните проповеди на овие преподобни богоугодници, со радост оделе на губилиште, говорејќи: „Подобро смрт, отколку да Го предадеме Христа, единствениот вистински Бог, Кој ни дава живот вечен!“
Најревносните, пак, проповедници и чувари на верата, претежно млади продуховени и просветлени монаси, со неколкуте искусни обожени страци, сите заедно триесет и девет на број, од повеќе битолски манастири и скитови, кои, по Божја промисла, ги преживеале страшните настани, се повлекле во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“. Оттаму, тие преку молитви, утехи и беседи ги храбреле битолчани да не го жалат, па ако треба и да го дадат својот привремен живот само да не се откажат од својата прататковска вера во Христа, знаејќи дека така ќе придобијат бесмртен живот во слава и чест. Затоа водството на Агарјаните имало голема желба да ги зароби и некако да ги придобие овие монаси на своја страна, за откако ќе им го прекинат изворот на просветление на останатите битолчани, полесно да можат да ги поколебаат во верата и да ги наведат да му се подадат на учењето на нивниот пророк. По пат на предавство, Исмаилците успеале да откријат каде се кријат овие монаси, ја разбиле манастирската врата и ги заробиле браќата, коишто тогаш се наоѓале на утрено молитвено собрание. Најпрвин жестоко ги измачиле, па потоа ги фрлиле в зандана, а утредента, доведувајќи им ги најдобрите мухамедански учители, започнале ласкаво да им се додворуваат и да ги убедуваат да се откажат од Христа. Мухамеданските првенци се обиделе најпрво со ветување на слобода, голема чест и земни блага, да ги наведат монасите да се откажат од својата вера. Но бидејќи браќата не сакале ни да слушнат за такво нешто, туку бескомпромисно изјавиле дека подобро би претрпеле и најлути маки, отколку да Го остават најслаткиот Исус, Агарјаните се обиделе преку теолошки дијалог да ја постигнат својата цел. Започнала препирка за тоа која вера е вистинската, при што монасите мудро одговарале, темелејќи ги своите зборови на Светото Писмо и светоотечкото предание и така постигнале победа во дијалогот. Откако го проследил со големо внимание овој дијалог, еден Турчин, кој се викал Хасан, а им служел како преведувач на препирачите, се восхитил и бил трогнат од неочекуваната духовна длабочина и големото христијанско смирение на овие блажени души. А восхитен и од необичната храброст на битолските монаси, како и нивната цврста вера, тој силно посакал своето мухамеданско верување да го промени во христијанско православие. Ранет длабоко во срцето од стрелата на Христовата љубов и благодат, тој громогласно извикал:
 - Голем е Бог на христијаните, и јас сум Христов! Навистина, роден сум како мухамеданец и воспитан во мухамеданскиот закон, но сега го примам Божјиот призив што ме повикува во царството на Исуса Христа, Синот Божји и Господ мој. Отфрлам секакво друго учење освен законот на добриот Христос!
 Ваквата ненадејна промена во однесувањето на така угледен султански великодостојник, најпрво предизвикала недоумица кај Агарјаните, но гледајќи го неговото просветлено ангелско лице, тие ја увиделе цврстата определба на својот сонародник, па грубо нафрлајќи се на него, толку силно го претепале што на телото на маченикот не останало неповредено место. Потоа го фрлиле во занданата, заедно со останатите Христови преподобномаченици. Преку ноќта, светите отци со голема љубов се погрижиле за него и подробно му го објасниле Евангелското учење. Целата таа ноќ тие ја поминале во непрестајни благодарења на Бога, славословија и усрдни молитви.
 Утредента, кога посрамените Агарјани увиделе дека монасите се непопустливи и бидејќи исполнети со безмерен гнев, ги осудиле на смрт сите четириесетмина и ги повеле кон височинката на Баирскиот рид, кај еден голем камен, што сè уште постои, за таму да им ги отсечат главите . Тоа високо ритче има таква местоположба, што може да се види од секое место во градот. Одејќи кон својата Голгота, светите биле радосни, како да одат на свадбена веселба. А кога стигнале на спомнатото место, пред да бидат посечени, тие Му се помолиле на Бога: да ги заштити децата и луѓето кои умираат за Него, да ги вразуми заблудените, да се смилува над градот и повторно да го подигне од урнатините, да им го врати скиптарот на христијанските цареви... Веднаш потоа, на 9от ден од месец март, во 1385 година од Раѓањето по плот на нашиот Спасител Господ Исус Христос, Осмaнлиите им ги отсекле главите и така преподобномачениците ја покажале својата бестрашност, извојувале неовенлива победа и го добиле венецот на славата од Господа, својот Подвигоположник, за да се радуваат вечно во Неговото царство, молејќи се за сите оние што верно го почитуваат нивниот свет спомен. Зајдоа овие светила на земјата за да заблескаат уште посилно на небесата. Телата на светиите биле намерно расфрлени по тешко пристапни места, во горите на планината Баба, како храна на шумските ѕверови, за да не дојдат во рацете на христијаните и да се уништи споменот за нив. Но споменот за нив никогаш не згаснал во срцата на верните, кои до наши дни, секоја година, на денот на нивното мачеништво, во голем број се собираат за да се поклонат во храмот изграден над каменот каде што била пролеана нивната света маченичка крв, и каде стануваат безброј и големи чудеса.
По молитвите на светите Четириесет битолски преподобномаченици, коишто пострадале заради Твоето пресвето Име, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè и спаси нè. Амин!

Крај и слава Му на Бога!

 

1Бидејќи Сара, жената на прататкото Авраам, била неплодна, таа му ја дала на својот сопруг својата слугинка Агара, којашто му родила син Исмаил, од кого потекнуваат Агарјаните, кои уште се нарекуваат и Исмаилци. (Сп. 1. Мој. 16, 1-2, 15). Поради тоа што турските племиња ја примиле муслиманската вера од нив, и тие по аналогија се нарекуваат Агарјани. Овој термин се употребува во литературата и во преносна смисла за варварски, агресивни и дрски народи, затоа што Агара во Светото Писмо е синоним за дрскост, оти таа дрско се однесувала кон својата господарка Сара.

2 т.е. шеријатскиот закон

  3Тоа место и ден денес се нарекува „Крк-кардаш“, што во превод од турски значи „четириесет браќа“.

17 јуни 2012 год.

 

Kichevo.Prechista12.jpg

 

 

Друго:

 

Kanonizacija.Evnuvij.jpg

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная