Одговара: отец Горан Тасески
Прашање од Ана: Ве молам да ми го објасните стихот од 50-тиот псалм : „Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение“.Благодарам.
Одговор:
Светиот пророк Давид овдека се моли за сите свои прегресхенија и убиства кои се направени од него во време на војните кои ги водел со непријателите, за да го заштити Господ од сите непријатели кои ја бараат одмаздата кон него, но пред се се моли на Бога за да му ги прости гревовите направени со убиствата во војните. Ние читајќи го овој псалм се молиме за прошка од Бога за сите наши сторени гревови кон ближниот свој . амин ! Секое добро . Поздрав.
: