Одговара: отец Горан Тасески
Прашање: Мојата сопруга направи абортус.После еден месец почина неисповедана.Дали може и на кој начин Бог да и го прости тој голем грев?
Одговор:
Господ по молитвите на светите оци да прости согрешенија волни и неволни.
Човекот додека е жив има можност да се покае за своите гревови а после смтта ја нема таа можност, а врз основа на неговиот живот поминат во светот Бог му одредува вечно становиште во Рајот или во пеколот.
Но Црквата Божја како Тело Христово во кое се собираат сите крстени христијани, претставува место каде преку благодаттните љубовни сили и енергии Божји се поттикнуваат членовите на црквата да го распалуваат жарот на љубовта твореќи добродетелство и молосрдност кон сите живи во светот сведочеќи го при тоа во светот постојаниот Љубовен двиг Божји за светот со цел сите да се спасат спознаваќи ја притоа вистината за Бога, за себе си, за светот. За сите починети пак принесуваќи постојани молитви за нив, изразуваќи ја при тоа љубовта и почитта кон нив како благомирисно кадење кое се воздигнува кон престолот на Милостивиот Бог наш за да и прости гревовите на таа душа и да ја насели во Рајот.
Значи живите членови на црквата Божја се задолжени и преку своето лично покајание и преку усрдни молитви кон Бога, да испросат прошка од Бога за таа душа која ја спомнуваат во своите лични молитви и вршат милосрдни дела во нејзин спомен, а преку литургиите и помените за таа душа, целата црква проси од Бога милост прошка и населување во Царството небесно за живот вечен.Амин!