Монах - тоа е оној, чија вредност е во неговата ноќна молитва
- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.
- Монах- тоа е оној, во кого Божестевената Љубов го најде своето живеалиште и кој стана непобедлив и непристапен за непријателот.
- Монах- тоа е оној, чија непрестајна молитва стана непрестајна Љубов кон Бога.






Меѓутоа, надежта во позитивната промена на односот меѓу човекот и природата таа го поврзува со тежнеењето на општеството кон духовна преродба. Антропогената основа на еколошките проблеми покажува дека светот кој нѐ опколува го менуваме во согласност со својот внатрешен свет, односно преобразувањето (обновувањето) на природата треба да започнува од преобразувањето (обновувањето) на душата. Според мислата на свети Максим Исповедник, човекот ќе биде во состојба целата земја да ја претвори во рај, дури тогаш, кога рајот ќе го носи во самиот себе“.





Да ги земеме за пример иконоборците и иконопоклониците. И едните и другите оделе во крајности! Иконоборците ги палеле и фрлале иконите… а иконопоклониците ги стругале Христовите икони и тој прав го додавале во светиот Путир за подобра да биде Светата Причест! Затоа Црквата била принудена да ги подигне високо, а кога поминал спорот, ги спуштила ниско, за да им се поклонуваме и да искажуваме почит спрема изобразените личности.
„Сега да се помолиме.“ Станавме да се помолиме. Тој ги крена рацете и рече: „Оче наш, Кој Си на небесата…“. Како да ви кажам, навистина Бог беше таму! После јадењето ја кажа и благодарствената молитва. А што јадевме? Ништо – стар сув леб, кој во друг случај, дури и да ми платат, немаше да го изедам, една главичка сув лук и една марула.
Егоизмот, зависта, неправедноста, лагата, богатењето и пред сè, непокајанието, односно нашето свесно и цврсто врзување за злото, творат крст на којшто ние самите себе се распнуваме, а Бог да не го сака тоа. Човечката злоба, во секој свој облик, претставува смрт и мрак. Со изборот на местото на разбојникот од левата страна, нашиот крст добива предвкус на пеколот.





























