логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 12/07/2016   Поуки - совети

Многу е напишано за блаженопочинатиот старец Пајсиј, кој со своите просветлени поуки утешил, советувал и дал спокојство на толку многу души, како што кажуваат и многу негови духовни чеда.

Основната старечка особина била едноставноста во беседите и едноставниот спонтан хумор, кој секогаш, колку и да изгледало смешно, неговото зборување имало длабока смисла, а човекот можел да сфати дури после зрело размислување.

Самиот тој за своите „шеги“ вели: „Кога нешто зборувам… што и да кажам, дури и некој смешен пример, не го кажувам туку-така. Со тоа сакам нешто да нагласам, да подвлечам.“ Од соговорниците барал да допрат до длабоката смисла на она што изгледало како шега: „Фаќајте подлабока смисла. Никогаш не кажувам нешто некорисно.“

Слушателите на старецот биле луѓе од најразлично потекло: прости луѓе и службеници – монаси, политичари, студенти, професори… На секој од нив имал нешто да им каже, а кога некои се жалеле дека на исто прашање понекогаш давал различни одговори, одговарал: „Ама, душо крстена, на секој му го давам витаминот кој му недостасува“.

Шеговитите старечки поуки толку многу се разновидни така што човек доаѓа до недоумица дали воопшто постои нешто што не искоментирал. Некои од неговите духовити забелешки во себе кријат единствен педагошки пристап и длабоко се врежале во срцата и мислите на неговите соговорници. Изнесувал забелешки од областа на телекомуникацијата: „за’рѓани проводници“, од воздухопловството: „аеродроми  за призејмување“, од вселената: „астронаути – рајски космонавти“, од областа на медицината: „отечки витамини“, од електротехниката: „приклучок (како извор на енергија) на благодатта Божја“ итн.

Старчевата способност за создавање на нови зборови остава длабок впечаток кога се „игра“ со зборовите: „Богословија (теологија) – мозгологија“, „тихувалница – викотница“, „нетварно – датварно (тварнољубно)“, „закоравеност на срцето – омозоглавеност на срцето“ итн.

Големо значење има и неговата гостопримница под ведро небо во Панагуда, во кои се наоѓале „свечените фотелји“ (дрвени цепеници) каде што внимателно го слушале старецот како говори за некоја тема и неочекувано ги засмејувал слушателите со некоја негова досетка за која ненамерно тие би се сетиле и на познатите зборови од Старечникот за ловецот и Антониј Велики.

Ловецот го здогледува Антониј Велики како си „игра“ со учениците и зачуден застанува. Антониј Велики ја разбира причината за молчењето на ловџијата, и му вели:

„Затегни го ловецу својот лак“ – ловецот го послушува и го затегнува лакот.

„Затегни го уште“ – тој го затегнува уште повеќе.

„Уште малку“ – инсистирал свети Антониј.

„Не може повеќе, авва. Уште малку и ќе пукне“.

„И со подвижниците е исто така“ – објаснува мудриот отец. „Ако правиме насилство на себе, и ја преминеме границата на душевната и телесната издржливост, ние буквално ќе се сотреме. Затоа треба бидеме малку попустливи кон себеси.“

Во наше време било каде да застанеме слушаме толку многу небитни шеги без духовна содржина. Еден искусен толкувач за старец Пајсиј изјавил: „Никогаш својата подвижничка поука не ја оставил сува. Таа напојува и ќе напојува освежувајќи  неброени битија во оваа пуста и безводна земја на нашата сува епоха.“

Според тоа, старецот и најшеговитата сторија ја користел за „воспоставувување на  комуникација со небесата. Кога некој сето тоа духовно би го применил, знаете ли каква духовна  корист би добил и какво духовно искуство би стекнал?“

Секогаш да го имаме неговиот благослов.

Сотириј Лисикатос

Солун, 2003
Старец Пајсиј Светогорец

Извор: http://www.pppe.mk/2016/%d0%b7%d0%b0-%d1%88%d0%b5%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%83%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%86-%d0%bf%d0%b0%d1%98%d1%81%d0%b8%d1%98



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2584
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7037
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6860
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

01/07/2024 - понеделник

Апостолски пости (строг пост)

Светиот маченик Леонтиј; Преподобен Леонтиј проѕорлив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов апостол Јуда Тадеј 19 јуни / 2 јули 2024

Тропар на св. Христов апостол Јуда Тадеј 19 јуни / 2 јули 2024

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,ти прелеста ја порази и верата ја сочува,денес...

Тропар на св. Христови маченици Леонтиј и со него Ипатиј и Теодул 18 јуни / 1 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Леонтиј и со него Ипатиј и Теодул 18 јуни / 1 јули 2024

Воину Божји, Леонтие свети, душата за Христа ја обручи,со вера која во маченички подвиг те закрепнуваше.Гостољубие покажувајќи, ги приведе Ипатиј...

Тропар на светите Маченици Христови Мануил, Савел и Исмаил 17 јуни / 30 јуни 2024

Тропар на светите Маченици Христови Мануил, Савел и Исмаил 17 јуни / 30 јуни 2024

Како младенец возљубувајќи ја чистотата,срцето во Христови раце го предаде,Тихоне Божји угодниче,благодатта накалемувајќи се на тебе,сувото лозје во градина Господова...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная