логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

✤✣✤Ако не идејата, тогаш опитот на откровението се јавува, без никаков сомнеж, како првобитно искуство на човекот. Човекот во првите времиња себеси се сфаќал како битие кое живее не само во чисто физичка, туку и во духовна взаемна врска со светот што го опкружува. Поедноставно кажано, човекот живее не само со разумот, туку и со чувствата и сетилата. Со сетилата и чувствата го забележуваме и чувствуваме сето она што во светот, во природата, во животот, во општењето со другите луѓе, голиот разум не може да го забележи. Затоа нема ништо понижувачко за Христијанството во тврдењето дека човекот секогаш најпрво Го чувствува Бога, а потоа го насочува и својот разум кон Него. Токму како што во вистинското, длабоко општење со другиот човек, можеме да ја почувствуваме неговата „душа“, односно онаа негова највнатрешна длабочина која се открива во неговата надворешност, и во неговите зборови и во неговите постапки, но која притоа не се сведува само на надворешноста, зборовите и постапките. На ист начин човекот отсекогаш во светот го чувствувал присуството, дејството и откровението на она што не може да се сведе само на надворешноста. И токму тоа е она што човекот во еден миг на својот развој го нарекол Божество, Бог. Поимот Бог, едноставно, не би имал од каде да се појави доколку претходно немало таква реалност и искуство на таа реалност на којашто овој поим се однесува. Со тоа би морале да се согласат и најбескомпромисните „позитивисти“. Со оглед на тоа дека поимот Божество е општочовечки поим и дека го пронаоѓаме секаде и секогаш, имаме право да заклучиме дека и она што го нарекуваме „Откровение“, односно чувствување и искусување на присуството на она внатрешно и невидливо, во сѐ надворешно и видливо, всушност воопшто не е случајно, односно не е никаков исклучок, туку претставува некаков првобитен закон. Тој закон може да се нарече закон за „религиозната суштина на човекот“. Тој закон, без разлика колку атеистите и да го тврдат спротивното, ни малку не го нарушуваат фактот дека во наше време има многу луѓе кои себеси се сметаат за нерелигиозни, т. е. атеисти. Тој факт не го нарушува овој закон, најпрвин затоа што нивното порекнување на верата, на Христијанството, се спроведува во име на други, „вредности“, а тоа значи во име на некоја друга вера, некое друго „откровение“. Тоа е суштината на целата работа. Атеистите тврдат дека Христијанството претставува препрека за во светот да се воспостави среќа и слобода. Но од каде кај нив воопшто такви поими - „среќа“ и „слобода“? Сигурно не од физиката и математиката. Во краен случај, луѓето всушност спорат токму и исклучиво околу различните „откровенија“, и затоа потполно се точни Христовите зборови запишани во Евангелието: „Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј, 6, 21).

Но секако, со тоа „природно откровение“, со тоа за човекот својствено „религиозно чувство“, во никој случај не се исцрпува христијанското искуство на откровението и христијанското учење за откровението. Сега можеме да продолжиме понатаму. Или поточно, можеме да се вратиме на она прво прашање со кое го започнавме ова размислување за верата и откровението кое лежи во темелот на верата. Во Светото Писмо, како што веќе рековме, непрестајно се зборува за необични откровенија: „И му рече Господ на Авраама: ’Оди од својата земја... во земјата што ќе ти ја покажам‘“ (1. Мој. 12, 1). Или пак: „И ми дојде слово од Господа... и рече Бог...“ (Ерем. 1, 4).

За какви јавувања овде станува збор? Како да ги поврземе тие откровенија со она „општо откровение“ за коешто пред малку зборував? Христијанството од една страна, како што вели Евангелието, тврди дека „Бога никој никогаш не Го видел“ (Јован, 1, 18), а Црквата во своите секојдневни молитви Го нарекува Бога „Невидлив, Недостижен, Неопислив“. Затоа во старозаветните библиски приказни не може да стане збор за некакви „физички“ јавувања Божји. Од друга страна пак, секое од тие откровенија што човекот ги прима и исполнува е така очигледно, така авторитативно и така неоспорно. „Тогаш појде Авраам како што му кажа Господ“ (1. Мој. 12, 4). Јасно е дека овде повторно имаме работа со внатрешното чувство, но со чувство бескрајно посилно, бескрајно понапрегнато и поинтензивно од оние чувства што ги чувствуваме во животот, во неговите најголеми длабочини. Зарем секој од нас не доживеал и искусил во својот живот такви, по својата судбоносност и интензивност, единствени мигови, кога навистина слушаме некаков внатрешен глас што нѐ повикува, што ни јавува, што ни открива и нѐ приведува кон некаква одлука која пред само неколку мигови ни била нејасна и спорна. Зарем не сме ги искусиле тие мигови, кога се напрегнува целиот наш живот, кога буквално целиот наш живот зависи од тоа дали ќе донесеме некоја одлука или не, одлука која толку самовласно и неоспорно извира од нашата свест и совест?

Секако дека сме искусиле такви мигови, секако дека ги знаеме! И колку и да ни повторуваат дека сѐ во животот без исклучок е потчинето на железниот закон за причина и последица, ние со сето свое битие, со сето свое искуство знаеме дека во реалноста, толку често сѐ во потполност зависи од нашиот избор, од гласот на совеста, од мистичното потопување во таинствената длабочина на нашето „јас“.

Никогаш нема да знаеме што точно се случило во тој ден кога Авраам ја донел таа своја судбоносна одлука, кога „Му поверува на Бога“ (1. Мој. 15, 6), кога оставил сѐ и тргнал во земја далечна, започнувајќи со тој свој чин еден сосема нов ланец на настани, кои потоа воделе ко Христа. Никогаш нема да знаеме што точно се случило кога Мојсеј, покорувајќи се на гласот на тоа таинствено вдахновение, сам се искачил на гората Синајска и потоа слегол од неа, донесувајќи им на луѓето Заповеди, толку едноставни и толку вечни, што на нив до ден денес се држи светот. Но знаеме дека тоа што тогаш се случило, од корен ја изменило духовната судбина на човекот. Знаеме и дека тоа во својата длабока суштина било призив и одговор на тој призив, откровение и вера. И најпосле, знаеме дека и тоа откровение и верата која се јавила како одговор на тоа откровение биле слободни, бидејќи Божјото откровение не било „физичко“ ниту било дарувано на човекот на принуден начин, туку од внатре, од длабочината на човековото духовно чувствување. Авраам поверува, но Авраам можеше да не поверува. Мојсеј послуша, но Мојсеј можеше и да не послуша. И тоа е онаа троичност на откровението, верата и слободата, која нѐ приведува кон самата суштина на христијанската вера, подобро кажано кон Самиот Христос.

Продолжува

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная