Песна (13.04.2018)
И сега ?
Да Те восфалувам и издигам до небото
Зборови да барам неискажани за Тебе
Да кажувам на светот колку би болело
Кога Ти не би се грижела за мене.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
И сега ?
Да Те восфалувам и издигам до небото
Зборови да барам неискажани за Тебе
Да кажувам на светот колку би болело
Кога Ти не би се грижела за мене.
Така деновиве си спомнавме и за страдањата на Христа и за неговото Воскресение. Скоро два милениуми повторуваме секоја година, но ретко учиме да им проштеваме на непријателите, а самиот Христос го замоли Отецот Небесен, да им прости на оние коишто го предадоа и го распнаа. Со спомнувањето на Воскресението секој Велигден и секоја недела, повторувајќи многупати, требаше да научиме да не го користиме прашањето:
Кондак, глас 8.
Богоблагодатна Дево, од твојот извор кој тече непрестајно, ти ми даваш вода од твојата благодат неискажливо. Затоа ти се молам тебе, која надумно Го роди Словото, пороси ме со благодатта, за да ти викам: Радувај се, водо спасителна!
Востановувањето на овој празник се случило во чест на чудата кои се случувале на изворот кој се наоѓал покрај храмот „Животоносен источник“, посветен на Пресвета Богородица, во близината на Цариград. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики [5 век]. Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек,...
На 10 април 2018 година (вторник од Светлата седмица), во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Денес сета твар се весели и радува“, „денес празнува сета вселена!“ Шепотот на Ангелот во празниот Гроб на Голгота, упатен до жените Мироносици: Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде (Мк. 16,6) – денес како вик на најблескава победа, торжествено се пренесува по сите краишта на небото и на земјата.
„Радувајте се, луѓе, и веселете се! Ангелот што седеше на гробниот камен, тој ни благовести, велејќи: Христос - Спасителот на светот - воскресна од мртвите, и со благопријатна миризба ја исполни вселената. Радувајте се, луѓе, и веселете се!“ (Хвалитна воскресна стихира на Утрена на Втор ден Велигден).
Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски. Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог.” Му одговори Исус и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.” Никодим Му рече: „Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе...
Сега се исполни сѐ со светлина, небото и земјата и адот; секоја твар нека се весели и радува. Се радува земјата, бидејќи се ослободи од проклетството за Адамовиот грев. Ликува небесата, бидејќи Оној што слезе на земјата, од адот ги ослободи оние кои таму се наоѓаа. Пеат ангелите, прославувајќи го Победителот на смртта Својот Творец, Кој сега го прославуваме.
Вистината на Воскресението разумот може да ја докаже врз основа на Писмото, и силата на неговите заклучоци не може, а да не ја признае неверникот, доколку не му е отапено чувството за вистина. Верниците, пак, немаат потреба од докази, затоа што Црквата Божја е преполна со
По повод празникот на Воскресението Христово, деновиве од печат излезе книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Книгата содржи десет кратки житија на светителите: свети Никола Чудотворец, свети Спиридон Чудотворец, свети великомаченик Димитриј Солунски,
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало. Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии; и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани. И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив; но очите им се замрежија за да не Го познаат.
Јудеите се обиделе светлоста на Христовото Воскресение да ја замаглат со лага: „Учениците го украле“. Меѓутоа, таа нискост било лесно да се совлада, и вистината победила. Сепак, дури и после ова не престануваат oбидите да се замагли сонцето на Воскреснието. Но, ова не треба да нѐ смутува! Што може да се очекува од таткото на лагата, ако не – токму лага?
Но, известувајќи ги жените за Воскресението на Господа, ангелот вели само: „Стана, не е овде!“ Тој не додава: „Радувајте се“, зашто радоста сама по себе ќе ги исполни нивните срца штом се уверат дека Господ навистина воскреснал. Тогаш верата била опиплива, а Господ со Своето јавување ја допотполнил. И радоста кај сите била неисцрпна!
Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.
„Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и Твоето свето воскресение го пееме и славиме, зашто Ти си Бог наш, освен Тебе за друг не знаеме, со името Твое се именуваме. Дојдете сите верни да се поклониме на светото Христово воскресение,...
Човечкото тело веднаш би се распаднало и би се претворило во земја да не му беше – со Промислата (προμηθείᾳ) и силата (δυνάμει) на Оној Кој со Своето слово држи сѐ (τοῦ ρήματι μόνῳ τὰ πάντα φέροντος) – одложено исполнувањето на пресудата. Он, како што рековме претходно, ја задржа и ја одложи пресудата за смртта на телото, и со длабочината на Својата мудрост и човекољубие тогаш нејзиниот исход така го подготви, што нејзиното исполнување во иднина го зачува за Него.
Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен е бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Логосот Божји, т. е. се однесува на Пресвета Богородица.
Стих: Попусто го чуваш гробот, стражо, бидејќи тој не може да го задржи самиот Живот.
Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови...
Не, христијаните треба да учествуваат во самото Воскресение Христово! Како да учестуваат? Преку тајните на Покајание и Причестување со Светото Тело и Животворната Крв на Спасителот. За време на Великиот Пост – дните на покајание, очистување и преродување – ние треба да ги обновиме нашите срца за да Му совоскреснеме на Христа. И затоа, оној којшто не учествувал во самото Христово Воскресение не ги разбира и во себе не го носи