Тропар на Собор на светите
дванаесет апостоли - Павловден
30 јуни - 13 јули
Апостоли свети,
молете го Милостивиот Бог,
да ни подари прошка
на гревовите на нашите души.
Извор МПЦ – ОА
Тропар на преподобниот отец
Георги Иверски
30 јуни / 13 јули
Воскликнува кон Бога денес Црквата,
над Иверската обител благодат се разлева
која низ цела вселена се проширува,
славата Господова по молитвите твои Георгие
преподобен, човечкиот род го закрепнува,
а Грузија со рамноапостолна порфира те закитува.
Спомни си за нас пастиру Христов,
запазени да бидеме за Царството Небесно.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот новомаченик
Михаил градинар
30 јуни / 13 јули
Смртта телесна за Христа добиена –
вечен живот и радост неизмерна ти донесе
о Михаило свети мачениче,
а ревносната вера непоколеблива твоја,
ни дарува денес коленоприклонение,
пред подвигот твој свет.
Моли се за нас мачениче благодатен
да истраеме во минливите искушенија.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Од Верскиот календар на МПЦ (13.07.2023)
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар: