Св. Макариј Велики: Последиците од падот на Адам
Адам бил создаден чист за да Му служи на Бога, а сите созданија биле дадени за нему да му служат, зашто бил поставен за господар и за цар над сѐ што создал Господ. Но штом се доближил до него лукавиот демон и поразговарал со него (Адам во почетокот го примил само со својот надворешен слух), тој веднаш навлегол и во неговото срце и го опфатил целото негово битие.