Свети Козма Етолски - Разбојникот кој секој ден ѝ се молел на Богородица
Готвачот му одговорил и рекол: „Јас сум лажго кој секогаш зборува лаги. Но, бидејќи ме обврза во името Христово, не можам, а да не зборувам вистина. Јас сум ѓавол и бев испратен од мојот господар да работам за водачот на оваа дружина, и да чекам ден кога тој нема да го прочита Канонот кон Богородица – во истиот тој ден да го заробам во пеколот. Веќе четиринаесет години пазам на него, и немаше ден, а да не ѝ се помоли на Богородица.“