ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје: Научен собир „ПРЕДАНИЕ И МИСИЈА“ (III дел)
Првпат кога почнал апостолот Павле да пишува библиски книги, кога започнал со пишување на своите посланија, првото свое послание го упатил во Македонија. Го испратил кај оние што најпрво им проповедаше со збор, кога дојде за првпат во Европа. Ним најпрво им се обраќа и со Послание. Двојно првенство: и со збор и со писмо ‒ и со проповед и со послание... Неговите две првонапишани книги во Библијата ги упатил и двете во Македонија. ...