Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА
Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција. Затоа Христос и вели: „Со каков суд судите, со таков ќе бидете судени“ (Матеј 7, 2). Живееме како одвај да чекаме некој од оние што ѝ сметаат на нашата суета нешто да згреши.