За значењето на празникот „Воведение на Пресвета Богородица“
Литургиската символика ни покажува дека врз Богородица се исполниле сите претскажувања на пророците и дека таа со своето влегување во ерусалимската Светиња на Светињите осветила сѐ, облагодатувајќи и обожувајќи ја паднатата природа на земните. Нејзиниот живот во храмот, живот во молитва и подвиг на трудољубие, го исполнил со благодат нејзиниот дух, кој сѐ повеќе и повеќе растел