логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Господ доаѓа

                „Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Но, наскоро на ова ќе му дојде крајот! И вие ќе бидете сведоци на тоа!“
За животот и смртта на старецот Гаврил, неговите поуки и чуда, зборува Зураб Георгијевич Варази, лекар-хирург, претседател на Одделението за социјални прашања на Грузиската патријаршија, којшто бил и личен лекар на старецот Гаврил.

Смрт – тоа е само миг
                 Врз себе ја имам искусено прозорливоста на отец Гаврило. Едно утро добив некое задушување и болки во пределот на срцето. Кога болката помина, кинисав кај старецот. Ме погледна и рече: „Сите вие се плашите од смртта! Смрт – тоа е ништо, тоа е само миг, премин во вечниот живот. Човек не успева ниту очите да ги затвори, а веќе му се отвораат духовните очи и го гледа своето тело и помислува – зошто и би бил во телото, толку е добро без него!“
Му одговорив: „Видов толку смрт во својот живот, што воопшто немам страв од тоа.“ Се насмеа и ми рече: „А знаеш ли дека со едната нога веќе си таму?“ Затреперив: „Вие нешто имате забележано?“ „Ете гледаш“, се насмевна старецот, „ти се исплаши. Човекот што ќе стори добро, со тоа е за еден чекор поблиску до Господа, а оној што чини зло, оди чекор наназад. Целиот живот ние се качуваме и се спуштаме. Живејте на начин кој секогаш би ве приближувал кон Бога“.

Господ доаѓа
                    Секогаш сум мислел дека отец Гаврило има некое духовно образование, беше толку мудар. Но, тој немаше завршено ниту пет одделенија – како можеше толку да знае!? Еднаш лежеше и разговараше со нас и ние бевме многу среќни затоа што разговараме со него. Наеднаш замолкна, стана и ги крена рацете кон иконата на Спасителот и лицето му се промени. Ми се чинеше дека не е присутен.
Ја прашав матушка (мајка) што се случува со него, а таа ми рече да молчам. Старецот така стоеше некои петнаесетина минути, гледаше во иконата, а потоа се прекрсти и рече: „Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Не, наскоро на ова ќе му дојде крајот. И вие ќе бидете сведоци на тоа“!
Се прашувавме што беше видел старецот, а тој продолжи: „Најважно е да се исполнуваат Божјите заповеди. Љубете се едни со други, љубете ги ближните! А јас вашата љубов ќе му ја принесам на Бога“.

Чудо
              Неколку дена пред смртта на старецот Гаврило, решив да земам крв за анализа. Кога му го реков тоа, ме праша за што ми треба тоа. Му објаснив дека треба да го проверам хемоглобинот и да направам уште некои анализи. Тој одговори: „Не, тоа не е потребно. Мене не ме интересира тој ваш хемоглобин!“ Го фатив за рака и реков дека Бог ќе ме казни доколку му се случи нешто. Барав тоа да го сторам. „Ако Бог ќе те казни заради тоа, еве, земи колку сакаш!“, рече старецот. Земав крв и не ни насетував дека ќе се случи чудо.
             Обично за наод земаме околу 10 мл крв. Мојот колега зема примерок и го однесе во Тбилиси. Меѓутоа, шишенцето му паднало и крвта се истурила , а внатре останале околу 2 мл крв. Во лабораторијата ме уверија дека тоа е доволно и ја зедоа крвта на анализа.
Следниот ден отецот имаше проблеми со килата и јас се обидов тоа да го средам, но таа пак се поврати. Го убедувавме да се оперира. Одби велејќи: „Со дванаесет години тргнав по Твојот пат, Господе, изморен сум! Земи ја мојата грешна душа, не можам повеќе!“ Реков дека сè што е потребно ќе донесам во ќелијата  и дека тука ќе го оперирам. Тој се заблагодари и рече дека не сака. Си отидов со мрачни мисли: евтаназијата е грев, но, но кога нема да помогнеш на човек и тоа исто така е „евтаназија“.
           На враќање дојдов кај патријархот Илија. За сè подробно ме испита и ме благослови да не правиме ништо, според желбата на старецот, зашто ако се случи да не преживее, тоа нема да биде моја вина, туку Божја волја, а и самиот старец рекол дека е изморен.
Наскоро ми јавија дека старецот Гаврило е во тешка состојба. Кога стигнав, старецот лежеше и ја посматраше иконата на свети Николај Чудотворец, не симнувајќи го погледот од неа. Го прашав дали нешто го вознемирило. Ништо не ми одговори. Вечерта дојде владиката Данило и прочита молитва за исход на душата. Кога ја заврши молитвата, отец Гаврило се насмевна, телото му затрепери и срцето престана да чука. Замина.
                   Неколку години подоцна, ме викна еден колега и рече дека нешто средувале во лабораторијата и дека го нашол шишенцето во кое била крвта на старецот Гаврило, земена четири години порано. Ми рече: „Знаеш, таа крв... таа крв е како свежа!“ Сакав тоа да го видам. Навистина, крвта изгледаше свежа, не се згрутчила, инкрустирала, не се разложила. Земав една капка во шприц, направив размаска и ја однесов во лабораторија. Анализата покажа дека сè е нормално!
                      Кога им рековме дека крвта стои во шишенцето четири години, не ни поверуваа. Ни самите не знаевме на што сме наишле. Го однесовме примерокот на началничката на катедрата за патологија. Таа го виде и рече дека никогаш во животот такво нешто не видела. Предложи да го дадеме анонимно примерокот на Институтот за трансфузија на крв, да видиме што ќе кажат тие. И од таму стигна ист одговор – сè е нормално, само незначително смалена големината на крвните зрнца.
                       Отидов кај патријархот и му реков што се случило со крвта на старецот Гаврило. Патријархот не сакаше да брза. Рече уште малку да се почека со наодите. „Бог ќе знае што е тоа. Немојте да ја фрлите таа крв, ставете ја во земјата каде што е погребан и упокоениот“. Така и сторивме. Го закопавме шишенцето во гробот на старецот Гаврило. Таму веќе се случувале чуда и луѓе доаѓале од сите краеви на Грузија, однесувајќи со себе осветено масло и земја од гробот на старецот.



Господ никогаш нема да ве остави
                     Отец Гаврило ни има раскажувано како станал познат во Грузија, кога во 1965 година, за време на прогонот од страна на комунистите, го запалил Лениновиот портрет. Го запалил, изговарајќи: „Господе Исусе Христе, доаѓам кај Тебе!“
„Ме одведоа во полиција, ми ги одзедоа иконите. Сакав да се помолам и гледам метла во аголот. Го скршив стапот од метлата, направив крст, го ставив во аголот и почнав да се молам. Кога чуварот го виде тоа, влезе и ми го однесе крстот. Се налутив, ги раширив рацете и реков – Јас сум крст! Ми рече дека сум луд.
Ме пратија во психијатриска болница. Дојдоа да ме истрижат и избричат. Им реков дека сум монах. „Ти си народен непријател“, ми рекоа и еден од нив појде кон мене. Во тој момент се помолив „Мајчице Богородице, како е твојата волја, така нека биде!“ Одеднаш на човекот му се вкочани раката. Другиот ја зема машинката и рече дека тој ќе ме истриже. Се наведна кон мене и се вкочани во таа положба. Така јас сепак останав неизбричен и неистрижен!“
Интересно е дека на картонот на старецот бил впишан бројот 666 (го видов со свои очи!). Наскоро го пуштиле, како што и самиот предвидел, велејќи:„ За седум дена и седум саати, ќе дојдат архангелите Михаил и Гаврил и ќе ме ослободат“. Баќушка потоа често говорел: „Господ никогаш нема да ве остави! Може да ве гонат, но Бог секогаш ќе биде со вас!“

Какви птици сме – таков ни е и кафезот
                Еднаш го прашав о. Гаврило: „Оче, ете, Вие се молите за оние на власт. Но, ако јас не го сакам претседателот, мојата молитва ќе биде неискрена?“
Се насмевна: „Кој во твојата куќа е најмал и најсакан?“ Реков дека тоа е мојот син, Николај. „Се молиш ли за него?“, праша. Реков дека се молам. Ме праша дали се молам и за родителите, за соседите, за сите добри луѓе. Одговорив потврдно. „Како не ти е срам! За сите се молиш, а не сакаш за претседателот! Секогаш ќе биде искрена твојата молитва, ако таа гласи: Боже, исполни го неговото срце со добрина, а умот со мудрост! Моли се со таа молитва и ќе имате добар претседател. Сите вие сакате застапничка да ви биде светата царица Тамара, а заштитник свети Николај. Нема да може – какви птици сме – таков ни е и кафезот. Искрено молете му се на Бога и тој ќе ви го даде само најдоброто!“ Таков беше нашиот свет старец.

 

 

 

 



Извор: „Православље живот вечни“
http://www.prijateljboziji.com/_Gospod-dolazi/29610.html
Превод од српски: Мирјана Даниловска - Мина

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная