ВО ПЕШТЕРАТА НА СВ. ИЛИЈА
На патот од Ерусалим кон Ерихон, помеѓу планините лежи пустината Хозев. Помеѓу голите пустински ридови денес се наоѓа Хозевитскиот манастир кој наликува на оаза среде пустина. Веднаш над манастирот се наоѓа и пештерата во која некое време живеел свети Илија.