СТРАВОТ ГО РАЃА НАЈГОЛЕМИОТ НЕУСПЕХ
Затоа и се каеме, затоа и се исповедаме и бараме прошка, затоа што се надеваме.
Се надеваме на Неговата милост, која го постави разбојникот прв во Рајот, која ја направи блудницата преподобна подвижничка, која го направи гонителот на христијаните првоврховен апостол, која го направи митарот - евангелист, која го прави секој човек богочовек по благодат.