Богослужењето како икона на Царството Небесно
Од најраното време на христијанството Светата Евхаристија е појмувана како вистинско Христово присуство на земјата се до Неговото второ славно доаѓање. Исклучително е важно да се има на ум дека свештенодејствувањето на Божествената Литургија не е прост комеморативен настан во кој се опоменуваме за нешто што било во минатото и што во краен случај имало малку или нималку врска со нас