Игумен Никон Воробјов: Бог го посетува човекот со болест поради негово спасение
Потребно било некое моќно средство, за да те врати од погибелниот пат. Господ бил принуден тоа средство да ти го прати во вид на болест. Затоа немој да негодуваш на Бога, не бегај со духот, но благодари Му на Бога за милоста кон тебе и грижата за твоето спасение. Во Зборовите Божји (Светото Писмо) се вели: „Господ го сака секого, иако го кара, и го подучува секој син што го прима“. И така ти си му мил на Бога, не навредувај Го со својата неблагодарност и нарушување на Неговите свети заповеди.
Митрополит Атанасиј Лимасолски: Широкото срце на Православието – II дел
Несовршениот, злобниот, незадоволниот човек е агресивен и затоа чувствува несигурност, чувствува дека верата му е во опасност. Зошто твојата вера да е во опасност? Ти дали си Му адвокат на Бога? Ти ли ќе Го заштитуваш Бога?