Св.Јован Касијан Римјанин: Преглед на духовната борба(2)
За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала сѐ посилна и потрпелива – не паѓала под ударот на силните искушенија.