Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.
Архимандрит Андреј Конанос: Ќе страдаме, сѐ додека не се смириме – II дел
Многу жени, а и мажи, за време на исповед велат: „Кога сум сам дома ми е многу убаво, ниту се гневам, ниту се нервирам, имам желба да се молам. Но, кога децата ќе влезат и ќе започнат со викање или мажот ми ќе се врати од работа, тогаш не знам што ми станува, нешто ме обзема!“ Не те обзема – си го имал, сега само излегло на површината. Тоа треба да